TriporousTM придонесува за чист свет
Нов и револуционерен материјал за филтрација со високи перформанси од Sony, рециклиран од отпадна биомаса.
Нов и револуционерен материјал за филтрација со високи перформанси од Sony, рециклиран од отпадна биомаса.
TriporousTM од Sony е уникатен материјал за филтрирање дизајниран за чистење вода и воздух, подобрување на безбедноста, хигиената и удобноста во различни средини низ целиот свет. Со помош на TriporousTM, компанијата Sony замислува иднина каде што сите ќе имаат пристап до чиста вода и воздух.
Добитник на наградите „Encouragement Award for 21st Century Inventions“ и „21st Century Contribution“ од Јапонскиот институт за пронајдоци и иновации.
TriporousTM е произведен од 100% биомаса. Технологијата на Sony одново го искористува вишокот биомаса за да го создаде TriporousTM што може да помогне во намалувањето на штетното влијание врз животната средина.
Во светот се депонираат 150 милиони тони лушпи годишно
[1] Азија (Бангладеш, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија, Јапонија, Мјанмар, Пакистан, Филипини, Тајланд, Виетнам): 136 Mt
[2] Африка (Египет, Нигерија): 6,16 Mt
[3] Јужна Америка (Бразил): 4,74 Mt
[4] Северна Америка (САД): 2,04 Mt
[5] Европа (ЕУ): 0,84 Mt
[6] Океанија (Австралија): 0,06 Mt
TriporousTM има пори во три различни големини што му овозможуваат да заробува поголеми органски супстанци и да заробува некои органски супстанци многу побрзо и поефикасно од стандардните филтри со активен јаглерод. Органските супстанци што се заробуваат во поголемите пори содржат бактерии и вируси, големи протеини како одредени алергени и ензими и многубројни големи органски молекули.
[1] TriporousTM [2] Активен јаглерод
Уникатната микроструктура на TriporousTM овозможува ефикасна адсорпција на гасови и непријатни миризби. Исто така, нуди подобри перформанси за отстранување големи органски супстанци од течности, како батериофагата MS2, во споредба со активниот јаглерод за адсорпција направен од кора на кокос што се користи за прочистување вода.
[1] Контаминација [2] Време (мин.) [3] Резултат со TriporousTM [4] Активен јаглерод направен од кора на кокос
Замислете си спортска облека без непријатни мириси; побрзи и поефикасни прочистувачи за вода и воздух; и подобрувања на најразлични производи, па дури и храна, козметика и електроника - неверојатно, но сето ова е можно со технологијата TriporousTM.
Филтрирањето со TriporousTM може да се користи за добивање чиста вода за пиење дури и во нехигиенски средини. Тоа би било многу корисно за земјите во развој.
TriporousTM може да го исчисти воздухот преку апсорбирање на загадувачки гасови. Тој може да помогне и во намалување на изложеноста на одредени видови на микроскопски честички (PM2,5) и фотохемиски смог.
Д-р Seiichiro Tabata
Пронаоѓач на Triporous
Sony Corporation
Додека истражував материјали за батерии, работев на создавањето на новиот порозен материјал TriporousTM. Создаден од биомаса од фрлени лушпи од ориз, тој има три вида на пори со различна големина (префиксот „tri“ во името потекнува од бројот три). Оваа уникатна микроструктура го прави материјалот погоден за многу потенцијални апликации. На пример, способноста на TriporousTM да отстранува вирусни честички може да помогне во обезбедувањето чиста вода во делови на светот што не се поврзани на електрична мрежа. Истражувањето и развојот сè уште се во тек. Со овој нов материјал што чисти вода и воздух, сакам да придонесам во реализацијата на поудобен и поодржлив живот за сите луѓе во светот.
Нов иновативен материјал за прочистување вода и воздух (само на англиски јазик)
Компанијата Sony започна да издава лиценци за TriporousTM. Ги замолуваме компаниите што планираат да го користат TriporousTM во своите производи и фабрики или, пак, сакаат да учествуваат во деловното работење со TriporousTM, да ги поставуваат своите прашања тука.