пакет со безжичен микрофон
Иако е компактна, камерата FX6 е подготвена за моментално користење и е опремена со сензор за целосна слика со висока чувствителност и доволно моќ за поголема креативност при снимањето.
Иако е компактна, камерата FX6 е подготвена за моментално користење и е опремена со сензор за целосна слика со висока чувствителност и доволно моќ за поголема креативност при снимањето.
Само куќиште (5,0 GHz и 2,4 GHz)
Подобрете го вашиот фото апарат за да уживате во полесно снимање.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Снимајте употребливи слики во темнина со големиот опсег на ISO до 409600. Сензорот за целосна слика и иновативното собирање светлина нудат неограничени можности при снимањето.
Снимајте прекрасни 4K-слики со креативна слобода благодарение на сензорот за целосна слика. Доловете ги сите детали од сцената со мала длабочина на полето и прекрасни ефекти на дефокусирање за да добиете филмски изглед.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
S-Cinetone, создаден за докажаната камера FX9 од Sony, е зададениот изглед кај FX6. Прецизно прилагоден за да ги задоволи потребите на денешните креатори на содржини, S-Cinetone нуди богати бои и природни тонови на кожата, создава свежи и живописни слики директно во камерата без градација на боите, а притоа нуди многу можности за обработка по снимањето.
Exmor R™ CMOS-сензорот за целосна слика со 10,2 милиони точки и задно осветлување нуди врвни перформанси за собирање светлина. Големата брзина на читање и динамичкиот опсег со 15+ чекори нудат врвен квалитет на слика со голема чувствителност и мал шум.
BIONZ XR се усогласува со брзината на читање на сензорот благодарение на неговата моќ за обработка. Неговата архитектура е подготвена за иднината, поради што брзо создава висококвалитетни слики и го подобрува одзивот на интерфејсот на камерата.
Со минимална чувствителност ISO800, FX6 нуди оптимален динамички опсег за снимање во добро осветлени простории и документарци на отворено. одобрената чувствителност ISO 12800 е дизајнирана за снимање при слаба осветленост, наутро и навечер. FX6 нуди извонреден динамички опсег со 15+ чекори, што ја надминуваат перцепцијата на човечкото око во многу услови, овозможувајќи неограничена креативна слобода за градација на бои и уредување по снимањето.
AF врши интелигентно следење и откривање фаза преку сензорот за да овозможи континуирано следење на субјектот речиси низ целиот кадар (627 AF-точки за откривање фаза во фокусната површина што опфаќаат прибл. 89% од сликата). Хибридниот AF фокусира прецизно дури и кога снимате со мала длабочина на полето и со висока стапка на слики од 120p во 4K (QFHD).
Функциите за AF на очи во реално време и AF со откривање лица нудат прецизно и стабилно фокусирање за интервјуа, настани и места каде што е неопходно прецизно фокусирање на луѓето. Обработката во реално време овозможува остро фокусирање кога субјектите гледаат надолу или нагоре, овозможувајќи му на снимателот да се концентрира само на кадарот.
Благодарение на 7-те изборни нивоа за брзината на движење на AF и повеќе од 5 нивоа на чувствителност за следење субјекти со AF, ќе можете подобро да ја изразите вашата креативност при менување субјекти или, на пример, при фокусирање со следење.
Кога функцијата за помош при AF е ВКЛУЧЕНА, со ротирање на прстенот за фокусирање ќе преминете од автоматски во рачен фокус. Автоматскиот фокус ќе продолжи да функционира штом корисникот престане да го ротира прстенот за фокусирање на објективот.
За целната површина на автоматскиот фокус може да изберете флексибилна точка, зона и широка површина и може брзо да ја менувате положбата на целната површина за време на снимањето со допирање на LCD-екранот.
Снимките со голема стапка на слики можат да ги претворат секојдневните случувања во прекрасни и елегантни движења. FX6 снима максимум 120 слики во секунда (fps) со резолуција 4K (QFHD). Режимите за бавни и брзи движења (S&Q) ви нудат целосна контрола врз снимената стапка на слики од 1 до 120 fps, овозможувајќи приказ на прецизни движења и прекрасни забавени движења до 5x (излезен сигнал со 24 fps).
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
FX6 има уникатен, вграден, електронски и варијабилен филтер за неутрална густина (ND) од Sony. За разлика од стандардните оптички ND-филтри, електронскиот ND-филтер на FX6 може да се прилагодува линеарно од 1/4ND до 1/128ND или да се постави во автоматски режим. Тој е идеален за променливи опкружувања и ја елиминира потребата од менување филтри според промените во осветлувањето или заради задржување на длабочината на полето.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
И покрај лесното куќиште од 0,89 кг изработено од легура од магнезиум, FX6 има доволно цврстина за да се справи со лошите временски услови. Паметниот држач ви нуди лесен пристап до главните функции и лесно се прилагодува со притиснување едно копче.
