Подготвен за раскажување приказни

Иако е компактна, камерата FX6 е подготвена за моментално користење и е опремена со сензор за целосна слика со висока чувствителност и доволно моќ за поголема креативност при снимањето.

Визуелни приказни со извонредна слобода
Слика од користење
Импресивно филмско доживување
Слика од користење
Поголема креативност при снимањето
Слика од производот
Ракување и опции за професионалци
Импресивно филмско доживување
Слика за пример
Доловете го невозможното со зголемена чувствителност

Снимајте употребливи слики во темнина со големиот опсег на ISO до 409600. Сензорот за целосна слика и иновативното собирање светлина нудат неограничени можности при снимањето.

Слика за пример
Прекрасен ефект на дефокусирање и креативност

Снимајте прекрасни 4K-слики со креативна слобода благодарение на сензорот за целосна слика. Доловете ги сите детали од сцената со мала длабочина на полето и прекрасни ефекти на дефокусирање за да добиете филмски изглед.

Наука за филмски бои со S-Cinetone™

S-Cinetone, создаден за докажаната камера FX9 од Sony, е зададениот изглед кај FX6. Прецизно прилагоден за да ги задоволи потребите на денешните креатори на содржини, S-Cinetone нуди богати бои и природни тонови на кожата, создава свежи и живописни слики директно во камерата без градација на боите, а притоа нуди многу можности за обработка по снимањето.

Илустрација
Големите точки нудат висока чувствителност и мал шум

Exmor R™ CMOS-сензорот за целосна слика со 10,2 милиони точки и задно осветлување нуди врвни перформанси за собирање светлина. Големата брзина на читање и динамичкиот опсег со 15+ чекори нудат врвен квалитет на слика со голема чувствителност и мал шум.

Илустрација
Моќен процесор за слика BIONZ XRTM 

BIONZ XR се усогласува со брзината на читање на сензорот благодарение на неговата моќ за обработка. Неговата архитектура е подготвена за иднината, поради што брзо создава висококвалитетни слики и го подобрува одзивот на интерфејсот на камерата.

Илустрација
Импресивен динамички опсег за неограничено изразување

Со минимална чувствителност ISO800, FX6 нуди оптимален динамички опсег за снимање во добро осветлени простории и документарци на отворено. одобрената чувствителност ISO 12800 е дизајнирана за снимање при слаба осветленост, наутро и навечер. FX6 нуди извонреден динамички опсег со 15+ чекори, што ја надминуваат перцепцијата на човечкото око во многу услови, овозможувајќи неограничена креативна слобода за градација на бои и уредување по снимањето.

Поголема креативност при снимањето
Брз хибриден автоматски фокус за прецизност и истрајност

AF врши интелигентно следење и откривање фаза преку сензорот за да овозможи континуирано следење на субјектот речиси низ целиот кадар (627 AF-точки за откривање фаза во фокусната површина што опфаќаат прибл. 89% од сликата). Хибридниот AF фокусира прецизно дури и кога снимате со мала длабочина на полето и со висока стапка на слики од 120p во 4K (QFHD).

Слика за пример
Слика за пример
Поддршка за AF на очи во реално време и AF со откривање лица

Функциите за AF на очи во реално време и AF со откривање лица нудат прецизно и стабилно фокусирање за интервјуа, настани и места каде што е неопходно прецизно фокусирање на луѓето. Обработката во реално време овозможува остро фокусирање кога субјектите гледаат надолу или нагоре, овозможувајќи му на снимателот да се концентрира само на кадарот.

Слика од користење
Моќна контрола на фокусот за сниматели

Благодарение на 7-те изборни нивоа за брзината на движење на AF и повеќе од 5 нивоа на чувствителност за следење субјекти со AF, ќе можете подобро да ја изразите вашата креативност при менување субјекти или, на пример, при фокусирање со следење.

Слика од користење
AF при избирање субјекти со прстенот на објективот

Кога функцијата за помош при AF е ВКЛУЧЕНА, со ротирање на прстенот за фокусирање ќе преминете од автоматски во рачен фокус. Автоматскиот фокус ќе продолжи да функционира штом корисникот престане да го ротира прстенот за фокусирање на објективот.

Слика за пример
Положба/површина на автоматскиот фокус

За целната површина на автоматскиот фокус може да изберете флексибилна точка, зона и широка површина и може брзо да ја менувате положбата на целната површина за време на снимањето со допирање на LCD-екранот.

4K со 120 fps и сите кадри во фокус

Снимките со голема стапка на слики можат да ги претворат секојдневните случувања во прекрасни и елегантни движења. FX6 снима максимум 120 слики во секунда (fps) со резолуција 4K (QFHD). Режимите за бавни и брзи движења (S&Q) ви нудат целосна контрола врз снимената стапка на слики од 1 до 120 fps, овозможувајќи приказ на прецизни движења и прекрасни забавени движења до 5x (излезен сигнал со 24 fps).

Слика од производот
Автоматско фокусирање со објективи со E-приклучок од Sony

Добијте рамномерен и брз автоматски фокус со објективите со E-приклучок од Sony што нудат врвни оптички перформанси и соодветно ракување за кинематографија. Уникатната технологија за придвижување во објективите со E-приклучок од Sony нуди побрз и попрецизен AF за вашите креативни авантури.

Вграден, електронски и варијабилен ND-филтер

FX6 има уникатен, вграден, електронски и варијабилен филтер за неутрална густина (ND) од Sony. За разлика од стандардните оптички ND-филтри, електронскиот ND-филтер на FX6 може да се прилагодува линеарно од 1/4ND до 1/128ND или да се постави во автоматски режим. Тој е идеален за променливи опкружувања и ја елиминира потребата од менување филтри според промените во осветлувањето или заради задржување на длабочината на полето.

Ракување и опции за професионалци
Слика од производот
Лесна, модуларна и издржлива

И покрај лесното куќиште од 0,89 кг изработено од легура од магнезиум, FX6 има доволно цврстина за да се справи со лошите временски услови. Паметниот држач ви нуди лесен пристап до главните функции и лесно се прилагодува со притиснување едно копче.

Слика од користење
Одлична преносливост за снимање

Идеална за снимање од низок агол, паметната рачка е дел од модуларниот дизајн на FX6. Лесно може да се прилагоди според потребите и да се монтира на механизам за стабилизација, дрон или подводно куќиште.

Илустрација
Куќиште и рамка од магнезиум што се многу издржливи и лесни

За да овозможи сигурни перформанси во лоши услови, куќиштето, капаците и горната рачка се изработени од лесна легура од магнезиум. Главната рамка овозможува голема цврстина и издржливост со минимална тежина заради максимална преносливост.

Архитектурата спречува исклучување поради голема температура

Дизајнот на системот за вентилација и куќиштето спречува исклучување поради преголема температура при снимање со висока стапка на слики и 4K-резолуција (QFHD). Бројот на ладилници, формата на влезните и излезните отвори за воздух и местоположбата на тивкиот вентилатор, како и каналите за проток на воздух, се дизајнирани прецизно за да овозможат оптимална вентилација.

Илустрација
Слика за пример
4:2:2 снимање во 10 бита

Снимајте директно на фотоапаратот со неверојатната длабочина од 10 бита и семплирањето на бои со сооднос 4:2:2, за значително поголема флексибилност во градацијата на сликите, дополнителната обработка и спојувањето.

Илустрација
Достапно All-Intra кодирање

Покрај Long GOP, сега е достапно и внатрешно кодирање со All-Intra. Сите кадри се кодираат независно со бит-стапки до 600 Mbps заради попрецизно доловување сложени движења и поефикасни работни процеси за уредување.
[1] All-Intra (All-I) [2] Long GOP [3] Група слики

Слика од користење
Снимање во 16-битен SDI RAW-формат 

За обемните процеси на обработка по снимањето е достапно снимање во 16-битен RAW-формат преку SDI-врска со надворешни снимачи, а во камерата истовремено се снимаат и датотеки XAVC-I. Снимките во RAW-формат имаат резолуција од 4096x2160 или 3840x2160 со избор на стапки на слики од 59,94 / 50 / 29,97 / 25 / 24 / 23,98.

Слика за пример
Режими за снимање за креаторите на содржини

FX6 нуди режими за снимање со однапред поставени изгледи како S-Cinetone, што создава прекрасни слики директно во камерата, или S-Log3 / S-Gamut3 со режимот Cine-EI, што создаваат слики со совршена експозиција за обработката по снимањето.

Слика за пример
Датотека за сцена за лесно менување на изгледот

Достапни се четири однапред поставени вида на датотеки за сцена наменети за SDR-снимање (S-Cinetone, стандардно, фотографија, ITU709) и два вида за HDR (HLG Live, HLG Natural), како и 16 дополнителни места за увезување кориснички 3D LUT-содржини.

Слика од производот
Извонреден и паметен држач и паметна рачка

Паметниот држач и паметната рачка од Sony овозможуваат лесни прилагодувања со едно копче. Контролите за зумирање и снимање, копчињата на кои може да доделувате функции и вртливото копче за контрола на ирисот овозможуваат удобно ракување со часови.

Слика од производот
Професионално поврзување

Достапен е голем избор на професионални интерфејси, вклучувајќи 12G-SDI и HDMI-излези, далечински интерфејс, TC-приклучоци за синхронизирање повеќе камери и SuperSpeed USB 5 Gbps (USB 3.2) за непречени работни процеси со податоци.

Слика од производот
Приклучок за повеќе интерфејси (MI)

Приклучокот за повеќе интерфејси (MI) од Sony нуди приклучоци за напојување, сигнал и избирање за компатибилна дополнителна галантерија од Sony, вклучувајќи и безжични системи со микрофони како UWP-D21 или UWP-D22.

Слика од производот
Поддршка за влез и снимање звук со четири канали

Влезот за звук со четири канали овозможува истовремено снимање преку надворешни микрофони и вградениот микрофон. Безжични микрофони UWP или XLR-адаптери за звук како што е XLR-K3M можат да се користат преку приклучокот за повеќе интерфејси.

Слика од производот
Два XLR-приклучоци и подобрен звук

На рачката на FX6 има два независни влезови за звук - XLR-приклучоци за лесен пристап и поврзување надворешни професионални микрофони. Исто така, преку приклучокот за повеќе интерфејси може да приклучите и безжични микрофони од серијата UWP.

Слика од производот
LCD-екран со висока резолуција од 2,76 милиони точки

LCD-екранот од 3,5 инчи овозможува прецизна рачно фокусирање во лоши услови за снимање. Флексибилното позиционирање со точките и аглите за монтирање овозможува удобно снимање во различни услови и со различни механизми за стабилизација.

Слика од производот
Контрола преку брзо мени на допир

LCD-екранот има мени за контрола со брз пристап. Со еден допир може да го промените кодекот, режимот за скенирање слики, фреквенцијата и големината на сликите, минималната чувствителност/ISO, режимот за снимање и нивоата на звукот.

Слика од производот
Два отвори за медиуми CFexpress Type A

Двата отвори поддржуват картички CFexpress Type A и картички SDXC UHS-I и UHS-II за брзо управување со податоци и празнење на меѓумеморијата. Поддржани се режими за истовремено снимање, снимање со пренасочување, со интервали и преку прокси.

Приклучување во мрежа за врвна преносливост

Поврзувањето преку Wi-Fi® овозможува напредни функции за безжично снимање, како далечинска контрола преку паметен телефон или таблет-уред и апликацијата Content Browser Mobile. Поврзете се лесно преку NFC со еден допир или со рачно впарување.

Илустрација
Илустрација
Метаподатоците го олеснуваат уредувањето со Catalyst 

FX6 снима три вида на метаподатоци: стабилизација на слика, ознаки во видеозаписите и ротација на камерата. Тие се практични за прегледување и уредување во бесплатниот софтвер Catalyst Browse или евтиниот софтвер Catalyst Prepare од Sony.
[1] Сними [2] Уреди

Спецификации и функции

Камерата FX6 Cinema Line им нуди револуционерна компактност и перформанси на креаторите на содржини, благодарение на нејзиниот сензор за целосна слика и неверојатната чувствителност. Најсовремените функции за снимање нудат извонредни перформанси и збирка филмски изгледи, заедно со професионални интерфејси и електронски варијабилен ND-филтер. Забелешка: ракувањето со оваа опрема во резиденцијално опкружување може да предизвика пречки во радиосигналите.
  • Перформанси за форматот целосна слика со голема чувствителност и однапред поставени изгледи за видео

  • Најсовремени функции за снимање како AF на очи во реално време и AF со откривање лица

  • Снимање во 4K (QFHD) со голема бит-стапка од 120 fps

  • Вграден, електронски и варијабилен ND-филтер

  • Наука за филмски бои со S-Cinetone

ТИП НА СЕНЗОР
CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика, на еден чип
Точки
Прибл. 12,9 милиони точки(вкупно), прибл. 10,2 милиони точки(ефикасно)
ЧУВСТВИТЕЛНОСТ
ISO 800/12800 (режим Cine EI, извор на светлина D55)
ВГРАДЕНИ ОПТИЧКИ ФИЛТРИ
Провиден, линеарен и варијабилен ND(1/4ND до 1/128ND)
ТИП НА МЕДИУМ
CF express Type A / SD-картичка (x2), Отворот B може да се користи за зачувување податоци за конфигурирање.
LCD
8,8 см (тип 3,5), Прибл. 2,76 M точки
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина