PlayMemories Online нуди забавен и едноставен начин за синхронизација и уживање во фотографиите и видео спомените. Cloud услугата PlayMemories ќе ви помогне да ги организирате спомените од паметниот телефон, компјутерот, таблет уредот или друг уред.
Апликацијата Album нуди забавни функции. На главниот екран се прикажуваат мали сликички, кои ќе можете да ги намалите или зголемите, да ги поврзете и вчитате во PlayMemories Online.
PlayMemories Mobile™ ви овозможува безжично префрлување на фотографии од фото апаратот во паметниот телефон или таблет уредот и, кај одредени модели, далечинско контролирање на фото апаратот преку паметен телефон или таблет уред.
Опремете ги вашите уреди со PlayMemories Mobile™ со ова лесно преземање.
Оваа услуга за преземање апликации постојано го надградува вашиот фото апарат со нови функции по ваш избор. PlayMemories Camera Apps™ овозможува поедноставно користење на фото апаратот, обработка на вашите фотографии и нудат нови креативни опции.
PlayMemories Camera Apps™ ви нуди пристап до нови возбудливи функции и можности.