Регистрирајте се за да бидете меѓу првите кои ќе дознаат за иднината на RGB-телевизорите
OOFM
.
...
Поприродни и пореалистични бои
Оваа нова генерација на екрани користи густо распределено RGB LED-задно осветлување, каде што црвената, зелената и сината светлина се контролираат независно. Овозможувајќи самостојно емитување светлина за секоја боја, екранот може да прикаже поширока палета на бои со поголема јасност и прецизност, што резултира со слики кои изгледаат побогато и пореално и кои се поблиску до замислата на креаторите на содржини.
...
Интелигентна контрола за секоја сцена
Ексклузивната обработка на сигнали на Sony врши анализа на случувањата на екранот во реално време и прецизно ги контролира боите и светлината за секоја сцена. Тоа придонесува за зачувување на ситните детали, рамномерните нијанси и природните тонови, почнувајќи од премногу светлите површини, па сè до површините со сенки, дури и во сложените сцени или сцените со висок контраст.
...
Неверојатна светлина со контраст како во кино
Одликувајќи се со извонредно висока максимална светлина и прецизна контрола на осветлувањето, екранот прикажува силни светли тонови, а воедно ги задржува деталите и длабочината во потемните површини. Како резултат се добива пореално доживување при гледањето, слично како во кино, за филмови, спорт и игри.