Дел од животот 2018
Умерен минимализам
Секојдневно врвно доживување при гледањето
На што треба да се фокусираат дизајнерите? Една од клучните работи е да се утврди како на телевизорите да им се обезбедат удобни и природни места во животниот простор и како да се „вгнездат“ во секојдневниот живот. Оваа замисла се исполнува со „умерен минимализам“, концепт што нуди спој од топли и пријатни форми и текстури со конфигурации без додатоци за подобро доживување при гледањето.
Заземајќи го просторот меѓу хармонија и нагласување
Уметничките дела може да претставуваат инспирација за дизајнерите кога бараат начини како да постигнат хармонија меѓу телевизорите и просторите за живеење. Уметничките дела и скулптурите функционираат како природен дел од просторот и покрај тоа што имаат визуелни особини кои привлекуваат внимание. Комбинирајќи ги елементите на „хармонија“ и „нагласување“, две навидум спротивни карактеристики, уметноста ги исполнува просторите со уникатни тонови што зрачат со удобност и луксуз. Концептот за „умерен минимализам“ се фокусира на обединување на дискретното и забележливото во изгледот на телевизорот како предмет.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Пријатно чувство во нивна близина: важна особина на луѓето и телевизорите
Доколку телевизорите ја пронајдат таа рамнотежа, луѓето ќе имаат поголем избор на конфигурации - и таа слобода ќе помогне телевизорите уште повеќе да се „вгнездат“ во секојдневниот живот. За да се реализира овој вид на интимност, дизајнот треба да зрачи со топлина. Никој не се чувствува пријатно покрај лице кое е премногу ладно и незаинтересирано. Истото важи и за телевизорите: иако минималистичките дизајни може да им помогнат на луѓето да уживаат во гледањето, сепак постои ризик дизајните да бидат ладни и неоргански доколку се претера со минимализмот.
Тоа е основната идеја зад темите на „умерениот минимализам“, пристап што користи нежни детали, привлечни материјали и текстури и топли нијанси за да внесе живот во ладната минималистичка конфигурација. Резултатот е телевизор што воодушевува кога е вклучен, елиминирајќи ги сите непотребни елементи за максимално визуелно доживување, и што е соодветно поставен во опкружувањето кога е исклучен, вклопувајќи се во просторот како уметничко дело. Живееме во време кога едноставноста и удобноста се побитни од кога било досега. Произлегувајќи од тој контекст, концептот за „умерен минимализам“ создава нова претстава за телевизорот.
Како да се создаде нова вредност од противречноста
Секогаш се обидуваме да пронајдеме нови доживувања и нова вредност во противречноста, контрадикторните и парадоксални елементи на дизајнот. „Умерениот минимализам“ предлага „бело-црна боја“. Од една страна има импресивно визуелно присуство - но, од друга страна се вклопува во просторите со ладното чувство на видео-системот. Нашата цел беше да создадеме телевизор што ќе ги урамнотежи овие две контрадикторни димензии и ќе се вклопи во денешните стилови на живот.
Tako, главен уметнички директор
Минималистички стил со мек ефект
AF9 со својот OLED-екран претставува врвен спој на доживувањата при гледањето и слушањето. Сето тоа е вградено во една плоча - екранот, а на задната страна има само потпорен држач. Механизмот за придвижување и сабвуферот се сместени во држачот. Неговите материјали и форма имаат мек ефект, рамката му е заоблена, а задниот панел е прекриен со ткаенина. Овие карактеристики му овозможуваат на AF9 да создаде јасно визуелно присуство, а притоа да се вклопи во просторот.
Текстура што дискретно покажува функционалност
ZF9 со својата извонредно квалитетна слика е сон за сите дизајнери. Рамката има рапава текстура во црна боја, исто како DSLR-фотоапаратите, што е отпорна на гребнатини и се забележува наспроти металниот изглед на останатите делови на телевизорот. Минималистичкиот изглед ги опфаќа и држачите што се обложени со алуминиум. Одликувајќи се со природна елеганција, ZF9 изгледа како уметничко ремек-дело.
Екранот се исклучува, но стилот останува
Предметите во просторот за живеење не секогаш имаат конкретна функција; уметничките дела и скулптури немаат никаква функција, како што нема ни исклучениот телевизор. Уметничките дела зрачат со енергија и раскош со самото присуство, па сакавме да видиме дали може да го направиме истото со телевизорите. Затоа применивме нова перспектива во формулирањето на „умерениот минимализам“. Наместо да го гледаме телевизорот како пречка за отстранување, ние го претворивме во значајно средство.
Yokota, уметнички директор
Импресивно присуство што го истакнува просторот
Држачот за телевизори BRAVIA® симулира изглед на префинета скулптура и има едноставна структура од квадратни метални ленти што доаѓаат во контакт со подлогата во одредени точки - дизајн што создава уникатно чувство на рамнотежа и цврстина како кај изложените уметнички дела во галериите.
Благодарение на неговата цврста конструкција која е во превртена форма на знакот V за поголема стабилност, држачот ви овозможува да го ставите телевизорот на повеќе места и да го усогласите со естетиката на животниот простор.
Овој BRAVIA OLED-телевизор се одликува со минимална структура со два панели, едниот за држачот и другиот за екранот. Со заоблување на рабовите на панелите, тимот ја нагласи елегантната конфигурација на дизајнот за да создаде чувство на полесен и поотворен дизајн.
Удобна хармонија
Честопати, мешавината од различни предмети во просторот за живеење е тоа што ја обединува целата просторија. За да воведе ваква комплементарна хетерогеност во BRAVIA®, тимот за дизајн ги порамни аглите на држачот и на куќиштето на звучникот во вид на лента - два визуелно различни елементи - за да постигне поголема усогласеност.
Јасните и нежни контури на рачно изработениот предмет
Рачно изработените форми имаат природна способност за совршено вклопување - без разлика дали држите чинија, седите на стол или држите алат. Тимот за дизајн на BRAVIA® се обиде да го пренесе тоа чувство преку различни прилагодувања, како заоблување на рабовите на рамката и на куќиштето на звучникот во вид на лента, за да создаде заоблена и нежна форма.
Шаблони и материјали што откриваат функционална убавина
Дизајнерите на BRAVIA® применија иновативни методи за задниот панел на телевизорот. Дизајнот содржи отвори за испуштање топлина и капаци за приклучоци во мрежа од геометриски шаблони кои, на пример, го прават телевизорот елегантен и од задната и од предната страна. Звучникот во вид на лента, пак, се одликува со уникатна комбинација од различни материјали која не само што ја подобрува функционалноста на компонентите, давајќи им визуелна димензија, туку и ја збогатува естетската хармонија меѓу целиот дизајн и опкружувањето.
Целта е да се постигне рамнотежа
Звучникот во вид на лента создава висококвалитетен звук што телевизорот не може да го создаде. При дизајнирањето на звучникот во вид на лента сакавме да постигнеме поголема рамнотежа со која ќе се постигне совршена усогласеност меѓу неговото присуство, вклопување со телевизорот и хармонија со внатрешниот простор .
Wada, главен менаџер
Дизајнот на BRAVIA® воспоставува поблизок и поудобен однос меѓу луѓето и телевизорите и претставува чекор напред за вашето доживување при гледањето во просторот за живеење.
Почувствувајте ја убавината на нашите телевизори
КАКО SONY ЈА ПРАВИ ТЕЛЕВИЗИЈАТА ВОЗБУДЛИВА