Објективи од иднината, од Sony

Стандардите за објективите се менуваат

Напредоците во перформансите на фотоапаратите и сè поголемите креативни идеали бараат нов пристап кон технологијата за објективи. Објективите мора да еволуираат за да останат во тек со технологијата.

Со јасна замисла за иднината на фотоапаратите, Sony ги подобри и објективите.

Конечно добивме спој од висока резолуција и прекрасно дефокусирање, од предводникот во иновациите за обработка на слики.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Нови стандарди за објективи

Високата резолуција и прекрасното дефокусирање се обединуваат во објектив кој нуди нови креативни можности за обработка на слика и уметност.

Ново ниво на резолуција

За иднина со висока резолуција

Резолуцијата ги открива деталите што се неопходни за убавина. Овие извонредни објективи ќе продолжат да нудат прекрасни детали дури и во далечната иднина.

Резолуција која е понапредна од еволуцијата

Кои се предусловите за заменливите објективи што ќе останат важни во однос на перформансите на фотоапаратите кои постојано еволуираат? Sony, како компанија која во голем дел ја предводи еволуцијата, ги има одговорите за тоа. 

Вистината се крие во деталите

Највисоките стандарди за дизајн досега нудат извонредни детали и текстура. MTF графиконите покажуваат дека сме посветени на подобрување на резолуцијата. Сликите се доказ.

[1]Голем контраст [2]Мал контраст *Сликите се сиумлирани.

Ново ниво на дефокусирање

Реализирајте ја вашата визија

Надминувајќи ја реалноста и навлегувајќи во светот на визуелно волшепство, прецизноста од 0,01 микрони кај новите (екстремно асферични) елементи на објективите ја доловува реалноста и убавината на секоја слика.

Прецизност на површината за подобро дефокусирање

Асферичните објективи се изработуваат потешко од едноставните сферични објективи. XA елементите на објективите се одликуваат со екстремна прецизност на површината која ги елиминира оптичките несовршености за да се добие најубавото дефокусирање.

[1-1] Стандардна асферична површина на објективот [1-2] Непосакувани резултати со дефокусирање [2-1] XA (екстремно асферична) површина на објективот [2-2] Прекрасни резултати со дефокусирање

Рамнотежата е најважна

Оптиката која уште на почетокот била дизајнирана да обезбеди извонредно дефокусирање, како и посебната калибрација на секој објектив, овозможуваат рамномерни транзиции од екстремна острина до прекрасно и рамномерно дефокусирање.

 [1] Непожелно дефокусирање [2] Прекрасно дефокусирање со префинет дизајн

Напредна симулација за дизајн на дефокусирањето

За дизајнирање извонредно дефокусирање се користи напредна компјутерска симулација во оптиката, така што се добива рамномерно и меко дефокусирање на заднината без несоодветни линии или рабови.

Професионална контрола и ракување

Многу повеќе од прекрасни слики

Секој аспект на објективите од серијата G Master е прилагоден за целосно исполнување на професионалните потреби во студијата или на терен. Ненадминатите перформанси за обработка на слика се надополнети со извонредна брзина, ефикасност и сигурност.

Софистицираните мотори го подобруваат фокусот

Моторите со водечка технологија во индустријата овозможуваат побрзо и попрецизно фокусирање во рачен или автоматски режим. Беспрекорната прецизност при фокусирањето помагаат во реализирање на целосниот потенцијал на овие извонредни објективи.

Беспрекорно ракување и сигурност

Цврстата конструкција, практичните контроли и дизајнот кој е отпорен на прав и влага се само дел од карактеристиките што придонесуваат за неверојатните перформанси во секоја прилика за фотографирање.