Нова дефиниција на звук
Убавата слика заслужува прекрасен звук. Телевизорите од Sony имаат уникатни и напредни технологии за звук што ќе ве внесат во центарот на случувањата за да уживате во извонредна забава.
Убавата слика заслужува прекрасен звук. Телевизорите од Sony имаат уникатни и напредни технологии за звук што ќе ве внесат во центарот на случувањата за да уживате во извонредна забава.
Со Acoustic Surface Audio+™ и режимот за централен звучник на телевизорот, звукот излегува директно од центарот на екранот преку механизми за придвижување на задната страна на телевизорот што вибрираат за да создадат акустика што се движи заедно со сликата. Освен тоа, двата сабвуфери создаваат моќен бас и просторен ефект со кој звукот патува од едната на другата страна на собата.
Поврзете засилувач во излезниот приклучок на задната страна на телевизорот за да го претворите во висококвалитетен централен звучник. Со Acoustic Surface Audio+™ ќе ги слушате сите зборови и ноти од филмовите и концертите директно од екранот.
Со технологијата Acoustic Surface Audio™, звукот доаѓа директно од екранот. Двата иновативни механизми за придвижување зад телевизорот вибрираат дискретно за да создадат звук што се движи во самата слика, така што дијалозите и специјалните ефекти може да се слушнат токму од местото каде што потекнуваат.
Седнете во првиот ред. Со Sound-from-Picture Reality™ и нашата технологија за звук Acoustic Multi-Audio™ ќе се чувствувате како дел од музичките концерти или филмовите.
Четирите звучници насочени нанапред, што се оптимално поставени на горната и долната страна на телевизорот, симулираат звук од центарот на екранот и прецизно ги усогласуваат сликите и звукот.
Надополнувањето на системот за звук со два високотонци за позиционирање на звукот на задната страна на телевизорот овозможува симулација на звук од центарот на екранот за прецизно усогласување на сликите и звукот.
ClearAudio+ од Sony е пакет технологии за звук што автоматски врши детално прилагодување на звукот од телевизорот, за да добиете пореалистично и прекрасно доживување, независно што гледате.