ПРЕНОСЛИВ ПРОЕКТОР MP-CD1

Сите спецификации и функции

MP-CD1

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 83,0 мм × 16,0 мм × 150,0 мм (3 3/8 инчи × 21/32 инчи × 6 инчи) (Ш/В/Д) (без испакнати делови)
Тежина
Прибл. 280 гр. (9,9 oz.)

Екран

Големина на слика на дијагонална проекција
40 инчи при растојание за проекција од 1,15 м (3,77 ft)/макс. 120 инчи при растојание за проекција од 3,45 м (11,32 ft)
Јасност
105 лумени според ANSI
Резолуција на екран
854 × 480
Репродуцирање на бои
Сите бои (16.770.000 точки)
Сооднос на сликата
16:9
Извор на светлина
Прибл. 50.000 часови (работен век)

Општи карактеристики

Аудио излез
Приклучок за звук со Ф3,5
Сооднос на контрастот
400:1
Континуирано време на проектирање (целосно полнење)
Прибл. 120 минути (кога е целосно наполнет и без напојување)

Интерфејс

HDMI приклучок(ци)
HDMI 1.4b/MHL 1.4 (HDCP1.4)

Услови на работење

Работна температура / влажност
Од 0 °C до 35 °C (од 32 °F до 95 °F)

Моќност

Номинален излез
DC 5 V/1,5 A, 1 приклучок
Време на полнење
Прибл. 2,5 часа (преку CP-AD3 (се продава посебно)) прибл. 4 часа (со струја од 1,5 A)
Номинален влез
DC 5 V/3,0 A

Звучник

Излез на звучници
1,0 W

Функции

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Извонредно практично пренесување

MP-CD1 е исклучително компактен и тежи само 280 грама. Ставете го во вашата актовка или ранец и секогаш ќе бидете подготвени да одржите деловна презентација во текот на денот или да проследувате филм вечерта. 

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Проектирајте со IntelliBright™

Овој проектор ги надминува очекувањата со примена на технологијата Texas Instruments DLP® IntelliBright™. Со номинална светлина од 105 лумени според ANSI, овој проектор нуди извонреден приказ благодарение на неговите алгоритми за обработка на слика кои интелигентно управуваат со светлината и потрошувачката на енергија.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Едноставно поставување и брзо вклучување

Само приклучете го HDMI-кабелот од вашиот компјутер и притиснете го копчето за вклучување на проекторот. MP-CD1 се вклучува за само 5 секунди, така што можете веднаш да ја започнете вашата деловна презентација.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Безжично поврзување и проследување медиуми со HDMI-приемник

Може да приклучите адаптер од Microsoft за безжичен приказ што овозможува безжично поврзување со многу лаптопи и паметни телефони. Приклучоците HDMI и USB на MP-CD1 се компатибилни со различни уреди/приемници за проследување медиуми за да се овозможи пристап до повеќе различни извори на видео, како што се YouTube™ или Netflix.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Големина на екран за секој простор

Големината на проектираната слика зависи од растојанието, но дури и за максималната големина (120 инчи) ќе ви бидат потребни само 3,5 метри. Дури и во мала дневна соба.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Батерија што трае 2 часа

Вградената батерија од 5000 mAh овозможува време на проекција до 2 часа - доволно за еден филм.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Автоматска трапезоидна корекција

Сликата секогаш изгледа нормално, дури и кога проектирате под агол или, пак, на изобличени површини.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Врвен алуминиумски дизајн

Овој проектор одлично се вклопува дури и во најпаметните опкружувања благодарение на неговите едноставни линии и врвното алуминиумско куќиште.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Динамички режим

Динамичкиот режим ја подобрува светлината и заситеноста на боите во вашите фотографии и видеоснимки.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Неверојатно тивки перформанси

И покрај силниот извор на светлина, овој џебен проектор се лади со вентилатор што е речиси бесшумен, дури и при проектирање на филм.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Пренослива опрема

Со MP-CD1 се испорачува елегантна црна торба за носење што го заштитува проекторот и објективот од удари и гребнатини. Дизајнот на торбата овозможува полнење на проекторот без да го вадите од торбата. Во другата галантерија спаѓа HDMI-кабел, кабел за полнење USB C-C и адаптер, за да можете да го полните проекторот преку кабел од USB-A кон микро USB.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Приклучок за статив

На долната страна од уредот се наоѓа приклучок за стандарден статив за проектирање под секој агол - како, на пример, на таванот.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Поврзување преку HDMI/MHL

HDMI-приклучокот на овој проектор е компатибилен со стандардни HDMI/MHL-влезови. Поврзете лаптопи, конзоли за игри и уреди со Android преку кабел, како и уреди од Apple (преку дигитален AV-адаптер што се продава посебно). 

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Брзо полнење преку USB-C-приклучок компатибилен со преносливи полначи

За полнење на батеријата преку стандардниот USB-C-приклучок нема наменски AC-адаптер што мора да го носите или може да го заборавите. Ознаката за 5 V и 3 A значи дека ќе добиете брзо полнење. Кога сте на отворено и нема AC-приклучок, тогаш може да го полните MP-CD1 од пренослива батерија.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Аудио излез

Стандардниот приклучок за звук ви овозможува да приклучите слушалки или надворешни звучници за мултимедиумска забава.

Слика од Пренослив проектор MP-CD1

Моќна батерија/полнач од 5.000 mAh

Батеријата на полнење од 5000 mAh овозможува користење до 2 часа. Но, може да ја користите и како USB-полнач за вашите други мобилни уреди. Дури и ако не планирате да одржите презентација, MP-CD1 е практичен за најразлична надворешна употреба.