Поради карактеристиките на слушалките со микрофон, преносот помеѓу плеерот и левиот звучник на слушалките се приоритизира, а тоа може да предизвика прекини или отсуство на звук од десниот звучник на слушалките.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако ги користите слушалките за повици, звукот ќе се слуша само преку левиот звучник на слушалките со микрофон.
Прочитајте го следното и применете ги соодветните решенија:
Во опкружувања каде што Wi-Fi, микробранови печки, безжични телефони или други уреди емитуваат радиобранови со фреквенција од 2,4 GHz, проблемот може да се реши со поставување приоритетна или стабилна врска на слушалките.
ЗАБЕЛЕШКА: ако користите iPhone, iPad или други уреди со Bluetooth® што се компатибилни со кодекот AAC, секогаш треба да го избирате режимот со приоритет за квалитет на звукот.
Режимот за квалитет на звук треба да го поставите на приоритет на стабилна врска:
За паметни телефони:
Кога користите паметен телефон, режимот се поставува преку наменската апликација Headphones Connect.
1. Инсталирајте ја апликацијата Headphones Connect преку Google Play.
2. Поврзете ги слушалките со микрофон со вашиот паметен телефон, а потоа вклучете Headphones Connect и променете ги поставките
За Walkman плеери:
1. Изберете Поставки.
2. Изберете поставки за поврзување со Bluetooth®/аудио уред
3. Изберете квалитет на безжична репродукција
4. Поставете приоритет на SBC врската.
5. Рестартирајте ја врската со слушалките со микрофон
1. Рестартирајте ги слушалките со микрофон, а потоа поврзете ги со плеерот.
2. ИСКЛУЧЕТЕ го напојувањето.
Притиснете го копчето на левиот звучник на слушалките сè додека не почне да трепка синиот индикатор(2 сек.). Десниот звучник на слушалките ќе се исклучи истовремено. Двата звучника ќе се исклучат автоматски штом ги ставите слушалките во футролата за полнење
3. ВКЛУЧЕТЕ го напојувањето.
Притиснете ги копчињата на двата звучници сè додека не почнат да трепкаат сините индикатори (2 сек.).
4. Приклучете ги слушалките со микрофон во плеерот и проверете дали репродуцираат звук.