Идеална за снимање од низок агол, паметната рачка е дел од модуларниот дизајн на FX6. Лесно може да се прилагоди според потребите и да се монтира на механизам за стабилизација, дрон или подводно куќиште.
За да овозможи сигурни перформанси во лоши услови, куќиштето, капаците и горната рачка се изработени од лесна легура од магнезиум. Главната рамка овозможува голема цврстина и издржливост со минимална тежина заради максимална преносливост.
Дизајнот на системот за вентилација и куќиштето спречува исклучување поради преголема температура при снимање со висока стапка на слики и 4K-резолуција (QFHD). Бројот на ладилници, формата на влезните и излезните отвори за воздух и местоположбата на тивкиот вентилатор, како и каналите за проток на воздух, се дизајнирани прецизно за да овозможат оптимална вентилација.
Снимајте директно во камерата со неверојатна длабочина од 10 бита и семплирање на бои со сооднос 4:2:2, за значително поголема флексибилност во градацијата на сликите, дополнителната обработка и спојувањето.
Покрај Long GOP, сега е достапно и внатрешно кодирање со All-Intra. Сите кадри се кодираат независно со бит-стапки до 600 Mbps заради попрецизно доловување сложени движења и поефикасни работни процеси за уредување.
[1] All-Intra (All-I) [2] Long GOP [3] Група слики
За обемните процеси на обработка по снимањето е достапно снимање во 16-битен RAW-формат преку SDI-врска со компатибилни надворешни снимачи, а во камерата истовремено се снимаат и датотеки XAVC-I. Снимките во RAW-формат имаат резолуција од 4096x2160 или 3840x2160 со избор на стапки на слики од 120 / 100 / 59,94 / 50 / 29,97 / 25 / 24 / 23,98.
FX6 нуди режими за снимање со однапред поставени изгледи како S-Cinetone, што создава прекрасни слики директно во камерата, или S-Log3 / S-Gamut3 со режимот Cine-EI, што создаваат слики со совршена експозиција за обработката по снимањето.
Достапни се четири однапред поставени вида на датотеки за сцена наменети за SDR-снимање (S-Cinetone, стандардно, фотографија, ITU709) и два вида за HDR (HLG Live, HLG Natural), како и 16 дополнителни места за увезување кориснички 3D LUT-содржини.
Паметниот држач и паметната рачка од Sony овозможуваат лесни прилагодувања со едно копче. Контролите за зумирање и снимање, копчињата на кои може да доделувате функции и вртливото копче за контрола на ирисот овозможуваат удобно ракување со часови.
Достапен е голем избор на професионални интерфејси, вклучувајќи 12G-SDI и HDMI-излези, далечински интерфејс, TC-приклучоци за синхронизирање повеќе камери и SuperSpeed USB 5 Gbps (USB 3.2) за непречени работни процеси со податоци.
Приклучокот за повеќе интерфејси (MI) од Sony нуди приклучоци за напојување, сигнал и избирање за компатибилна дополнителна галантерија од Sony, вклучувајќи и безжични системи со микрофони како UWP-D21 или UWP-D22.
Влезот за звук со четири канали овозможува истовремено снимање преку надворешни микрофони и вградениот микрофон. Безжични микрофони UWP или XLR-адаптери за звук како што е XLR-K3M можат да се користат преку приклучокот за повеќе интерфејси.
На рачката на FX6 има два независни влезови за звук - XLR-приклучоци за лесен пристап и поврзување надворешни професионални микрофони. Исто така, преку приклучокот за повеќе интерфејси може да приклучите и безжични микрофони од серијата UWP.
LCD-екранот од 3,5 инчи овозможува прецизна рачно фокусирање во лоши услови за снимање. Флексибилното позиционирање со точките и аглите за монтирање овозможува удобно снимање во различни услови и со различни механизми за стабилизација.
LCD-екранот има мени за контрола со брз пристап. Со еден допир може да го промените кодекот, режимот за скенирање слики, фреквенцијата и големината на сликите, минималната чувствителност/ISO, режимот за снимање и нивоата на звукот.
Двата отвори поддржуват картички CFexpress Type A и картички SDXC UHS-I и UHS-II за брзо управување со податоци и празнење на меѓумеморијата. Поддржани се режими за истовремено снимање, снимање со пренасочување, со интервали и преку прокси.
Поврзувањето преку Wi-Fi® овозможува напредни функции за безжично снимање, како далечинска контрола преку паметен телефон или таблет-уред и апликацијата Content Browser Mobile. Поврзете се лесно преку NFC со еден допир или со рачно впарување.
FX6 снима три вида на метаподатоци: стабилизација на слика, ознаки во видеозаписите и ротација на камерата. Тие се практични за прегледување и уредување во бесплатниот софтвер Catalyst Browse или евтиниот софтвер Catalyst Prepare од Sony.
[1] Сними [2] Уреди
ГАЛАНТЕРИЈА
Корисниците велат