Слика од производот CEA-M1920T
Слика од Мемориска картичка CFexpress Type A од серија CEA-M
Голем капацитет за креатори на содржини

Картичките CFexpress Type A од серијата M на Sony се наменети за креатори на содржини и имаат најголеми капацитети во светот од 1920 GB и 960 GB за долги снимања. Поддржуваат VPG200 за стабилно снимање видео со висока податочна стапка.

Слика од моторџија.
Сигурен капацитет

Зголемете ги значително вашите креативни можности со голем капацитет за безгрижно снимање. Опциите за голем капацитет од 960 GB или 1920 GB се непроценливи за видеографи кои снимаат многу часови на локација.

Слика од маж кој снима видео, држи фотоапарат во рака.
Непрекинато снимање видео

Картичките CFexpress Type A од серија M нудат континуирано запишување податоци со голем опсег на проток - идеално за снимање видео со висока бит-стапка како XAVC S-I 4K 120p. Тие поддржуваат VPG200 од VPG Profile 4.0 Specification за стабилност при снимање видео, а дисипацијата на топлина е дизајнирана за ефикасно снимање видео. Исто така, може безгрижно да складирате два до три часа видеоподатоци на локација.

Слика од човек кој уредува видеозапис по снимањето, користи компјутер и таблет-уред со пенкало.
Ефикасен работен процес

Подобрете го работниот процес со читачот за картички MRW-G2 и брзините на читање до 800 MB/s за брз пренос на податоци и правење резервни копии. Работете со големи фотографии со висока резолуција и видеоснимки со висока бит-стапка и завршувајте ги проектите брзо.

Издржлива. Сигурна. Подготвена.

Заедно со професионална опрема како што се FX6, FX3, α1, α7S III и α7 IV, мемориските картички CFexpress Type A од серија M се идеални за непредвидливоста на спортот и локациите каде што снимате или опасностите при надворешните експедиции. Дизајнирани се за долга професионална употреба во лоши услови за да можете да снимате, менувате и складирате безгрижно.

Слика од карпест рид со ледени карпи на земјата и планински врв во далечина.
За места со најтешки услови

Картичките CFexpress Type A од серија M, со уникатен дизајн TOUGH од Sony, нудат професионална сигурност. Имаат 10 пати поголема отпорност на виткање од CFexpress 2.0 Specification, со тестирање до 150 њутни за заштита на вашата картичка. Отпорноста на паѓање е 5 пати поголема од стандардите на CFexpress 2.0 Specification за да издржат паѓања од висина до 7,5 метри.

Слика од сува површина на земјата во земјени бои, со пукнатини низ целата површина.
За употреба во најлоши услови

Картичките CFexpress Type A од серија M ќе работат беспрекорно при екстремни температури, во лоши електростатички опкружувања и под силна UV-светлина или рендгенски зраци. Дизајнот на внатрешната конструкција ги исполнува предусловите за отпорност на прав IP5X и влага IP7X (IP57).

Слика од мемориска картичка со икона за лупа во зоната за приказ.
Скенирајте ја и следете ја вашата меморија

Со тек на времето, флеш меморијата се аби и престанува да снима податоци. Media Scan Utility од Sony, заедно со читачот за картички MRW-G2, ја скенира вашата картичка CFexpress Type A и ве информира за нејзината состојба за да можете да реагирате на време.

Обновете ги изгубените датотеки

Дури и во случај на проблем, избегнете катастрофа со преземање софтвер наменет за сопственици на мемориски картички од Sony што овозможува обновување на случајно избришани датотеки и оштетени фотографии и видеоснимки во различни формати.

Слика од човек кој гледа во екран на работна маса.

Спецификации и функции

Мемориските картички CFexpress Type A од серијата M на Sony нудат извонредно голем капацитет за долго снимање и VPG200 за непрекинато снимање што се непроценливи фактори за видеографите.
  • Достапни со капацитет од 960 GB и 1920 GB за долго снимање.

  • Голема брзина на запишување на VPG200 (Video Performance Guarantee), за непрекинато снимање видео

  • Максимално запишување до 700 MB/s и минимално непрекинато запишување од 200 MB/s. Брзини на читање до 800 MB/s

  • Спецификации TOUGH, ознака IP57*, за професионална сигурност

  • Компактно куќиште; димензии 20 x 28 x 2,8 мм (Ш x В x Д)

Брзина на пренос (запишување)
Максимална брзина: 700 MB/s , Минимална брзина на непрекинато запишување: 200 MB/s ,
Брзина на пренос (читање)
Максимална брзина: 800 MB/s
Интерфејс
PCI Express Gen3 x1
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина