2.1-кан. звучник во вид на лента со Wi-Fi/Bluetooth® технологија
Уживајте во сите омилени емисии, филмови и песни со кристално чист звук користејќи го овој звучник во вид на лента што нуди проследување. Виртуелниот опкружувачки звук создава кино доживување за секоја песна.
Внесете реалистичност во вашата музика и филмови со јачина и јасност какви што заслужуваат, благодарение на номиналната излезна моќност од 350 W.
Звучниците на двата краја на звучникот во вид на лента нудат прецизен звук и јасни средни и високи фреквенции, а безжичниот сабвуфер репродуцира ниски тонови.
S-Force PRO преден опкружувачки звук
Нашата технологија за виртуелен опкружувачки звук ве пренесува во филмовите што ги сакате преку симулација на опкружувачки звук како во кино.
Уживајте во најквалитетен звук и слика преку HDMI врска со голем пропусен опсег.
4K HDR сигналот нуди исклучителни детали, бои и контраст, со многу поголем опсег на светлина од другите видео формати.
HT-CT800 е компатибилен со заштитата од копирање HDCP 2.2, така што ќе бидете подготвени за идните 4K формати.
HDMI ARC (повратен аудио канал) ви овозможува да се поврзете со вашиот телевизор користејќи само еден кабел, а 3-те HDMI влезови ви нудат флексибилност за поврзување повеќе уреди.
Полнете повеќе уреди и пристапувајте до музиката во нив преку USB приклучок.
Уживајте во јасен и реалистичен звук со форматот за компресија без загуби Dolby® TrueHD.
Внесете реалистичност во филмовите и музиката со динамичен опкружувачки звук благодарение на форматот DTS-HD.
Безжично проследување на сите вашите омилени песни и листи за репродукција со технологијата Bluetooth® и LDAC.
LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, за врвно уживање во безжичното слушање.
Проследувајте музика низ целиот дом со Sony | Music Center
Слушајте ја истата прекрасна песна низ целиот дом со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата Sony | Music Center (претходно наречена SongPal). Користете ја апликацијата Sony | Music Center за да групирате одредени звучници во вид на лента и безжични звучници од Sony, а потоа проследувајте од омилената услуга за музика или од телевизорот преку HDMI, оптички или аналоген приклучок.
Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на вградениот Chromecast (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.
Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Проследувајте музика, podcast содржини и радио преку повеќе од 100 аудио апликации, вклучувајќи го Google Play™ Music и многу повеќе.
Погледнете го во акција
Продолжете да слушате од последната песна што сте ја слушале на вашата сметка на Spotify. Притиснете го копчето за услуги за музика за да го вклучите уредот и да почнете да слушате.
Тенката рамка на HT-CT800 се вклопува беспрекорно во вашиот систем за домашно кино и може да се монтира на ѕид или да се стави врз држачот на телевизорот.
Кога е монтиран на ѕид, контурите на звучникот во вид на лента го надополнуваат дизајнот на вашиот телевизор.
Тенкиот дизајн нема да ви пречи при гледањето и секогаш ќе ја гледате целосната слика.
Засилете ги сите бас тонови со моќен надворешен сабвуфер. Тој е безжичен и може да го ставите каде што ќе посакате, за да добиете максимална јачина.