HT-G700

Опкружувачки звук како во кино и јасен дијалог

Овој 3.1-кан. звучник во вид на лента со Dolby Atmos®/ DTS:X™ нуди спој од моќен и прекрасен опкружувачки звук со кристално јасни дијалози за да уживате максимално во вашите омилени серии и филмови.

Слушајте звук од сите правци со опкружувачкиот звук со 7.1.2 канали

Vertical Surround Engine ви овозможува да уживате во возбудливиот звук на најновите формати на звук како во кино, како Dolby Atmos®/ DTS:X™, преку тенок уред. Неговите три предни звучници, заедно со уникатната обработка на сигнали од Sony, создаваат „вертикален“ звук со што се добива виртуелен опкружувачки звук што доаѓа кон вас од сите страни.

Илустрација за вертикален звук
Уживајте во звук одозгора 

Благодарение на технологијата за виртуелен опкружувачки звук на Sony, звучникот во вид на лента може да го позиционира звукот вертикално за да може да уживате во 3D звук без потреба од звучници во таванот или звучници насочени нагоре. Како и Dolby Atmos и DTS:X, технологијата Vertical Surround Engine нуди пореален, повеќедимензионален звук и за другите формати.

Илустрација за опкружувачки звук
Опкружувачки звук на едноставен начин

Со помош само на предните звучници, уникатната дигитална технологија за обработка на звучно поле на Sony виртуелно го репродуцира звучното поле на опкружувачкиот звук, при што звукот излегува од двете страни. Нема потреба да додавате задни звучници, што значи дека може да уживате во богат опкружувачки звук како во кино сала, без да правите неред во вашата соба.

Уживајте во сите филмови како во кино со 7.1.2-кан. звук

Во модерните кино сали има звучници насекаде околу вас, секој со посебно прилагоден звук, за да создадат прекрасно доживување со опкружувачки звук. Притиснете го копчето Immersive AE (подобрување на звук) и HT-G700 ќе го подобри дури и стандардниот стерео звук до 7.1.2-кан. опкружувачки звук за сите серии и филмови да добијат опкружувачки звук.

Централен звучник за јасен дијалог

Со наменскиот централен звучник ќе ги слушате гласовите јасно, без разлика дали се работи за брз дијалог од омилените серии или шепотење во холивудските филмови. Одличен е и за музика бидејќи создава звук со врвни детали.

Звук со богат и моќен бас

Моќниот безжичен сабвуфер создава звук со подлабок и побогат бас, а благодарение на лесното безжично поврзување може да го поставите каде што сакате.

Изберете ги совршените поставки

Копче за секој звук - изберете го тоа што е соодветно за содржините што ги гледате или слушате. Изберете некој од режимите за автоматски звук, стандарден опкружувачки звук, кино, музика, ноќен и глас и контролирајте го сабвуферот за да го прилагодите доживувањето при гледањето.

Режим за кино
Режим за кино

Чувствувајте и слушајте ги сите случувања околу вас додека звукот минува зад вас и ве задлабочува во филмот.

Режим за музика
Режим за музика

Слушнете ја живописноста и убавината на вашата омилена музика со врвни детали.

Режим на говор
Режим на говор

Независно дали слушате утрински вести или финалето на сезоната, овој режим ќе ги прилагоди поставките за звук за да го нагласи говорот и да ги слушнете сите зборови.

Ноќен режим
Ноќен режим

Гледате филм навечер? Оваа функција ја оптимизира рамнотежата на звукот за да можете јасно да слушнете сè, дури и при мала јачина на звукот.

Едноставно поврзување

Поврзете компатибилен телевизор или уред безжично преку технологијата Bluetooth® или искористете го HDMI eARC/ARC или оптичкиот дигитален влез за да добиете звук со максимален опсег.

Лого за Bluetooth®
Проследувајте преку Bluetooth®

Проследувајте музика безжично преку технологијата Bluetooth®.

Семејство во дневна соба со HT-G700
Искористете го вашето време максимално

Гледање филм. Гледање серии. Слушање музика. Навивање за омилениот тим. Без разлика во што сакате да уживате со семејството, звучниците во вид на лента од Sony ќе го направат тоа доживување позабавно. Искористете го вашето време за одлична забава.

Спецификации и функции

Уживајте во телевизија и филмови со моќен и динамички опкружувачки звук. Звучникот во вид на лента со Dolby Atmos® е стилски и практичен за користење и нуди наменски централен звучник за појасни дијалози.
  • 3.1 канали со Dolby Atmos/DTS:X и Vertical Surround Engine

  • AE го подобрува звукот приближно до 7.1.2-кан. звук

  • Централен звучник за појасен дијалог

  • Безжичен сабвуфер за звук со моќен бас

  • Режими за звук што ги подобруваат филмовите и музиката

Излезна моќност (вкупна)
400W
Канали на засилувач
3.1-кан.
ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д) 
980 x 64 x 108 мм
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина