Ги намалуваме емисиите на фабриката

Во Јапонија, но и низ целиот свет, имајќи ја предвид животната средина, компанијата Sony промовираше иницијативи за начинот на кој работат нашите производи и многуте начини на кои се произведуваат.

Фабрички процеси што водат грижа за животната средина

Компанијата Sony се фокусира на намалување на своето влијание врз животната средина започнувајќи од местата каде што се раѓаат нејзините производи. На пример, за производство на CMOS-сензорите за слика е потребна екстремна климатизација на чистите простории. Преземавме чекори со кои просториите станаа енергетски ефикасни, а притоа ги задржавме нивоата за квалитет во работниот простор потребни за производство на еден од нашите врвни технички производи.

CMOS-сензори создадени во нови и енергетски ефикасни простории
CMOS-сензори создадени во нови и енергетски ефикасни простории

Чисти простории за прецизно производство што се енергетски ефикасни

CMOS-сензорите за слика се електронските очи на паметните телефони и дигиталните фотоапарати, а со нив се опремени сите уреди Xperia™ и други уреди. Најновите полуспроводници како CMOS-сензорите за слика не може да се произведат без чиста просторија, а потребна е и многу енергија за одржување на потребните температури, влажност и чистота.

Сите придонесуваат за подобра животна средина

Поттикнување на работниците да создаваат иновативни и еколошки решенија

За да се исполнат строгите предуслови за чистата просторија што се потребни за врвна обработка на полуспроводници, треба да се искористи искуството на акционерите. Тие се најважни во напорите за намалување на штетните влијанија и исполнување на стандардите за чистата просторија што се потребни за квалитет на производите и производство со голема продуктивност.

Сите придонесуваат за подобра животна средина

Случај 1: Nagasaki Plant

Искористување на отпадната топлина
Уште поголемо искористување на енергијата што веќе ја имаме

Рециклирање на вишокот топлина за намалување на вкупната потрошувачка на енергија

Се фокусиравме на системот за климатизација во Nagasaki Technology Center за да ја намалиме потрошувачката не енергија. При производството на полуспроводници, многу е важно температурата и влажноста во чистата просторија да се одржуваат во определен опсег. За да го постигнеме тоа, температурата на воздухот што се внесува од надвор се прилагодува преку ладење или загревање.

Енергијата за парното греење на ова фабрика досега потекнуваше од горење фосилни горива. Заменувајќи ги горивата со топлината што ја генерира опремата што работи во фабриката, успеавме да ја зголемиме нашата енергетска ефикасност за прибл. 2,1 пати.

[1] Проток на воздух од фабрика за климатизација [2] Опрема за ладење [3] Бојлер [4] Фабрика за полуспроводници

Пред

Претходниот систем имаше бојлер за мешање нормален и изладен воздух за прецизна контрола на температурата на воздухот во чистата просторија. За да се одржува постојана собна температура, машината во чистата просторија требаше да се лади со изладениот воздух што се исфрла надвор од чистата просторија како отпадна топлина. Таа топлина не беше продуктивно искористена.

Потоа

Кај новиот систем, отпадната топлина од машината во чистата просторија ја замени пареата што ја генерираше бојлерот за контрола на температурата во чистата просторија. Успеавме да ја рециклираме и искористиме отпадната топлина, а успеавме и да ја намалиме потрошувачката на фосилни горива и емисиите на CO2.

Зголемување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на CO2

[1] годишно

Поголема енергетската ефикасност и помали емисии на CO2

Новиот систем обезбеди зголемување на вкупната енергетска ефикасност преку пренамена на отпадната топлина и намалување на нашите емисии на CO2 преку намалување на потрошувачката на фосилни горива. Новиот систем ги намали нашите емисии на CO2 за прибл. 52% - од прибл. 9300 тони на претходната конфигурација на прибл. 4400 тони.

Мерките за заштеда на енергија не го намалија производството

Shinnosuke Baba

Sony Semiconductor Manufacturing Corporation
Facility Div.

Shinnosuke Baba

Nagasaki Technology Center произведува главно полуспроводливи CMOS-сензори за слика за камерите во паметните телефони. За да им обезбеди висококвалитетни производи на корисниците во целиот свет, нашиот оддел за внатрешни услуги работи непрекинато за да обезбеди стабилна енергија за целата производствена структура што ќе се искористи ефикасно.

Си го поставивме прашањето, „Колкава количина од отпадната топлина може да искористиме?“. Новиот систем прибира и искористува значителна количина од отпадната топлина што ја генерираат нашата производствена опрема и помошните установи. Со примена на нашето искуство и анализирање на податоците, успеваме подобро да го контролираме балансот на топлината за да имплементираме мерки за заштеда на енергија без намалување на производството. Сакаме луѓето да можат да кажат дека ова што го правиме е навистина одлично!

Случај 2: SDT Thailand

Намалување на потребите за климатизација
Попаметна и поефикасно климатизација

Sony Device Technology (Thailand) Co., Ltd. (SDT) врши составување и испорака на полуспроводници. Со пренасочување на протокот на воздухот користејќи „делумна климатизација“ и зголемување на температурата на ладената вода, компанијата успеа да ги одржува чистите простории со многу помалку енергија.

[1] Фабрика за климатизација [2] Изладен воздух [3] Загреан воздух [4] Фабрика за производство

Пред

Моќни вентилатори дуваа ладен воздух од таванот за да ја изладат целата просторија и опремата, а отпадната топлина се исфрлуваше преку отвори во подот.

Потоа

Новиот систем користи природна конвекција, а ладниот воздух навлегува на подот кај опремата што генерира топлина. Потоа топлиот воздух природно се подигнува до таванот за да се рециклира и со себе ги изнесува честичките прав од работните површини.

Одлично за енергетската ефикасност, но и за Sony

Оптимизирање на протокот на воздух за поголема ефикасност

Новиот систем ги намали емисиите на CO2 за прибл. 67% во споредба со претходниот систем, од прибл. 4.000 тони до прибл. 1.300 тони. Новите уреди HVAC поефикасно го контролираат протокот на воздух со тоа што го насочуваат директно кон опремата. Новите стратегии за проток на воздухот го пренесуваат несаканиот прав од работните површини до таванот.

Одлично за енергетската ефикасност, но и за Sony

[1] годишно

Hirotoshi Kikuchi
Симулација на идеална рамнотежа меѓу енергија и перформанси

Hirotoshi Kikuchi

Sony Technology (Thailand) Co.,Ltd
CWS-Asia Pacific OFFICE

Управувањето со енергијата во фабриката претставува континуирана потрага по начини за одржување на производствениот квалитет, користење помалку енергија и намалување на влијанието врз животната средина. За да создадеме систем за климатизација врз основа на природна конвекција на воздухот ни беа потребни многубројни симулации и анализи на податоци. Овој систем е многу поинаков од стандардните AC-системи, па затоа ни беше потребна поддршка од работниците во производството кои требаше да проверат дали има појава на несакани ефекти во нивната работна средина.

Овој систем е инсталиран и во фабриката за составување на телефоните Xperia™ во Тајланд (Sony Technology (Thailand) Co., Ltd). Другите фабрики во Азија треба да ја обноват нивната помошна опрема во блиска иднина и се надеваме дека на тој начин ќе ги подобриме нашите мерки за заштеда на енергија. Се надеваме дека ќе постигнеме уште поголеми заштеди на енергија и ќе продолжиме да ја зголемуваме испораката на производи од Sony низ целиот свет, произведени во фабрики што немаат лошо влијание врз животната средина.

ПОВРЗАНИ ПРОИЗВОДИ

Мобилни уреди, таблет-уреди и паметни уреди
Мобилни уреди, галантерија и паметни уреди

Дознајте повеќе за технологијата на Sony

Проектори за следната генерација
Проектори за следната генерација
Иновативни начини за да се обезбеди струја за сите
Иновативни начини за да се обезбеди струја за сите
Многубројни добри идеи
Многубројни добри идеи