Слика од Брз и цврст надворешен SSD
Слика од Брз и цврст надворешен SSD
Слика од Брз и цврст надворешен SSD
Слика од Брз и цврст надворешен SSD
Беспрекорна брзина и цврстина за професионалци

Добијте врвни перформанси со нашите SSD-дискови од серија SL-M

Нашата серија SL-M е неверојатно брза и издржлива и совршена за складирање фотографии со висока резолуција, видеоснимки со висока резолуција и други мултимедиумски содржини што содржат многу податоци. Брзината на читање и запишување до 1000 MB/s со технологија NVMe преку интерфејсот SuperSpeed USB 10 Gbps (USB 3.2 Gen 2) ги забрзува сите чекори од вашиот професионален работен процес, овозможувајќи поефикасно правење резервни копии, дуплирање и уредување. Има ознака IP67 за цврстина и отпорност на паѓање од висина до 3 метри, за да се фокусирате на креативноста наместо да се грижите за податоците.

Неверојатно брзи работни процеси, без исклучоци

Брзо складирање, уредување и правење резервни копии од професионални содржини во студиото или во движење

Слика од маж кој префрлува податоци
Забрзајте ги работните процеси

Брзата врска и високите брзини за пренос на податоци овозможуваат брзо правење резервни копии, проверки, уредување и дообработка на содржини, во студиото или на местото каде што снимате. Тоа е идеално за работа со големи датотеки со многу податоци или со кратки рокови.

Префрлувајте податоци со неверојатно голема брзина

Одликувајќи се со технологијата NVMe SSD и интерфејс SuperSpeed USB 10 Gbps (USB 3.2 Gen 2), серијата SL-M достигнува брзина на читање и запишување до 1000 MB/s. Намалувањето на брзината е помало при копирање големи датотеки (слика 1: споредба помеѓу 500 GB и 1000 GB) или при повеќекратно презапишување (слика 2: споредба помеѓу 1 пат и просек од 10 пати) благодарение на нашиот најнов контролор за SSD.

Префрлување податоци со неверојатно голема брзина
Неверојатна цврстина и издржливост 

Издржливост на која може да ѝ верувате, без разлика каде работите и какви се условите

Водоотпорност IP67
Водоотпорност IPx7 

Серијата SL-M е изработена од водоотпорни компоненти, вклучувајќи и приклучок USB Type-C® што е водоотпорен дури и без заштитно капаче, а може и да се потопи во вода на длабочина до 1 метар во период до 30 минути.    

Отпорност на прав IP67
Отпорност на прав IP6x

Со потполната заштита од прав, песок и нечистотии може да бидете сигурни дека вашите драгоцени содржини ќе бидат заштитени во сите услови и опкружувања.   

Отпорност на паѓање од висина до 3 метри
Отпорност на паѓање од висина до 3 метри

Иновативно и едноделно алуминиумско куќиште со конструкција отпорна на удари што им овозможува на овие извонредно издржливи дискови да не се оштетат при паѓање од висина до 3 метри.

Отпорност на притисок до 6000 kgf
Отпорност на притисок до 6000 kgf

Нашите дискови од серија SL-M со спецификации TOUGH се дизајнирани за секојдневна употреба и имаат алуминиумско куќиште што може да издржи притисок до 6000 kgf.

Отпорност на виткање до 2000 kgf
Отпорност на виткање до 2000 kgf

Извонредно цврстото алуминиумско куќиште на овие дискови е отпорно на виткање до 2000 kgf, што значи дека се доволно цврсти за да ги носите кога патувате или фотографирате.

Ергономски дизајн

Цврсти, компактни и лесни за лесно ракување и користење

Алуминиум за извонредна цврстина 

Иновативното и едноделно алуминиумско куќиште, со конструкција отпорна на удари од сите страни, е цврсто и издржливо и нуди безгрижно користење и потполна заштита без разлика каде се наоѓате. 

Брановидна површина за подобар изглед и држење
Брановидна површина за подобар изглед и држење

Издржливата брановидна површина овозможува сигурно држење при носењето и организирањето на каблите, отпорна е на отпечатоци од прсти и го олеснува пронаоѓањето на дискот кога го носите во торба. 

Прегледен LED-индикатор
Прегледен LED-индикатор

LED-индикаторот е соодветно поставен за да можете лесно да го видите од горната и предната страна, за брза проверка на статусот за напојување. 

Сè што е потребно за лесна организација
Сè што е потребно за лесна организација

Со двете гумени ленти и листот со налепници ќе имате сè што ви е потребно за организирање на вашите содржини.

Обновете ги изгубените датотеки
Обновете ги изгубените датотеки

Понекогаш може случајно да избришете датотеки и фотографии. Апликацијата Memory Card File Rescue е моќна и практична алатка што обновува податоци. Корисниците на надворешни SSD-дискови од серијата SL-M од Sony можат да ја преземат бесплатно.

Складирајте содржини до 2 TB 

Безбедно и сигурно складирање на вашите скапоцени датотеки во пренослива меморија од 500 GB, 1 TB или 2 TB - капацитетот и брзината се доволни за складирање, уредување и организирање фотографии со висока резолуција, 4K-видеоснимки, проекти со дигитални содржини и многу повеќе.

Складирајте содржини до 2 TB

Спецификации и функции

Овој неверојатно брз и издржлив надворешен SSD-диск е совршено решение за фотографи / сниматели и креатори на содржини. Брзината на пренос до 1000 MB/s и алуминиумското куќиште со брановидна површина што е отпорно на вода, прав и удари овозможуваат побрзи и побезбедни професионални работни процеси.
  • Пренос на податоци со брзина до 1000 MB/s (читање и запишување) преку интерфејсот SuperSpeed USB 10 Gbps (USB 3.2 Gen 2) (USB Type-C®)

  • Отпорност на вода/прав (IP67) и удари

  • Стилско и цврсто алуминиумско куќиште со брановидна завршна обработка

  • Капацитет на складирање до 2 TB

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина