Подобрување на реалноста

Зад секој екран на телевизорите од Sony се кријат многубројни уникатни технологии за обработка на сигнали и контрола на панелот што заедно создаваат слика што ќе ве воодушеви.

8K од Sony - ексклузивно достапен со X1 Ultimate

Четири пати повеќе детали - нашата најреалистична слика досега 

Нашата технологија 8K HDR со 7680x4320 точки што ја создава нашиот препознатлив процесор X1™ Ultimate ви нуди четири пати поголема резолуција од 4K за да уживате во неверојатно доживување при гледањето. Сликите ќе го исполнат вашето видно поле со извонредна длабочина и текстура. Приближете се и уживајте во врвните детали што досега не сте можеле да ги видите.  

1080p-детали

1080p

4K детали

4K

8K-детали

8K

Моќта зад зголемување на резолуцијата до 8K

Со зголемување на резолуцијата 2K или 4K до 8K не се постигнуваат стандардите за исклучително висок квалитет на 8K, поради што се создава потреба за наменска технологија за зголемување на резолуцијата до 8K. Нашиот 8K X-Reality™ PRO ја задоволува таа потреба со ексклузивна 8K-база на податоци. Шемите во сцените се анализираат и подобруваат со помош на базата на податоци за да се пронајде најпрецизната текстура и лик за да добиете неверојатно детални слики што изгледаат како 8K-слики. 

Ненадмината 8K-светлина

Поради малата стапка на пренос, генерирањето светлина на 8K-екран е тешко. Со прецизно балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, независно затемнување и осветлување на LED-диодите, X-tended Dynamic Range™ PRO нуди опсег на светлина што е неколку пати поголем од опсегот на телевизорите со стандардно LED-задно осветлување. 

4K-квалитет на слика

Стандарден 4K-квалитет

Кога низ секоја точка поминува доволно светлина, екранот станува посветол и се намалуваат проблемите со брзината на пренос.

8K-квалитет на слика од Sony по зголемување на резолуцијата

Стандарден 8K-квалитет

Бидејќи густината на точките е поголема во 8K-резолуцијата, низ точките минува помалку светлина во споредба со 4K, па затоа екранот станува потемен.

Ненадминат контраст - подлабоки црни и посветли бели тонови

Backlight Master Drive прикажува ненадминат динамички опсег со неверојатно длабоки црни и прекрасни бели тонови. Овој систем на задно осветлување има извонредно густа структура на LED-диоди, уникатен алгоритам за локално затемнување и оптички дизајн.

Апсолутна контрола, извонредна уметност

НЕЗАВИСНА КОНТРОЛА НА LED-МОДУЛИТЕ

За да извлечете максимум од Backlight Master Drive, густата структура на LED-диодите се контролира преку нов и иновативен алгоритам. Секој LED-модул се контролира независно за да се создаде неверојатно прецизна слика.

Светлина на местата каде што е потребна

Calibrated beam LED design

Backlight Master Drive има уникатен дизајн што ја собира LED-светлината во една точка за да ги намали распрснувањето на светлината и ефектот на одблесок што можат да се забележат кај другите телевизори со Full Array LED. Тој овозможува сите LED-диоди да испуштаат прав зрак за јасна слика со живописни светли и темни тонови.

Стандарден дизајн

Стандарден дизајн

Calibrated beam LED design

Calibrated beam LED design

Обработка на сигнали 

Погледнете зошто нашите процесори се извонредни

Процесор за слика X1™ Ultimate

Процесор за слика X1™ Ultimate

Функции:

Object-based Super Resolution
Object-based HDR remaster
Super Bit Mapping HDR
Dual database processing
Dynamic Contrast Enhancer
Precision colour mapping

4K HDR Processor X1™ Extreme

Процесор 4K HDR X1™ Extreme

Функции:

Object-based HDR remaster
Super Bit Mapping HDR
Dual database processing
Dynamic Contrast Enhancer
Precision colour mapping

4K HDR Processor X1

Процесор 4K HDR X1

Функции:

Object-based HDR remaster
Super Bit Mapping HDR
Dynamic Contrast Enhancer

Сите предмети се анализираат и подобруваат

Object-based Super Resolution

Нашите телевизори со технологија Object-based Super Resolution ги откриваат предметите во сликата и ги зачувуваат деталите на екранот. Се препознаваат стотици предмети и нивната резолуција се подобрува индивидуално за да се добие исклучително прецизна и детална слика.

Боите и контрастот стануваат пореалистични

Object-based HDR remaster

Со Object-based HDR remaster, боите на предметите на екранот се анализираат и нивниот контраст се прилагодува, за разлика од повеќето телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Бидејќи предметите се преработуваат посебно, овој телевизор прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.

Помалку ленти за појасна слика

Super Bit Mapping HDR

Постојат илјадници тонови, нијанси и градации на светлина при зајдисонце. Super Bit Mapping HDR ги открива сите. Тој создава јасна и природна ТВ слика во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори.

Без Super bit mapping 4K HDR
8-БИТЕН ИЗВОР
8-битен извор во споредба со Super Bit Mapping 4K HDR
ПО 14-БИТНАТА ОБРАБОТКА

Гледајте повеќе детали со базите на податоци за намалување на шумот и зголемување на резолуцијата

Dual database processing

Едната база на податоци се користи за чистење на сликата и намалување на шумот на екранот. Втората се користи за зголемување на резолуцијата и зголемување на острината. Овие две бази на податоци за подобрување на сликата работат заедно за динамичко подобрување на точките во реално време. Двете бази на податоци имаат десетици илјади референтни слики, собрани од филмовите и содржините што ги создаваме за телевизија во изминатите години.

1. База на податоци за намалување на шум

Базата на податоци, која содржи податоци од типот „пред и потоа“ за тоа како треба да изгледаат сликите, го препознава шумот предизвикан од компресија и го отстранува.

2. База на податоци за зголемување на резолуцијата

База на податоци за зголемување на резолуцијата, исто така, содржи податоци од типот „пред и потоа“ што се користат за подобрување на сигналот и создавање пореалистична слика.

Моќ за подобрување на секоја слика 

Нашите легендарни чипови 4K X-Reality™ PRO и X-Reality™ PRO се толку специјални поради знаењето што го стекнавме од создавање и снимање филмски хитови и ТВ-серии. Шемите во секоја сцена се анализираат и подобруваат преку уникатни бази на податоци за да се пронајде најпрецизна нијанса, заситување и светлина за секоја резолуција.

  • Во секоја точка се внесува енергија
  • Нова дефиниција на реалистичност

Контрола на OLED-панелот 

Милиони OLED диоди што се контролираат посебно

Овој екран има милиони самоосветлувачки OLED-точки што се активираат посебно за репродукција на навистина реалистични слики. Поради тоа што точките се вклучуваат посебно, ќе можете да видите попрецизни детали, бои и сенки во секоја сцена благодарение на технологијата OLED.

Сигурност со OLED од Sony

Сигурност со OLED од Sony

Нашите OLED-телевизори спречуваат заостанати облици на екранот. X1™ Ultimate и 4K HDR X1™ Extreme откриваат кога се прикажува статична слика на екранот и ги поместуваат пикселите за да спречат појава на привремени или трајни заостанати облици.

Поширок опсег на поприродни бои 

Нашиот оригинален контролор за OLED-панели нуди максимален динамички опсег преку проширување на површината за репродукција на бои при висока светлина. Сликите се подобруваат со повеќе детали и текстури.

Контрола на LED-панелот 

Прекрасни бои од сите страни 

Страничното гледање телевизија нуди подеднакво задоволство како и централното гледање. Оригиналниот оптички дизајн X-Wide Angle-панел од Sony за контрола на светлината на задното осветлување овозможува приказ на реални бои, без разлика од каде гледате.

Доловување на целиот опсег на темни и светли тонови

Со прецизно балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, затемнување одредени површини и осветлување други, X-tended Dynamic Range™ PRO нуди три пати поголем опсег на светлина од стандардните телевизори со LED-задно осветлување. Тој ги подобрува сите извори до речиси HDR-квалитет со поширок опсег на светлина.

Динамичките сцени се светли и јасни

На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата најнова технологија X-Motion Clarity™ овозможува сè да биде јасно, светло и остро. Секое „трепкање“ се контролира посебно и неговото времетраење се оптимизира, а светлината се зголемува по потреба - за да не пропуштите ништо.

1. X-Motion Clarity

2. Стандарден телевизор

HDR и широка палета на бои

Ново доживување при гледањето

Технологија HDR

Високиот динамички опсег (HDR) го подобрува динамичкиот опсег на сликата и го зголемува контрастот помеѓу најсветлите бели и најтемните црни тонови. Сите точки стануваат попрецизни, независно од резолуцијата, а во сцените се додаваат повеќе детали за поголема реалистичност. Филмовите и сериите во HDR наликуваат повеќе на оригиналната снимка и на замислата на режисерот, со повеќе светлина, контраст и бои, за да добиете навистина реалистично доживување при гледањето.

Поширока палета на бои

TRILUMINOS™-екранот нуди врвен приказ на црвени, зелени и сини тонови - бои што се навистина тешки за прецизно прикажување на телевизор. Тој ги прикажува најмалите промени на боите за да добиете најдобра слика.