Прескокни до содржина

Подобрување на реалноста

Зад секој екран на телевизорите од Sony се кријат многубројни уникатни технологии за обработка на сигнали и контрола на панелот што заедно создаваат слика што ќе ве воодушеви.

Погледнете зошто нашите процесори се извонредни

4K HDR Processor X1™ Extreme

Процесор 4K HDR X1™ Extreme

Функции:

Object-based HDR remaster
Super Bit Mapping™ 4K HDR
Dual database processing
Подобрување на динамичкиот контраст
Прецизно мапирање на бои

4K HDR Processor X1

Процесор 4K HDR X1

Функции:

HDR преработка на предмети
Super Bit Mapping™ 4K HDR
Подобрување на динамичкиот контраст

Боите и контрастот стануваат пореалистични

Object-based HDR remaster

Со HDR преработка на предметите, боите на предметите на екранот се анализираат и нивниот контраст се прилагодува, за разлика од повеќето телевизори кај кои контрастот се прилагодува само по една црно-бела крива за контраст. Бидејќи предметите се преработуваат посебно, овој телевизор прикажува поголема длабочина, текстури и пореални слики.

Помалку ленти за појасна слика

Super Bit Mapping™ 4K HDR 

Ви нудиме илјадници тонови, нијанси и градации на светлина во зајдисонцата. Super Bit Mapping 4K HDR ги открива сите детали. Тој создава јасна и природна слика со 4K квалитет во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори.

Без Super bit mapping 4K HDR
8-БИТЕН ИЗВОР
8-битен извор во споредба со Super Bit Mapping 4K HDR
ПО 14-БИТНАТА ОБРАБОТКА

Гледајте повеќе детали со базите на податоци за намалување на шумот и зголемување на резолуцијата

Dual database processing

Едната база на податоци се користи за чистење на сликата и намалување на шумот на екранот. Втората се користи за зголемување на резолуцијата и зголемување на острината. Овие две бази на податоци за подобрување на сликата работат заедно за динамичко подобрување на точките во реално време. Двете бази на податоци имаат десетици илјади референтни слики, собрани од филмовите и содржините што ги создаваме за телевизија во изминатите години.

1. База на податоци за намалување на шум

Базата на податоци, која содржи податоци од типот „пред и потоа“ за тоа како треба да изгледаат сликите, го препознава шумот предизвикан од компресија и го отстранува.

2. База на податоци за зголемување на резолуцијата

База на податоци за зголемување на резолуцијата, исто така, содржи податоци од типот „пред и потоа“ што се користат за подобрување на сигналот и создавање пореалистична слика.

Моќ за подобрување на секоја слика

Нашите легендарни чипови 4K X-Reality PRO и X-Reality PRO се толку специјални поради знаењето што го стекнавме од создавање и снимање филмски хитови и ТВ-серии. Шаблоните во секоја сцена се анализираат и подобруваат преку уникатни бази на податоци, создавајќи најпрецизни нијанси, заситување и светлина за извонредна слика со 4K-резолуција.

Лого на 4K X-Reality™ PRO
Лого за X-Reality™ PRO
  • Во секоја точка се внесува енергија
  • Нова дефиниција на реалистичност

Милиони OLED диоди што се контролираат посебно

Овој екран има милиони самоосветлувачки OLED-точки што се активираат посебно за репродукција на навистина реалистични слики. Поради тоа што точките се вклучуваат посебно, ќе можете да видите попрецизни детали, бои и сенки во секоја сцена благодарение на технологијата OLED.

OLED телевизор од Sony со планински пејзаж прикажан на екранот

Сигурност со OLED од Sony

Нашите OLED телевизори спречуваат појава на заостанати облици на екранот. 4K HDR Processor X1™ Extreme открива кога се прикажува статична слика на екранот и ги поместува пикселите за да спречи појава на привремени или трајни заостанати облици.

Ненадминат контраст - подлабоки црни и посветли бели тонови

Backlight Master Drive прикажува ненадминат динамички опсег со неверојатно длабоки црни и прекрасни бели тонови, благодарение на процесорот 4K HDR X1™ Extreme. Овој систем на задно осветлување има извонредно густа структура на LED-диоди, уникатен алгоритам за локално затемнување и оптички дизајн.

Контрола на задно осветлување
КОНТРОЛА НА ЗАДНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Споредба помеѓу контрола на задно осветлување и Backlight Master Drive™
BACKLIGHT MASTER DRIVE 

DISCRETE LED CONTROL

Апсолутна контрола, извонредна уметност

За да извлечете максимум од Backlight Master Drive, густата структура на LED диодите се контролира преку нов алгоритам. Секоја LED диода се контролира дискретно за да се создаде неверојатно прецизна слика.

Светлина на местата каде што е потребна

Calibrated beam LED design

Backlight Master Drive има уникатен дизајн што ја собира LED-светлината во една точка за да ги намали распрснувањето на светлината и ефектот на одблесок што можат да се забележат кај другите стандардни LED-телевизори. Тој овозможува сите LED-диоди да испуштаат прав зрак за јасна слика со живописни светли и темни тонови.

Стандарден дизајн

Стандарден дизајн

Calibrated beam LED design

Calibrated beam LED design

Доловување на целиот опсег на темни и светли тонови

Со прецизно балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, затемнување одредени површини и осветлување други, X-tended Dynamic Range PRO™ нуди три пати поголем опсег на светлина од стандардните телевизори со LED-задно осветлување и ги подобрува сите извори до речиси HDR-квалитет со поширок опсег на светлина.

Динамичките сцени се светли и јасни

На некои екрани, во спортските сцени и сцените со брзи движења може да се појави заматување. Нашата најнова технологија X-Motion Clarity овозможува сè да биде јасно, светло и остро. Секое „трепкање“ се контролира посебно и неговото времетраење се оптимизира, а светлината се зголемува по потреба - за да не пропуштите ништо.

1. X-Motion Clarity

2. Стандарден телевизор

Ново доживување при гледањето

Технологија HDR

Високиот динамички опсег (HDR) го подобрува динамичкиот опсег на сликата и го зголемува контрастот помеѓу најсветлите бели и најтемните црни тонови. Сите точки стануваат попрецизни, независно од резолуцијата, а во сцените се додаваат повеќе детали за поголема реалистичност. Филмовите и сериите во HDR наликуваат повеќе на оригиналната снимка и на замислата на режисерот, со повеќе светлина, контраст и бои, за да добиете навистина реалистично доживување при гледањето.

Поширока палета на бои

TRILUMINOS™-екранот нуди врвен приказ на црвени, зелени и сини тонови - бои што се навистина тешки за прецизно прикажување на телевизор. Тој ги прикажува најмалите промени на боите за да добиете најдобра слика.