Големина и тежина

ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д) 
900 x 52 x 121
ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ 
2,2 кг
ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д) 
170 x 342 x 362
ТЕЖИНА НА САБВУФЕР 
6,5 кг

Засилувач

A / V синхронизација
Не
Канали на засилувач
2.1кан.
S-Force PRO Front Surround
Да (S-Force)
LPCM (2-КАН. / 5.1-КАН. / 7.1-КАН.) преку HDMI®
Да / Не / Не
Излезна моќност (вкупна)
300W

Сабвуфер

Вид на сабвуфер
Безжичен сабвуфер

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Оптички влез, аналоген влез, USB
Bluetooth®
AAC; SBC
HDMI излез(ARC)
1

Аудио формати

LPCM
Да
PCM
Да
DTS®
DTS®
Dolby®
Dolby® Digital, Dolby® Dual моно

Функција за звук

Режим на звук
ClearAudio+, Игри, спорт, Музика, Стандардно, Филм
Звучен ефект
Да

Видео карактеристики

BRAVIA Sync (CEC контрола)
Да

Детали

Потрошувачка на енергија
ЗВУЧНИК: 45 W / САБВУФЕР: 20 W
Далечински управувач
Да
Поставување на ѕид
Да

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
SA-CT390 (Активен звучник) 0,3W; SA-WCT390 (Активен звучник) 0,2W;
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
2,2 W (Bluetooth®) / 2,2 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 20 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 20 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
[MENU-BT-BTSB-ON/OFF]:[MENU-BT-BTSB-ON/OFF]

Еквалајзер

Функција Voice Up
Да

Што има во пакетот

  • Подножје
  • Оптички кабел
  • Носач за монтажа на ѕид
  • Batteries
Placeholder

Функции

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови

Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален звучник во вид на лента. Двата звучника се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а безжичниот сабвуфер го засилува басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

S-Force Front Surround како во кино

Прекрасно доживување со виртуелен опкружувачки звук. S-Force Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

ClearAudio+ ја збогатува вашата музика

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, без разлика каква музика ви се допаѓа.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук

Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

Безжично проследување со Bluetooth®

Безжично проследување на звук од вашите омилени песни и апликации со Bluetooth®. Откако ќе го впарите со кој било паметен телефон или таблет-уред, ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред. 

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

NFC со еден допир за брзо поврзување

Благодарение на технологијата NFC (поле за комуникации во близина), сложените поставувања се дел од минатото. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете ја ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на содржини преку Bluetooth®. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

Поедноставете го вашиот систем со HDMI ARC излезот

HDMI ARC (повратен аудио канал) значи дека звукот се враќа назад до звучникот во вид на лента од компатибилните телевизори, без потреба од дополнителен аудио кабел. Секој уред кој е поврзан со вашиот телевизор сега може да се слуша преку звучникот во вид на лента, така што звукот на секоја содржина ќе биде со висок квалитет.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

Обединете ја вашата музика со SongPal

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот паметен телефон, таблет-уред или омилената онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.

Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија

Безжичен вуфер за флексибилно поставување

Надополнете ги филмовите со богат и моќен бас. Позиционирајте го безжичниот сабвуфер од 15 см (6”) каде било во просторијата за да уживате во богат и извонреден бас со прецизни ниски тонови, благодарение на цевката за рефлективен бас. Компактен и стилски црн уред кој се вклопува во секој ентериер.