Усовршена реалност

Ние сме посветени во дизајнирањето телевизори што ја отсликуваат замислата на креаторот. Телевизорите MASTER Series ги исполнуваат критериумите на нашите инженери и реално ги прикажуваат сликите. Креаторите можат да бидат креативни и да видат како нивната визија се репродуцира во домот. 

Дознајте зошто режисерите се возбудени за MASTER Series

Погледнете колку се воодушевија режисерот и продуцентите на Џуманџи: следното ниво од MASTER Series кога видоа колку реалистично се репродуцираат сликите и звукот од нивниот филм.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Jake Kasdan
„Спектакуларно. Кога видов како изгледа сликата, се воодушевив.“

Jake Kasdan
Режисер

Matt Tolmach
„Сликата е прецизна и живописна! А звукот излегува од екранот.“

Matt Tolmach
Продуцент

Hiram Garcia
„Прв производ што може да го прикаже тоа што сакавме да го види публиката.“

Hiram Garcia
Продуцент

Ги инспирира креаторите на содржини со извонредни слики

Погледнете како MASTER Series им овозможува на гејмерите да уживаат во реалниот свет на Gran Turismo® преку репродукција на дискретни нијанси на бои, светлина и градации на тонови, така како што замислиле креаторите.  

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Cognitive Processor XR™

Уживајте во реален приказ на намерата на креаторите
како никогаш досега

Приказ на замислата на креаторот на најреален можен начин - тоа е нашата цел. Cognitive Processor XR™ ни помага да ја реализираме целта и максимално го искористува потенцијалот за изразување на нашите телевизори за да се доближи до намерата на режисерите како никогаш досега.

Нашите професионалци, од објективи па сè до дневната соба

Во 2000 година, нашиот тим за телевизори започна соработка со Sony Pictures Entertainment за режимот за кино - првата функција за квалитет на слика кај телевизорите за создавање домашно кино. Оттогаш работевме заедно за да стандардизираме нови формати како што се 4K и HDR, така што гледањето филмови во домот е најблиску до замислата на креаторот досега.

Професионалци од индустријата ги пофалија MASTER Series

Погледнете какви пофални зборови доби MASTER Series од врвни професионалци во филмската и телевизиската индустрија.

Иновација за гледање во домовите.
Екосистемот на Sony и Netflix.

Благодарение на технолошките напредоци, моќта на телевизијата за изразување на замислите и инспирациите на креаторите никогаш не била подобра. Како резултат на тоа, гледачите може да уживаат во најразлични содржини за забава исполнети со возбудливи и прекрасни слики во своите домови. Многу години досега, Sony и Netflix ја предводеа индустријата и ја обликуваа иднината на телевизијата и работеа директно со креаторите за да ги пренесат нивните приказни на љубителите на забава низ целиот свет. По создавање на врвните технологии како 4K и HDR, корисниците добиваат доживувања како во кино во нивните удобни дневни соби.

Потребна е претплата за проследување од Netflix

Netflix активно инвестира во создавањето оригинални програми користејќи ги најновите стандарди за видео, а заедно со Sony создаде Netflix Calibrated Mode за да го зачува квалитетот на сликата. Овој режим е специјално создаден да го репродуцира истиот квалитет на слика како главната снимка за проценка за телевизија, за да се зачува замислата и намерата на режисерот.

Вистинско партнерство

Погледнете како Netflix и Sony ја усовршиле бојата, контрастот и движењето во дневната соба со Netflix Calibrated Mode за да можете да уживате во забава како што ја замислиле креаторите.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Забава, така како што била замислена

Netflix Calibrated Mode им овозможува на корисниците да гледаат серии, филмови, документарци и други видови приказни на начинот на кој биле создадени и наменети за гледање.

Телевизија со филмски стандарди 

MASTER Series нуди квалитет на слика што е сличен на главните снимки што се користат како стандарден репер во филмските студија и може да прикажува забавни содржини на телевизорот во нивната идеална состојба. 

Возбуда како во кино кога сте во домот

Сега ентузијастите за забава го добиваат ова доживување во домот благодарение на MASTER Series кој, заедно со Netflix Calibrated Mode, верно ги репродуцира содржините со кои приказните стануваат реалност.

Усовршена калибрација за беспрекорни бои

Што ги привлекува луѓето да гледаат филмови? Креативниот процес го сочинуваат многу елементи како сценарија, обработка на сцени, уредување и градација на бои. Приказната на режисерот се реализира кога овие елементи верно ќе се репродуцираат на телевизорот за да уживате во прекрасно, емотивно и визуелно доживување. Најважна е репродукцијата на бои со која се откриваат изразите на лицата на актерите прикриени во сенка, дискретните детали при неочекуван блесок на светлина и постепените градации од темнина до светлина. MASTER Series прецизно се калибрира во фабриката за да можат еднаквоста и балансот на белата боја да ги исполнат потребите на професионалните креатори на содржини и да понудат доследни високи перформанси.

Лого за CalMAN
Зачувување на страста од креаторите на содржини

За обработка на варијантите на боите од процесот на производство, MASTER Series го поддржува софтверот Calman за автоматска калибрација со високи перформанси од Portrait Displays. Добивате врвна калибрација и детални прилагодувања што не се можни преку стандардните поставки на сликата, како и реалистична репродукција на бои што се верни на оригиналниот сигнал, а можат да се приспособат дури и при најмали промени на боите. MASTER Series им ги нуди на корисниците придобивките од софтверот Calman што го користат креаторите на видеосодржини за обработка по снимањето и работни процеси за контрола на квалитетот, што ја докажува нашата посветеност за создавање слики со прецизна калибрација на бои од професионална класа во домот.

Преземете брошура
Калибрација на BRAVIA со Calman