SRS-XB33
SRS-XB33 е отпорен на вода, прав и удари и нуди комбинација од цврст дизајн и долготрајна батерија. Повеќе нема граници за уживање во звук како на музички фестивал.
SRS-XB33
SRS-XB33 е отпорен на вода, прав и удари и нуди комбинација од цврст дизајн и долготрајна батерија. Повеќе нема граници за уживање во звук како на музички фестивал.
Погледнете некои од функциите и технологиите што го прават SRS-XB33 толку специјален.
Уживајте во длабок и моќен звук секаде каде што ќе посакате со вашиот звучник со EXTRA BASS™. Двата пасивни радијатори и звучниците со целосен опсег ги подобруваат ниските тонови за да го засилат басот.
SRS-XB33, со својот цврст дизајн и издржлива батерија, нема да ве разочара.
SRS-XB33 е неверојатно издржлив и ви овозможува да се забавувате насекаде и во секое време.
Батеријата што трае до 24 часа му овозможува на SRS-XB33 да ве забавува многу долго. Дури и кога се вклучени светилките во режимот EXTRA BASS™, може да се забавувате до 14 часа
X-Balanced Speaker Unit, создаден од Sony, нуди висококвалитетен звук и моќен звучен притисок за да добиете побогато, подлабоко и подобро доживување при слушањето.
Цврстиот и лесен конус на звучникот што е изработен од влакна засилени со мика (MRC), како и капачето за заштита од прав, го зголемуваат квалитетот на звукот.
Распоредот на страничните пасивни радијатори е оптимизиран за да добиете јасен звук со бас.
Притиснете го копчето ЗВУК ВО ЖИВО и слушајте ја вашата музика на сосема нов начин. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук и создавајте атмосфера како на концерт каде и да сте.
Без светилки за забава нема забава. SRS-XB33 има светилка во звучникот и линиска светилка во разни бои што трепкаат во синхронизација со звучникот. Можете дури и да ја промените бојата на линиската светилка според вашето расположение.
Уживајте во истата песна од повеќе звучници со Party Connect. Поврзете најмногу 100 компатибилни безжични звучници преку технологијата BLUETOOTH®, а музиката и светилките ќе се синхронизираат. Поставете случајна шема или поставете ги светилките да трепкаат во круг.
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center - избирајте омилени листи за репродукција, поставувајте следна песна, менувајте ги шемите за осветлување и режимите за звук.
Преземете ја апликацијата Fiestable и ќе можете да го контролирате осветлувањето на SRS-XB33, а ќе можете и да користите гестикулации за контрола со движење преку екранот на паметниот телефон.
SRS-XB33 е дизајниран да биде практичен за да можете да уживате во музика во секое време и на секое место, без пречки.
Функцијата за звучник нуди практичен начин за разговарање без да ги користите рацете, независно дали тоа е конференциски повик за работа или разговор со пријателите.