Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија
Слика од 2.1-кан. звучник во вид на лента со Bluetooth® технологија
Тенок дизајн, звук кој ја исполнува просторијата

2.1-кан. звучник во вид на лента за екрани поголеми од 101,6 см (40”)

Дизајниран за совршено поставување под екрани со средна големина на полица или на ѕид, со овој тенок звучник во вид на лента со висина од 5,1 см (2”) ќе можете да уживате во приказ на цел екран без пречки. Двата стерео звучници во комбинација со безжичниот сабвуфер нудат звук со целосен опсег кој ја исполнува просторијата при секој филм.

Излезна моќност
Моќен звук

Слушајте повеќе детали со моќниот 2.1-кан. систем на звучници од 300W со безжичен сабвуфер.

Проследување на 4K
Компатибилност со 4K

Подготвени сте за гледање 4K Ultra HD содржини – функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ звучникот во вид на лента, без намалување на квалитетот на сликата.

звучници во вид на ленти со Bluetooth®
Преминете на безжична врска

Проследувајте музика безжично од паметни телефони и таблет-уреди користејќи ја функцијата за слушање со еден допир со NFC преку Bluetooth®.

Прекрасен звук за вашите филмови

Слушајте повеќе од сè што гледате. Двата стерео звучници во комбинација со безжичниот сабвуфер нудат прекрасен звук со целосен опсег, а дифузерите на звучникот ги филтрираат високите фреквенции за рамномерна дистрибуција на звукот во просторијата.

Dolby® True HD

Уживајте во HD филмовите со јасен и реалистичен опкружувачки звук.

DTS®-HD Master Audio

Внесете реалистичност во филмовите и музиката со прецизноста на оригиналната снимка.

S-Force PRO преден опкружувачки звук
Слушајте реалистична музичка сцена

S-Force PRO Front Surround Sound

Технологијата за прекрасен опкружувачки звук симулира природни тродимензионални звучни полиња за да уживате во богат и реалистичен звук низ широка област за слушање.

S-Master засилувач
Музика која е верна на оригиналот

Со обновување и оптимизирање на аудио сигналите, дигиталниот засилувач S-Master ги изострува и збогатува дијалозите, музиката и амбиенталниот звук од секој извор.

ClearAudio+
Оптимизирана репродукција

Користејќи повеќе технологии за звук од Sony, ClearAudio+ го оптимизира звукот за да слушате музика, дијалози и звучни ефекти со поголема острина и отсечност.

Создаден да одговара на вашиот телевизор

Тенок звучник во вид на лента за екрани поголеми од 101,6 см (40”)

Со висина од само 5,1 см (2”), овој тенок звучник во вид на лента се поставува дискретно под вашиот телевизор за да ви овозможи да ја видите целата слика. Впарете го HT-CT381 со кој било телевизор со големина од 127 см (50”), 114,3 см (45”) или 101,6 см (40”) за да внесете звук кој ја исполнува просторијата во вашиот систем за домашно кино.

Ваш звук. На ваш начин.
Поставување на маса
Ставете го под екранот

Позиционирајте го звучникот во вид на лента на полицата под вашиот телевизор и уживајте во звук кој се проектира на идеална висина доколку гледате од кауч.

Поставување на ѕид
Монтирање на ѕид

Звукот се насочува директно кон Вас од двата звучници насочени нанапред, за да уживате во прекрасно доживување како во кино.

Безжична слобода

И во вертикална и во хоризонтална положба, безжичниот сабвуфер од 34,2 см (13,5”) x 17 см (6,7”) со звук кој е насочен кон Вас обезбедува богат, резонантен бас, така што можете да го сместите звучникот каде било без компромиси во звукот.

Безжичен сабвуфер
NFC Bluetooth®
Беспрекорно проследување

Едноставно допрете одредени паметни телефони или таблет-уреди со NFC до звучникот во вид на лента за да воспоставите Bluetooth® врска. Немате NFC? Нема проблем – проследувајте музика безжично со рачно впарување преку Bluetooth®.

Обединете ја вашата музика

Едноставна контрола на проследувањето со новата апликација SongPal

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Проследување на 4K
Подготвен за 4K

Поддржано 4K проследување

4K квалитет од изворот до екранот. Поврзете 4K уред со HT-CT381 за директен пренос на податоците од звучникот во вид на лента до вашиот ТВ без намалување на квалитетот на сликата, за да уживате во богати слики со звук кој ја исполнува просторијата.

Спецификации и функции

Дизајниран за совршено поставување под телевизор на полица или на ѕид, со овој елегантен звучник во вид на лента од 5,1 см (2”) ќе можете да уживате во приказ на цел екран без пречки. 2-системските звучници и безжичниот сабвуфер во комбинација нудат широко звучно поле преку 2.1 канали за добивање звук кој ја исполнува просторијата при секој филм.
  • S-Master дигитален засилувач за чист и квалитетен звук

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+ 

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® и безжично проследување на звук преку NFC со еден допир

  • S-Force PRO Front Surround создава звук како во кино

  • Проследувајте и контролирајте преку вашиот паметен телефон со SongPal

ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д) 
90 x 5,1 x 11,7 см
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина