Апликација за мобилни телефони
Апликацијата овозможува автоматско префрлување на сликите додека фотографирате со опцијата „Автоматски пренос во заднина кон паметен телефон“ преку Wi-Fi® за лесно и брзо споделување на SNS. Може да испраќате 4K-видео од кон мобилниот уред, далечински да ја прегледувате сликата во живо од фотоапаратот и да додавате податоци за локација во сликите.
Апликација за десктоп компјутери
Апликација што ќе ви го олесни поврзувањето со вашите фотоапарати од Sony како висококвалитетни веб камери за проследување во живо или веб конференции.
Апликации за десктоп компјутери
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Создавајте и извезувајте IPTC-метаподатоци за α9, за автоматски да ги означувате вашите слики со авторски права и други информации за време на снимањето.
Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.
Лесно префрлувајте фотографии и видеоснимки во вашиот Mac® или компјутер и користете алатки за лесно уредување и споделување што максимално ќе ги разубават вашите слики.
Создавајте и споделувајте видеоснимки со овој бесплатен софтвер. Забавеното движење, приказот на GPS-податоци и уредувањето содржини ви овозможуваат да бидете главен лик во вашите ремек-дела.
„MVR studio“ овозможува увезување и лесно уредување на звуци и слики снимени со музичкиот видеорекордер HDR-MV1. Подобрете го звукот со аудио ефекти и уредување на брановите форми, а потоа споделете ги на YouTube.