Ново рециклирано пакување за Aibo

Создадовме ново револуционерно пакување. Отсега Aibo ќе се испорачува добро завиткан и заштитен од оштетување, во обложено пакување создадено од 50% рециклирани пластични шишиња од PET (полиетилен терефталат).

Намали, употреби повторно и рециклирај - принципите за еколошки дизајн на компанијата Sony

Согласно својот глобален еколошки план „Патот кон достигнување на нулата“, компанијата Sony продолжува да работи кон намалување на потрошувачката на енергија и зголемување на повторната употреба и рециклирањето материјали од сите свои производи и деловни активности.

Заштита на скапоцените предмети

Новото рециклирано пакување на aibo цврсто го обвиткува и заштитува aibo сè додека не дојде на свет во ново семејство. Произведено е со рециклиран материјал од пластични шишиња и може да се обликува според aibo или други производи.

Слика од Наградено одржливо пакување
Наградено одржливо пакување

Освоена престижната награда AsiaStar од Азиската федерација за пакувања    

Пакувањето за aibo од Sony ја освои наградата AsiaStar 2018 за еколошко пакување (еколошки одржливо пакување) од Азиската федерација за пакувања. Наградата се доделува за пакување што е „дизајнирано земајќи ги предвид штетните влијанија врз животната средина предизвикани од пакувањата и производите во текот на нивниот работен век“.

Како се изработува пакувањето

Од пластични шишиња до новото пакување на aibo

Пластичните шишиња се [1] собираат, [2-3] сецкаат, [4] додаваат во нова „волна“ од полиетилен терефталат во сооднос од 50-50 и се плетат во фолија за обложување со дебелина од 3 мм, која понатаму се [5] испорачува во ролни и [6] се обликува во [7] новото пакување за aibo.

Дизајнирање уникатно пакување за уникатен производ

Предизвик за кој се потребни и дизајн и технологија

Дизајнерите и инженерите работеа заедно за да ги реализираат и еколошките цели и концептот на будењето на aibo од заштитното пакување, земајќи го предвид дизајнот, трошоците и отпорноста на гребење. Големиот процент на рециклирани материјали, исто така, создаде повеќе предизвици.

Повеќе рециклирање преку иновација

Зголемувањето на соодносот на рециклирани материјали во текстилот ја намалува неговата „густината на врзување“ што предизвикува проблеми со цврстината и задржувањето на формата, па затоа рециклираните материјали се мешаат со нови материјали. За пакувањето на aibo употребивме слој, како и ексклузивен процес со кој успешно го зголемивме соодносот на материјали од пластични шишиња до неверојатни 50%.

Интегрирана единечна структура

Пакувањето на aibo е изработено од слој од PET за обложување и отпорност на удари. Пакувањето содржи 50% рециклирани материјали и има иновативната трослојна структура со празна внатрешност, создавајќи мек простор за складирање што апсорбира удари и цврсто надворешно куќиште.

Зачувување ресурси и подобар прв впечаток

Производите што се испорачуваат во картонски кутии треба одвнатре да се заштитат од вода и прав со ќеси и прекривки. Густите влакна на обложеното пакување на aibo се далеку поотпорни на надворешни нечистотии и затоа не е потребна дополнителна заштита, а тоа значи зачувување повеќе ресурси и одличен прв впечаток кога прв пат ќе го запознаете aibo.

Не е потребно мастило

Името на aibo се втиснува на пакувањето наместо да се печати и затоа не се потребни хемикалии и производи од масло поврзани со мастило, што помага во намалување на штетното влијание врз животната средина.

Motohiro Sato

Оддел за дизајн на пакување и инженерство

Production Design Division
Sony Global Manufacturing & Operations Corporation

Слика од Motohiro Sato

Започнавме да го дизајнираме пакувањето на aibo со цел да искористиме „50% рециклиран материјал од PET-шишиња“, а предизвикот беше да го постигнеме тоа зголемување од тогашните 30% што веќе беа постигнати минатата година.
Нашата континуирана потрага по „добар материјал за обложување“ и желбата да ја пренесеме „замислата како aibo спие“ ја усложнија формата на материјалот за обложување, како и неговото дизајнирање и производство, но сепак успеавме да ги надминеме овие предизвици и да ја оствариме целта.
Ќе продолжиме да работиме на влијанието што го имаат материјалите за пакување врз животната средина и ќе се обидеме уште повеќе да го зголемиме соодносот на рециклираните материјали од пластични шишиња што ги користиме.

Слика од Kenichi Hirose
Kenichi Hirose

Графички дизајнер

Creative Center
Sony Corporation

Во 2014 година започнавме со развој на обложено пакување сакајќи да создадеме нов стил на пакување. Прво требаше да одлучиме за составот на материјалот за обложување, па затоа направивме неколку прототипи со различна мешавина, методи за нивно производство итн. Потоа се обидовме да го изработиме обложеното пакување од PET-материјали рециклирани од пластични шишиња.
Со ова пакување, што корисникот ќе го види при запознавањето со aibo, го обвиткавме целото тело на aibo со материјал што нуди комбинација од цврстина и мекост. Пакувањето го обвиткува и заштитува aibo. 
Во иднина ќе произведеме уште понапредно пакување, со цел да се доближиме до целта за користење 100% рециклирани материјали. Се надеваме дека ваквиот стил на пакување ќе влијае позитивно врз свеста за животната средина на луѓето.