XS-162ES

Подобрете го вашиот звук

Компонентниот звучник XS-162ES од 6,5" (16 см) нуди неверојатна острина и имагинација при слушањето во вашиот автомобил. Одново дефинирајте го слушањето со иновативните звучници Mobile ES.

СЕРИЈА MOBILE ES™

XS-162ES | 2-системски компонентни звучници Mobile ES™ од 6 ½" (16 см)

XS-162ES
Црни звучници XS-162ES
Лого mobile ES
Дознајте повеќе за нашата страст и беспрекорна технологија.
Добитник на награда 
Вуфер со лесна и цврста матрица со целуларна структура од влакна од арамид

Мембраната на главниот звучник на XS-162ES е изработена од уникатниот, лесен и цврст целуларен материјал на Sony, порано познат како MRC. Најновата генерација на ова соединение е дополнително оптимизирана, а направени се и подобрувања на механичкиот дел на звучникот, за да се добие поширок фреквентен опсег и појасен и поприроден звук.

Слика од звучникот XS-162ES од 6,5", гледан директно од горната страна
Слика одблиску од влакната од арамид вградени во звучникот XS-162ES од 6,5"
Оптимална формулација

Вградувањето во уникатна матрица со влакна од арамид ја елиминира резонансата од мембраната и го намалува изобличувањето, не само кај ниските тонови, туку и кај средните и високите фреквенции. Резултатот е звук кој е моќен на сите фреквенции и е неверојатно чист, дури и при силна јачина на звукот.

Производ со можност за Bi-amp со избор на засилувањето

Производот од аудиофилска класа содржи оптимален фолиски кондензатор со мал отпор за врвен квалитет. Дизајнот со можност за bi-amp го намалува моменталното изобличување кон високотонецот кога се врши репродукција на вуферот со високи влезни нивоа. Изборот на засилувањето помага во одржувањето рамнотежа помеѓу вуферот и сигналните нивоа на високотонецот и овозможува прилагодување на нивото на високотонецот дури и кога се ракува со компонентите од еден засилувач.

Одделен опкружувачки обрач

Опкружувачкиот звук на вуферот содржи уште една ексклузивна технологија на Sony, со препознатливи заоблени делови кои ја подобруваат симетријата на вертикалната амплитуда, за драстично намалено изобличување и подобрена острина.

Слика од звучникот XS-162ES од 6,5" во обратна ориентација, со проток на воздух од системот за ладење
Рамка со пет столбови и динамичен дифузер на воздухот

Дизајнот на рамката со пет столбови ја распространува резонансата, додека интегрираниот динамичен дифузер на воздухот овозможува ефикасен проток на воздухот за рамномерен пат преку конусот и ладење на звучната намотка.

Високотонци за доловување на високите ноти

Компатибилна со звукот со висока резолуција, мембраната со мека купола на високотонецот е директно прикачена на звучната намотка, изработена да ги опфати највисоките фреквенции на вашата музика, со фреквентен опсег до 40kHz.

Слика од високотонецот во звучникот XS-162ES од 6,5"
Спојна мембрана со прогресивна висина

Спојната мембрана со акустична оптимизација овозможува звук со голема приемна моќност и проток на воздух, со профил дизајниран за побрзо и попрецизно обложување на конусот на звучникот.

Фазен чеп

Фазниот чеп за придушување на резонансата на вуферот XS-162ES помага во реализирање на идеалниот фреквентен одзив, сè до точката на преклопување со соодветните високотонци. Издржливото алиминиумско јадро и динамичниот дифузер на воздух му даваат дополнителна поддршка на широкиот фреквентен одзив на звучникот, за контролиран и динамичен бас.

 Отсечена слика од структурата

Откријте ја структурата на звучникот Mobile ES, вклучувајќи ги новите механички пристапи како одделниот опкружувачки обрач, дизајнот на рамката со пет столбови и динамичниот дифузер на воздухот. 

Серија Mobile ES

Уживајте во одлична забава во автомобилот

Дизајнирани за врвно задоволство при слушањето додека возите, производите од серијата Mobile ES ви го нудат најдоброто од музиката и опциите за поврзување, за да уживате при возењето како никогаш досега.

Спецификации и функции

Користете ги 2-системските компонентни звучници XS-162ES кои се компатибилни со звук со висока резолуција, за најдобар стерео звук на вашата контролна табла. Благодарение на вуферот со лесна и цврста целуларна структура кој овозможува прецизен и реалистичен бас и чисти средни тонови, надополнет со рамномерните високи тонови од високотонецот со мека купола, ќе уживате во чистите вокали и деталните инструменти, каде и да одите.
  • Вуфер со лесна и цврста матрица со целуларна структура од влакна од арамид, за моќен и прецизен бас

  • Високотонецот со купола од мека компонента ги опфаќа високите тонови до 40kHz

  • Одделен опкружувачки обрач за помало изобличување и почист звук

  • Дизајнот на рамката со пет столбови го распространува звукот

  • Динамичниот дифузер на воздух овозможува ефикасен проток на воздухот за рамномерен пат преку конусот и ладење

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина