Од нула до бесконечност

Легендарни функции сместени во минимална форма и надминување на границите за да се открие потеклото на генијалноста.
Континуираниот предизвик за откривање на бескрајната фантазија и нејзино доловување започнува од нула.
Погледнете го светот на нов начин. Сè што ви треба е во вашите раце.
Ништо нема да ве запре да ја реализирате вашата замисла.

Важна технологија за неограничен потенцијал за обработка на слика

RX0 има извонредно компактни димензии и е составен од најсовремен објектив, сензор за слика и процесор за слика.
Тој нуди неверојатен квалитет во секакви услови. Максимални перформанси и флексибилност со минимален напор.
Ги подобрува сите аспекти што ја прават секоја слика специјална.

Внимателно изработен со растојание од 0,1 мм

Ослободете ја фантазијата и слободно истражувајте нови перспективи.
Со внатрешни механизми дизајнирани со растојание од 0,1 мм, извонредно компактниот RX0 нуди напредни функции поради кои одговара совршено за флексибилно фотографирање во сите опкружувања, самостојно или како дел од систем со повеќе фотоапарати.

Поцврста изработка за пофлексибилно фотографирање

Големата цврстина на куќиштето од дуралуминиум ја зголемува сигурноста на RX0, особено во лоши услови. Фотоапаратот го подложивме на строги и повеќекратни тестови за да утврдиме дека неговите врвни перформанси се доследни, особено при фотографирање сцени на земја, во море и во воздух што идеално прикажуваат како изгледа вистинска слобода.

Отпорност на вода

Водоотпорност
10 м/33 ft.

Водоотпорност на длабочина до 10 м/33 ft. без подводно куќиште.

Отпорност на удари

Отпорност на удари
2,0 м/6,5 ft.

Отпорност на удари при паѓање на земја од висина до 2,0 м/6,5 ft.

Отпорност на кршење

Отпорност на кршење
200 kgf /440 lbf /2000 N

Неверојатно сигурниот и цврст RX0 е отпорен на кршење со тежина до 200 kgf / 440 lbf / 2000 N.

Дизајниран според вашиот стил на фотографирање

RX0 има минимални димензии и дизајн, а сепак е неверојатно генијален и разновиден во секој поглед.

Во стил на држач

Во стил на држач

Прилагодливи агли за фотографирање и моментална конверзија во мини статив за креативно и стабилно фотографирање и снимање автопортрети.

Фотографирање со повеќе фотоапарати

Искористете ја максимално вашата креативност со повеќе фотоапарати RX0 за снимање од различни агли и перспективи - и целосно реализирање на вашата замисла.

Фотографирање со повеќе фотоапарати
Фотографирање со два фотоапарати

Фотографирање со два фотоапарати

Поврзете го RX0 со вашиот главен фотоапарат за да го синхронизирате снимањето видеоснимки или фотографии со едно притиснување на копчето за активирање на блендата. Тоа е идеално за снимање одлучувачки моменти во исто време со двата фотоапарати.