UHS-II SD-картичка од серија SF-M со спецификации TOUGH
64GB|128GB|256GB
UHS-II SD-картичка од серија SF-M со спецификации TOUGH
Ви ја претставуваме извонредно цврстата и неверојатно брза серија SF-M со спецификации TOUGH
Нашите SD-картички од серија SF-M со спецификации TOUGH се идеални за снимање во опкружувања со лоши услови. Тие се дизајнирани за професионални фотографи и сниматели, за љубители на фотографии и се доволно издржливи за најекстремно снимање. Благодарение на нивната неверојатна стабилност и голема брзина ќе добиете соодветни перформанси за да ги доловите случувањата.
Дизајнот обликуван со смола со извонредна цврстина овозможува 18 пати поголема издржливост при виткање на серијата SF-M со спецификации TOUGH отколку стандардните SD-картички. Тоа е издржливост во која може да бидете сигурни.
Нашите картички од серија SF-M со спецификации TOUGH може да се потопат во вода на длабочина до 5 метри во период до 72 часа, а отпорни се и на прав. Тоа е потполна заштита за снимање во сите услови.
Серијата SF-M со спецификации TOUGH има едноделен дизајн изработен од цврсти материјали што е отпорен на паѓање од висина до 5 метра.
Одликувајќи се со едноделен обликуван дизајн и материјали со голема издржливост, картичките од серијата SF-M со спецификации TOUGH им нудат безгрижно користење и заштита на професионалците и љубителите на фотографии, независно каде фотографираат.
Новите картички од серија SF-M со спецификации TOUGH не содржат кршливи спојни елементи и прекинувач за заштита од запишување што се присутни кај стандардните SD-картички - делови што лесно се кршат и спречуваат запишување.
Независно дали сте професионален фотограф што снима фотографии со висока резолуција, снимател што снима документарен филм во 4K или љубител на фотографии што снима пејзажи, овие мемориски картички се доволно брзи за да ги доловат сите движења. Тие нудат брзо чистење на меѓумеморијата по секвенцијално фотографирање и ефикасно префрлување содржини во компјутер.
Овие картички со голема брзина на запишување до 150 MB/s овозможуваат подолго секвенцијално фотографирање со висока резолуција, како и побрзо чистење на меѓумеморијата.
Повеќе време за фотографирање и помалку чекање при префрлување и правење резервни копии. Со извонредно големите брзини на читање до 277 MB/s може да ги префрлувате дури и најголемите датотеки во компјутер за неколку секунди.
Нашите картички од серија SF-M со спецификации TOUGH поддржуваат класа на брзина за видео V60 за стабилно снимање во 4K и снимање со висока бит-стапка. Идеални за снимање видеоснимки со висока резолуција.
Прилагодениот софтвер овозможува максимални перформанси на вашата картичка
Меморијата на SD-картичките постепено се аби и престанува да снима податоци. SD Scan Utility ја скенира меморијата на SD-картичката и ве информира за нејзината состојба за да интервенирате пред да измине работниот век. Може да се преземе бесплатно.
Не грижете се. Дури и во случај на проблем може да избегнете катастрофа со помош на софтверот што овозможува обновување на фотографии и видеоснимки што биле случајно избришани или што не може да се репродуцираат. Може да се преземе бесплатно.