Слушнете колку далеку одат
вашите слушалки WF-1000XM4

Уживајте во звукот и дознајте како да извлечете максимум од слушалките WF-1000XM4. Тука ќе дознаете како да ги користите и приспособувате лесно достапните функции за да го прилагодите звукот по ваша желба.

Откријте што сè можат да ви понудат вашите слушалки


Запознавање
Прво користење на вашите слушалки

Има три начини за впарување на WF-1000XM4 со вашиот уред.



Жена седи во кујна и ги користи слушалките WF-1000XM4 допирајќи со прстите по нив
Поставете ги слушалките во режим на впарување

Задржете врз сензорите L и R на слушалките приближно 5 секунди за да го активирате режимот на впарување. 

Слика од телефон и рака што допира по неговиот екран покрај симболот за Bluetooth и копчињата за вклучување и исклучување
Впарете го вашиот уред

Изберете ги вашите слушалки WF-1000XM4 и поврзете ги преку Bluetooth.

Мобилен телефон што на екранот прикажува Fast Pair за слушалките WF-1000XM4
Поврзете ги преку Google Fast Pair

Ставете ги слушалките во режим на впарување во близина на вашиот телефон со Android и Fast Pair ќе ги поврзе со еден допир. 


Жена во библиотека ги користи слушалките WF-1000XM4 и гледа во телефон што ја прикажува апликацијата Headphones Connect
Слушајте преку WF-1000XM4 со најдобар квалитет преку Headphones Connect

Преземете ја апликацијата Headphones Connect за да ги прилагодите контролите на допир, поставките за амбиентален звук и да проверите дали ги носите слушалките правилно. 

Пронаоѓање на најдоброто вметнување за вашите слушалки

Со апликацијата Headphones Connect може да ја пронајдете оптималната големина на врвови за слушалките.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Погледнете како може да добиете најостар звук

Погледнете го водичот за да дознаете како да ги вметнете вашите слушалки за да добиете најквалитетен звук.

Функции за звук
Приспособлива контрола на звук 

Со приспособливата контрола на звукот, апликацијата Headphones Connect открива што се случува околу вас и ги прилагодува поставките за поништување шум или контрола на амбиенталниот звук.

2 слики од Headphones Connect што ги прикажуваат поставките за приспособлива контрола на звук и како се вклучува откривањето движења
Активирање и прилагодување приспособлива контрола на звук

Отворете ја апликацијата Headphones Connect и вклучете ја за да го користите нејзиниот зададен режим за откривање. 

Ако сакате да го приспособите, тогаш прилагодете ги поставките за поништување шум или снимање надворешни звуци во апликацијата.

Поставки врз основа на движења

Апликацијата Headphones Connect открива што се случува околу вас и што правите. Потоа автоматски ги прилагодува поставките како поништување на шум и амбиентален звук. На пример, ако трчате, нивото на амбиентални звуци може да се зголеми, или да се намали ако седнете во кафе-бар.


2 слики од Headphones Connect што прикажуваат како да изберете режими за движења и да ги промените поставките по ваша желба
Како да почнете да користите поставки врз основа на движења

Овозможете „Откривање движења“ во Headphones Connect за да почнете со зададените поставки за движења. 

Може да ги задржите зададените поставки или да ги промените по ваша желба, на пример, да го зголемите нивото на амбиентален звук кога пешачите за да слушате сè околу вас.



Поништување шум и фокусирање гласови

Изолирајте се од светот и слушајте тоа што сакате - ништо или само гласови.

Менување на поставките според локацијата

Поставете ги слушалките да ги менуваат поставките по ваша желба за местата што редовно ги посетувате.


Speak-to-Chat

Поставете ги слушалките, за кога ќе сакате да разговарате, сè што ќе треба да направите е да почнете да зборувате.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Како функционира функцијата Speak-to-Chat

Погледнете го видеото за да дознаете како функционира функцијата Speak-to-chat кај WF-1000XM4.

Квалитет на звукот

Прилагодете ги поставките на еквалајзерот и поставките за проследување и зголемување на квалитетот за да уживате во подобро доживување при слушањето.

Прилагодете го звукот по ваша желба

Пронајдете звук што е совршен за вас и содржините што ги слушате со помош на еквалајзерот, поставките за висококвалитетен Bluetooth и подобрување на звукот со DSEE Extreme.

Уживајте во звук од сите страни

Дознајте како да уживате во ново аудиодоживување со револуционерниот 360 Reality Audio


Опкружете се со звук од сите страни со 360 Reality Audio

360 Reality Audio нуди прекрасно музичко доживување со кое вашите слушалки WF-1000XM4 создаваат сферично звучно поле од 360 степени - за да уживате во музика од сите страни. Отворете ја апликацијата Headphones Connect за да започнете.


Како да слушате 360 Reality Audio

Почнете да слушате 360 Reality Audio и дознајте како да проследувате песни со 360 Reality Audio од телефонот.


Приспособување со глас и допир

Дознајте како да поставите гласовен помошник и како да ги приспособите функциите на сензорот за допир.

Гласовен помошник

Дознајте како да користите гласовен помошник со вашите слушалки WF-1000XM4. Треба само да кажете „Hey Google, what is the weather today?“ за да одлучите дали да го понесете палтото пред да излезете.


2 слики од Headphones Connect што прикажуваат отворање на поставките за гласовен помошник и избирање на саканиот гласовен помошник.
Како да поставите гласовен помошник

Отворете ја апликацијата Headphones Connect и активирајте го гласовниот помошник од картичката за системот. Потоа изберете го гласовниот помошник што го користите (Google, Alexa, Siri) за да започнете.

Функции на сензорот за допир

Поставете ги функциите на сензорот за допир на слушалките за да бидат најинтуитивни за вас.


Грижа по купувањето и поддршка
Чистење на вашите слушалки

Дознајте како да ги чистите вашите слушалки WF-1000XM4 правилно, без да ги оштетите.


4 слики од приклучоците на слушалките, начинот за нивно чистење, каде стојат во футролата за носење и како да ги чистите во футролата за носење.
Чистење на вашите слушалки

Чистете ги слушалките редовно за да бидат во оптимална состојба. Ако слушалките или футролата за полнење се валкани, избришете ги со мека сува крпа.

Ако слушалките се многу валкани, натопете крпа со раствор од неутрален детергент и исцедете ја добро пред да ги избришете. Не користете средства за растворување како разредувач, бензен или алкохол бидејќи можат да го оштетат материјалот. 

Често поставувани прашања

Имате прашање што сакате да го одговориме? Прво погледнете тука и дознајте повеќе за најчесто поставуваните прашања од други корисници на слушалките WF-1000XM4.

Илустрирано лого со молив и пенкало
Водич за помош

Дознајте сè што треба да знаете за вашите слушалки

Илустрирано лого од човек кој носи слушалки
Поддршка и вести

Пронајдете нови информации, вести и известувања.