Иновативни начини за да се обезбеди струја за сите

Sony Computer Science Laboratories, Inc. (Sony CSL) се стреми да пронајде поиновативни начини за да обезбеди струја од обновливи извори на енергија, за да им помогне на сите заедници во светот.

Што се отворени енергетски системи?

Со зголемување на побарувачката за обновливи извори на енергија, нестандардните отворени енергетски системи автоматски управуваат со струјата во заедниците според побарувачката од индивидуалните домови и деловни објекти, како и променливите производствени тарифи од обновливите извори на енергија.

Стандардни системи за електрична енергија
Стандардни системи за електрична енергија
Отворени енергетски системи
Отворени енергетски системи

Енергија со која се управува во заедницата

Струјата се генерира централизирано, а потоа се дистрибуира преку водови што се протегаат на големи растојанија, за да пристигне во домовите и деловните објекти. Отворените енергетски системи, пак, се одликуваат со децентрализирана дистрибуција на струја и мрежа од батерии за складирање наменети за обновливите извори на енергија. Потоа енергијата се распределува помеѓу локалните корисници во мрежата.

Ефикасно распределување на енергијата помеѓу корисниците
Ефикасно распределување на енергијата помеѓу корисниците

Локално добиената обновлива енергија е резултат на директна и ефикасна дистрибуција на енергија со рамноправен пристап. Отворениот енергетски систем со DC-струја (DCOES) користи DC-енергија што се генерира со соларни панели, се складира во батерии и се распределува преку механизам за дистрибуција со рамноправен пристап.

Понезависни и посигурни струјни системи

Отворениот енергетски систем го подобрува генерирањето обновлива енергија преку автономна размена на електрична енергија. OES функционира независно од стандардната напонска мрежа и затоа е од огромно значење на места без сигурни електродистрибутивни мрежи или на места со чести прекини на напонот.

Понезависни и посигурни струјни системи
Имплементација на отворен енергетски систем со DC-струја

Зградите во факултетот при институтот за наука и технологија во Окинава (OIST) се опремени со отворен енергетски систем со еднонасочна струја (DCOES). Sony CSL ја демонстрира автономната размена на електрична енергија уште од декември 2014 година.

Yoshiichi Tokuda
Електрична енергија за сите луѓе во светот

Yoshiichi Tokuda

Sony CSL

Истражувањето и развојот на нови системи за одржливо напојување, познати како отворени енергетски системи (OES), започна во 2010 година со проектот за јавен приказ на светското фудбалско првенство за луѓето што живеат без електрична енергија. Користејќи соларна енергија, повеќе од 10 заедници без електрична енергија во северниот дел на Република Гана ги гледаа натпреварите од FIFA World Cup South Africa™ 2010.
Продолжуваме со развојот, во моментот во Окинава, на технологија за автономната размена на еднонасочна електрична енергија, што овозможува користење на струјата генерирана од локални обновливи извори и нејзина ефикасна дистрибуција во области без големи електрани или електрични мрежи за дистрибуција.
„Електрична енергија за сите луѓе во светот преку системи за одржливо напојување што користат обновлива енергија“ е само дел од иднината што Sony CSL се надева дека ќе ја реализира.

Sony Computer Science Laboratories, Inc.

Ние се трудиме да ги искористиме придобивките од нашето истражување за да поттикнеме позитивна промена во животот на сите луѓе. Ние во Sony CSL сме инспирирани да создаваме технологии и бизниси што имаат огромен потенцијал за посветла иднина за сите“.

Sony CSL

Дознајте повеќе за технологијата на Sony