Контролер со безжична технологија BLUETOOTH® за паметни телефони за во автомобил
Контролер со безжична технологија BLUETOOTH® за паметни телефони за во автомобил
Контрола и поврзување се преку далечински управувач со Bluetooth®
Обединете го телефонот со стерео уредот во автомобилот за контрола на повици, музика и многу повеќе. Овој далечински управувач со Bluetooth® нуди гласовна контрола и има интуитивно дизајнирана тастатура, за да го користите паметниот телефон без да го тргнете погледот од патот. Ви треба само AUX влез и напојување преку USB приклучок или запалката за цигари.
Фабричкиот стерео уред во автомобилот сега ќе користи функции преку Bluetooth® и ќе можете да се поврзете со еден допир, благодарение на NFC.
Активирајте ја гласовната контрола со еден допир и почнете да го контролирате паметниот телефон – компатибилност и со iOS и со Android.
Интуитивно дизајнираната тастатура на далечинскиот управувач овозможува лесно менување на песни и одговарање на повици, без да ви го одвлече вниманието од патот.
Лесно поставување со AUX и USB
Не се потребни сложени поставувања. Сè што ви е потребно за да почнете со користењето е USB приклучок за напојување и AUX влез. Немате USB? Нема проблем, приклучете го USB адаптерот во запалката за цигари во автомобилот или излезниот приклучок од 12 V.
Поврзете го Bluetooth® адаптерот директно во стерео уредот во автомобилот, активирајте Bluetooth® на паметниот телефон и тоа е сè.
Преземете ја контролата врз музиката и повиците преку гласовната контрола и далечинскиот управувач.
Приклучете го адаптерот во стерео уредот во автомобилот и изворот за напојување.
Поврзете го паметниот телефон безжично со адаптерот со Bluetooth® технологија.
Воспоставете Bluetooth® врска со вашиот паметен телефон со Android со само еден допир, благодарение на NFC за поврзување со еден допир.
Кажете му на далечинскиот управувач за паметни телефони што сакате да слушате. Нашата нова апликација за гласовна контрола за Android овозможува исчитување на пораките, воспоставување повици или проверка на временската прогноза, без да ги тргнете рацете од воланот.
Активирајте ја гласовната контрола со едно притиснување на далечинскиот управувач.
Кажете ѝ на Siri да воспостави повик, да напише текстуална порака или да пушти музика.
Контролирајте го зумирањето на мапата преку апликацијата за навигација Waze™ или контролирајте ја јачината на звукот со тркалцето на далечинскиот управувач.
Спецификации и функции
- Дизајн
- Тастатура на далечинскиот управувач: прилагодлива закосена подлога
- Сензори
- IR (SIRCS)
- Компатибилен оперативен систем и возило
- Android и iOS (само iOS со Siri), автомобили со AUX влез
Што има во пакетот
Микро USB кабел, мини стерео аудио кабел, двострана лента и упатство за користење