Ако планирате да посетите некој од музичките фестивали во есента 2016 година, подгответе се! Музичките фестивали се еден од најдобрите начини да ги видите сите ваши омилени групи, да запознаете нови луѓе, да уживате во одлична храна и да создадете нови спомени.
Најважно за одлично доживување на музичките фестивали е да бидете подготвени! За ваша среќа, ние составивме листа со најпотребните работи за музичките фестивали која ќе ви помогне да одлучите што да облечете, што да спакувате и како да се подготвите за големиот настан.
Погледнете го овој водич за преживување музички фестивали пред да се впуштите во најдобриот викенд во животот.
За разлика од Coachella, Lollapalooza и другите жешки летни музички фестивали, на есен ќе се соочите со мошне посвежо време.
Дами, сè уште можете да зрачите со боемски вибрации доколку вклучите кимоно со печатени апликации или капа за сонце во вашата облека. Ако не сакате поголемиот дел од времето да го минувате смрзнати и очајни - оставете ги кратките маички дома.
Господа, облечете тенка јакна или капче за дополнителна топлина. Слоевите се најважни. На овој начин, кога потскокнувате во шаторот за танцување, можете лесно да го соблечете дополнителниот слој облека за да се разладите.
Главното правило и за машките и за женските е да имате удобни чевли. Патиките со рамно дно како Vans или Converse ќе ви станат најдобри пријатели по долгиот ден исполнет со танцување и трчање од една сцена на друга.
Сигурни сме дека сте се погрижиле за основните работи (т.е., вашиот билет/лента за на зглоб, телефонот и дополнителни пари), но еве уште некои важни работи без кои не би сакале да бидете на музичките фестивали:
Кремa за сончање
Кога танцувате под сонцето цел ден, кремот за сончање со висок фактор на заштита е задолжителен. Немојте ниту да помислите да го занемарите. Ако го направите тоа, веројатноста е голема да имате непријатни изгореници на работа или на училиште следниот ден.
Евтини очила за сонце
Музичките фестивали не се најдоброто место за покажување на вашите омилени дизајнерски очила за сонце. Ако планирате да ве понесе толпата (па дури и ако се обидете да се пробиете до предните редови), веројатноста е голема дека некој ќе ви ги турне или ќе ги скршите или загубите.
Вода во шише за повеќекратна употреба
Запомнете, дехидрацијата е сериозна работа. Ако правилата на фестивалот го дозволуваат тоа, понесете вода во шише за повеќекратна употреба и однапред проверете каде се наоѓаат станиците за дополнување. Вашето тело ќе ви биде благодарно.
Средство за дезинфекција/влажни марамчиња
Преносливи тоалети … сè е кажано.
Пренослив полнач
Помеѓу објавувањето на сите моменти за паметење на Instagram и објавувањето на вашите омилени музички настапи на Snapchat, веројатноста е голема телефонот да ви снема енергија. Преносливиот полнач може да ја спаси ситуацијата, особено ако сте се разделиле со пријателите.
Безжични звучници
Ако планирате да ги преспивате ноќите во кампот на музичкиот фестивал, ќе сакате да имате безжични звучници во шаторот за забавата да продолжи. За најдобро доживување при слушањето, погледнете го врвниот звучник со Bluetooth® и звук со висока резолуција на SONY и уживајте во остар и јасен звук со квалитет со висока резолуција. Сличноста меѓу музиката што ја слушате и настапите во живо ќе ве изненади.
Испланирајте го денот според изведувачите кои сакате да ги видите.
Направете распоред или преземете ја апликацијата на фестивалот неколку дена пред започнувањето. Веројатно ќе имате неколку конфликти во распоредот и на крајот ќе испуштите неколку настапи, но планирањето однапред ќе ви помогне во целост да го искористите времето што го имате на располагање.
Запишете ги телефонските броеви на вашите пријатели на хартија.
Пред да стигнете на местото на настанот, проверете дали сте ги запишале броевите на сите ваши пријатели на хартија која можете да ја ставите во паричникот. Во случај телефонот да ви се испразни во текот на денот и да морате да позајмите телефон од некој друг, ќе знаете како да се поврзете со екипата.
Договорете соборно место.
Неизбежно е дека некогаш ќе се одделите од вашата група за време на фестивалот. Бидејќи покриеноста на сигналот на мобилните телефони може да биде непостојана, договорете соборно место на кое ќе се сретнете со пријателите по завршувањето на настапот.
Однапред направете музичка листа за репродукција.
Тоа е одличен начин да се запознаете со музиката на изведувачите на фестивалот. Разгледајте ги и „помалку прочуените“ изведувачи! Музичките фестивали нудат одлична можност да откриете нови изведувачи.