MP-CD1

Пренослив џебен проектор

MP-CD1 е компактен и нуди светла слика. Со функции како брзо вклучување и пренослива батерија, треба само да ги вклучите вашите уреди и ќе добиете проекција за домашното кино или собата за состаноци.

Моќен и лесен џебен проектор

Идеален придружник за деловни професионалци, играчи и љубители на филмови

И покрај неговиот џебен дизајн, новиот пренослив проектор MP-CD1 од Sony нуди моќна светлина од 105 лумени според ANSI за динамични слики. Користете го со приемници за проследување медиуми, паметни телефони, лаптопи и конзоли за игри. MP-CD1 е преносливиот проектор што отсекогаш сте го посакувале за презентации, забави или настани на отворено.

  • Како да уживате
  • Карактеристики на MP-CD1
  • Собири
  • Бизнис
  • Вежбање
  • Игри

Прикажувајте секакви содржини насекаде

Големиот и осветлен екран до 120” може да проектира филмови, игри, деловни материјали и други содржини за уште поголемо уживање.

Извонредно практично пренесување

Приредувајте забава во секое време и на секое место

MP-CD1 е исклучително компактен и тежи само 280 грама. Ставете го во вашата актовка или ранец и секогаш ќе бидете подготвени да одржите деловна презентација во текот на денот или да проследувате филм вечерта. 

Проектирајте со IntelliBright™

Светлина од 105 лумени според ANSI

Технологијата IntelliBright™ од Texas Instruments DLP® интелигентно управува со светлината и потрошувачката на енергија, поради што овој проектор нуди врвни перформанси над очекуваното. И покрај неговата џебна големина, тој нуди голема светлина (105 лумени според ANSI), благодарение на уникатниот дизајн што генерира минимална топлина.

Вклучување за 5 секунди

Едноставно поставување и брзо вклучување

Само приклучете го HDMI-кабелот од вашиот компјутер и притиснете го копчето за вклучување на проекторот. MP-CD1 се вклучува за само 5 секунди, така што можете веднаш да ја започнете вашата деловна презентација.

Безжично поврзување и проследување медиуми со HDMI-приемник

Може да приклучите HDMI-приемник за безжично поврзување со лаптопи и паметни телефони. Приклучоците HDMI и USB на MP-CD1 се компатибилни со различни уреди/приемници за проследување медиуми за пристап до различни извори на видео, како што се YouTube™ или Netflix.

Безжично поврзување и проследување медиуми со HDMI-приемник
Батерија што трае 2 часа

Батерија што трае 2 часа

Вградената батерија од 5000 mAh овозможува време на проекција до 2 часа - доволно за еден филм.

Големина на екран за секој простор

Кратко растојание, голем екран

Големината на проектираната слика зависи од оддалеченоста, но дури и за максималната големина (120 инчи) ви се потребни само 3,45 метри. Совршено дури и за мала дневна соба.

Кратко растојание, голем екран
  • Мала слика за проекција на рамна површина 
  • Мала слика за проекција на рамна површина 

Врвна префинетост – нема потреба од статив

Веднаш почнете со работа

MP-CD1 се одликува со автоматска трапезоидна корекција. Може да го ставите директно на маса или на работна маса и да проектирате слика во цел екран без да го потпирате или да користите статив. Овој проектор е одличен за секоја деловна ситуација.

Динамички режим

Динамички режим

Динамичкиот режим ја подобрува светлината и заситеноста на боите во вашите фотографии и видеоснимки.

Автоматска трапезоидна корекција

Автоматска трапезоидна корекција

Сликата секогаш изгледа нормално, дури и кога проектирате под агол на рамни површини.

Стил и елеганција

Врвен алуминиумски дизајн

Овој проектор наградуван на IF одлично се вклопува дури и во најпаметните опкружувања благодарение на неговите едноставни линии и врвното алуминиумско куќиште.

Приклучок за статив

Приклучок за статив

На долната страна од уредот се наоѓа приклучок за стандарден статив за проектирање под секој агол - како, на пример, на таванот.

Неверојатно тивки перформанси

Неверојатно тивки перформанси

И покрај силниот извор на светлина, овој џебен проектор се лади со вентилатор што е речиси бесшумен, дури и при проектирање на филм.

Пренослива опрема

Луксузна црна торба

MP-CD1 се испорачува со елегантна црна торба за носење што ги заштитува проекторот и објективот од удари и гребнатини. Проекторот може да го полните без да го вадите од торбата. Со овој проектор се испорачува и друга галантерија како HDMI-кабел, USB C-C-кабел за полнење и адаптер за да можете да го полните преку USB-A кон микро USB-кабел.

HDMI® кабел

HDMI® кабел

USB-C-кабел

USB-C-кабел

Адаптер од микро USB кон USB-C

Адаптер од микро USB кон USB-C

Приклучоци

Поврзување преку стандарден HDMI, MHL или преку USB со различни уреди.

Брзо полнење преку USB-C-приклучок компатибилен со преносливи полначи

Брзо полнење преку USB-C-приклучок компатибилен со преносливи полначи

За полнење на батеријата преку стандардниот USB-C-приклучок нема наменски AC-адаптер што мора да го носите или може да го заборавите. Ознаката за 5 V и 3 A значи дека ќе добиете брзо полнење. Кога сте на отворено и нема AC-приклучок, тогаш може да го полните MP-CD1 од пренослива батерија.

Поврзување преку HDMI/MHL

Поврзување преку HDMI/MHL

HDMI-приклучокот на овој проектор е компатибилен со стандардни HDMI/MHL-влезови. Поврзете лаптопи, конзоли за игри и уреди со Android преку кабел, како и уреди од Apple (преку дигитален AV-адаптер што се продава посебно). 

Спецификации и функции
И покрај неговиот џебен дизајн, преносливиот проектор MP-CD1 од Sony нуди моќна светлина од 105 лумени според ANSI за светли и динамични слики. Користете го со приемници за проследување медиуми, паметни телефони, лаптопи и конзоли за игри. MP-CD1 е преносливиот проектор што отсекогаш сте го посакувале за деловни презентации, забави во викендите или настани на отворено.
  • 105 лумени според ANSI за светли и динамички слики

  • Брзо подигнување на системот за 5 секунди

  • Безжично поврзување и проследување медиуми со HDMI-приемници

  • Батерија што трае до 2 часа за да можете да ја носите визуелната забава насекаде

  • Минимизирајте го неопходниот простор со мало растојание за проекција од 3,77 ft (1,15 м)

Големина на слика на дијагонална проекција
40 инчи при растојание за проекција од 1,15 м (3,77 ft)/макс. 120 инчи при растојание за проекција од 3,45 м (11,32 ft)
Сооднос на контрастот
400:1
Резолуција на екран
854 × 480
Репродуцирање на бои
Сите бои (16.770.000 точки)
Тежина
Прибл. 280 гр. (9,9 oz.)
Континуирано време на проектирање (целосно полнење)
Прибл. 120 минути (кога е целосно наполнет и без напојување)
Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 83,0 мм × 16,0 мм × 150,0 мм (3 3/8 инчи × 21/32 инчи × 6 инчи) (Ш/В/Д) (без испакнати делови)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина