Слика од SD мемориска картичка UHS-II од серија SF-M
Слика од SD мемориска картичка UHS-II од серија SF-M
Слика од SD мемориска картичка UHS-II од серија SF-M
Слика од SD мемориска картичка UHS-II од серија SF-M
SD-картичка како целосно решение

Картичките од серија M со голема брзина UHS-II нудат рамнотежа од брзина, моќ и вредност.

Мемориските картички со голема брзина од Sony нудат чистење на меѓумеморијата за кратко време помеѓу две секвенцијални фотографирања и ефикасен работен процес при префрлување содржини во компјутер. 

Ефикасност без напор

Фотографирајте и префрлувајте фотографии со висока резолуција и 4K-видео на брз и лесен начин

Брзина на пренос до 280 MB/s
Брзи и непречени преноси

Префрлувајте ги фотографиите побрзо и започнете да ги уредувате побрзо со извонредно голема брзина на читање до 277 MB/s.

Брзина на запишување до 150 MB/s за моментално доловување на случувањата
Не пропуштајте го моментот

Големата брзина на запишување до 150 MB/s овозможува пократко вчитување помеѓу секвенцијалните фотографирања, а најновата класа на брзина за видео V60 овозможува снимање видеоснимки со висока резолуција.

Потполна сигурност и поголема издржливост
Потполна сигурност и поголема издржливост 

Мемориските картички SF-M од Sony се тестирани во различни услови за фотографирање и нудат сигурни перформанси. Оваа SD-картичка со ознака IP57 е издржлива и цврста. UHS-II SD-картичката од серија SF-M е дизајнирана да не се оштети при паѓање од висина до 1,5 м, водоотпорна е до 30 мин. на длабочина до 1 м и може да се користи од -25 до +85℃ - нема да се оштети независно од временските услови.

Медиуми што се создадени да траат. 

Независно дали ви требаат неверојатни брзини на пренос или медиуми што се издржливи во тешките услови, серијата SF-M од Sony е дизајнирана како целосно решение за сите фотографи. 

Софтвер и компатибилност

Преземете ексклузивен софтвер и фотографирајте 

Софтвер и компатибилност
SD Scan Utility

Со тек на времето, SD-картичките се абат и не можат сигурно да снимаат податоци. SD Scan Utility ја скенира SD-картичката и ве известува пред да го достигне максималниот број на циклуси на запишување.(Не важи за серијата SF-M со брзина на читање од 260 MB/s.)

File Rescue
File Rescue

Само една мала грешка и можно е несакајќи да ги избришете драгоцените фотографии и датотеки. Со нашиот моќен софтвер File Rescue може брзо и лесно да ги вратите изгубените податоци. Преземете го бесплатно кога ќе купите мемориска картичка од Sony.

Голема компатибилност
Голема компатибилност 

Нашите мемориски картички со голема брзина се создадени да бидат компатибилни со уредите UHS-I и UHS-II, овозможувајќи им на сериозните фотографи и професионалци флексибилност за фотографирање со голем број моќни фотоапарати.

Спецификации и функции

Мемориските картички од серијата SF-M нудат комбинација од високи перформанси, сигурност и одлична вредност. Добијте големи брзини на пренос за фотографии со висока резолуција и ефикасни работни процеси, како и докажаната сигурност на Sony и дополнителни напредни софтверски алатки.
  • Пренос со голема брзина до 277 MB/s (читање) и 150 MB/s (запишување) за врвни перформанси и ефикасност

  • Класа на брзина за видео V60 и класа на брзина UHS 3 за стабилно снимање 4K-видео со висока бит-стапка

  • Тие се компатибилни со SD Scan Utility на Sony што го следи и ве известува за максималниот број на циклуси на запишување на картичката

  • Обновете ги избришаните или оштетените слики со софтверот File Rescue

  • Ознака IP57, голема издржливост и отпорност на надворешни услови со заштита од УВ-зраци и отпорност на прав и вода

Брзина на пренос (запишување)
До 150 MB/s (HD312), до 90 MB/s (SDR104)
Брзина на пренос (читање)
До 277 MB/s (HD312), до 95 MB/s (SDR104)
Класа на брзина
Класа 10 (SD-класа на брзина), U3 (UHS-класа на брзина), V60 (класа на брзина за видео)
Интерфејс
UHS-II

Што има во пакетот

Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина