Со нашите најдобри слушалки со поништување шум, ќе ја слушате само вашата музика. Од ушни влошки кои го поништуваат шумот до слушалки со лента за на глава и Bluetooth® за безжично проследување, ви нудиме различни стилови за вашите потреби.
Претворете ја секоја песна во прекрасно доживување со слушалките со поништување шум. Елиминирајќи до 99,7% од амбиенталниот шум, може да се задлабочите во музиката – деталите се извонредни, ритамите се помоќни и вокалите добиваат нова енергија. Чекате повик? Исклучете го поништувањето шум и слушајте сè околу вас.
Подобрете ја вашата музика со слушалки со поништување на шум и најнова технологија за звук од Sony. Нашите слушалки со широк фреквентен опсег и моќни неодимиумски звучници овозможуваат реалистична репродукција за неверојатно доживување при слушањето.
Слушајте музика во потполна удобност со нашите слушалки со поништување на шум. Лентите за на глава со елегантен стил во повеќе бои имаат обложени ушни перничиња и се преклопуваат за едноставно складирање. Силиконски ушни влошки во три големини.
Со одредени модели чија батерија трае до 80 часа со едно полнење бидете сигурни дека нашите слушалки ќе ги задоволат вашите потреби. Кога треба да ги полните слушалките, поврзете ги со USB полначот и за неколку часа може да продолжите со користењето.