KODALINE прв пат слуша 360 Reality Audio

Зборувавме со KODALINE за нивниот процес на пишување песни, нивното прво искуство со 360 Reality Audio и неговиот потенцијал да го промени начинот на кој уметниците создаваат музика.

Во соработка со LIVE NATION

KODALINE-бенд

KODALINE

Од лево кон десно: Jason Boland/Steve Garrigan/Vincent May/Mark Prendergast

Модерниот рок-квартетот Kodaline од Даблин во Ирска специјализира во музика со рок гитари и високи фреквенции, наменета за на радио, што се споредува со Coldplay, Keane, U2 и Oasis. 

На крајот од 2012 година, бендот беше во потесен избор за „Sound of 2013“ на BBC, но првото место го освои бендот HAIM. Kodaline го издадоа нивниот деби-албум, „In a Perfect World“, во јуни 2013 година, на кој му претходеа сингловите „High Hopes“ и „Love Like This“. 

Бендот, формиран во градот Swords од работничка класа и со талентите на Steve Garrigan, Vinnie May Jr., Jason Boland и Mark Prendergast, издаде истоимен мини албум во 2012 година, со планови да издаде целосен план во следната година. 

Албумот беше многу успешен во Ирска, двапати стана платинум, а добро се покажа и во Британија (се искачи на трето месо и стана златен) и во некои делови во Европа. Вториот албум на Kodaline - „Coming Up for Air“ - на почетокот од 2015 година. 

Албумот освои четврто место во Обединетото Кралство со хитовите „The One“ и „Honest“. Летото во 2017 година, бендот се врати на сцената со песните „Brother“ и „I Wouldn't Be EP“. Следната година тие ја издадоа песната „Follow Your Fire“ која стана дел од нивниот трет поп албум „Politics of Living“.

„Музиката открива како звучат чувствата“.

- LIVE NATION

Ви благодариме што сте тука, момци. Можете ли да кажете нешто повеќе за почетоците на Kodaline? Кога знаевте дека сакате да направите кариера во музиката?

STEVE GARRIGAN

Јас и Mark започнавме да свириме уште како тинејџери. Свиревме туѓи песни. Но музиката ни влезе под кожа, па започнавме да пишуваме песни и да настапуваме пред различни публики. Пред сите кои би сакале да слушаат - иако на почетокот повеќето не сакаа да слушаат. Беше малку тешко. [Се смее] Но, ние се заљубивме во музиката, пишувањето, снимањето и настапувањето. И сега сме многу среќни што можеме да патуваме низ светот и да настапуваме насекаде, тоа е неверојатно.

- LIVE NATION

Може ли да ни кажете како успеавте да издржите до крај?

MARK PRENDERGAST

Имавме напишано неколку песни и знаевме дека ќе бидат успешни. Си рековме, мора и други луѓе да ги слушнат песниве. Сакавме да ги издадеме. И со години, како музичари, кога ќе им кажеш на луѓето што работиш и дека сакаш да го работиш тоа, тие не можат веднаш да почнат да веруваат во тебе. Затоа работата изгледаше нереална сè додека не почна да се реализира. Тогаш почнавме да ја промовираме музиката и луѓето почнаа да доаѓаат на настапите, а ние сфативме дека можеме да го работиме ова засекогаш - сè додека има некој кој сака да нè слуша.

STEVE

Најдоброто и најчудното чувство е кога ги слушаш луѓето како ви ја пеат вашата музика. А ако е за време на настап во живо, чувството е неверојатно.

- LIVE NATION

Мора да се чувствувате многу добро деновиве, бидејќи сега имате многу фанови!

VINCENT MAY

Да, [напреднавме од] настапување во мали клубови каде што имало стотина луѓе, можеби и помалку. Сега сме навистина среќни што можеме да настапуваме на места со илјадници луѓе. Тоа никогаш нема да го заборавиме.

- LIVE NATION

Во тој контекст, колку ви значи правењето музика сега?

VINCENT

Мислам дека ова ќе промени сè.

STEVE

Да, тоа ни значи сè. Тоа е нашата страст. Не можам да го замислам светот без музика.

VINCENT

Не можеме ни да се замислиме како правиме нешто друго освен ова. Ова е најдобрата работа во светот. [Laughs]

STEVE

Има и една интересна изрека. Но таа е малку, хм, не знам...

MARK

Продолжете...

STEVE

„Музиката открива како звучат чувствата“. Верувам во тоа. Ете гледате, ќе ми се смее.

VINCENT

Не, добро е.

STEVE

Знаете, понекогаш во песната може да доловите некоја емоција што не можете да ја изразите со зборови. И тоа ќе биде случајно.

MARK

Пишувањето песна за нешто што чувствувам - независно дали минувате низ тежок период или сте среќни - најчесто завршува во нашата музика. И секако, не можеме да одиме на турнеја ако не напишеме музика. Создавањето музика е најважно. Од таму потекнува сè.

kodaline-play-1
kodaline-play-2

„Музиката значи различни работи на сите. Но најдобро е кога ќе ги собереш сите тие луѓе заедно и тие ќе ви ја запеат вашата музика“.

- LIVE NATION

Како вметнувањето на сите тие чувства во вашата музика се одразува на настапите во живо?

MARK

На нашиот последен концерт што се одржа пред некој ден, во предниот ред имаше една девојка која ронеше солзи. Но, изгледаше среќна во текот на целиот концерт. Беше очигледно дека многу од песните имаа емотивно значење за неа, но посетителот до неа постојано се смееше, аплаудираше и се забавуваше. Музиката значи различни работи на сите. Но најдобро е кога ќе ги собереш сите тие луѓе заедно и тие ќе ви ја запеат вашата музика.

STEVE

Чувството е неверојатно.

- LIVE NATION

И колку ви значат вашите фанови?

STEVE

На крајот од речиси секој настап им се заблагодарувам на сите што дошле. Без обожаватели, нема да можеме да го работиме тоа што го работиме. Можеме да пишуваме песни, но никој нема да ги слуша. Можеме да свириме концерти, но никој нема да ги посетува. [Се смее] Ние сме ништо без нашите обожаватели и многу ги почитуваме.

JASON BOLAND

Имавме среќа што добивме толку голема поддршка. Не е тајна дека направивме многу промени во текот на нашите кариери. Менувавме стилови и насоки, па дури и се повлековме одреден период. Но секогаш кога се враќаме, тие нè пречекуваат подготвени да дојдат на нашите настапи во живо.

- LIVE NATION

Понекогаш сакате да организирате помали настапи. Тоа изгледа како еден вид оддавање почит на вашите фанови, да појдете во мал клуб и да бидете блиску до луѓето. Може ли да ни раскажете малку за тоа искуство?

STEVE

Исто како што Mark кажа пред малку, на некои фанови им тркалаат солзи по лицата, а други се смеат. Тоа може да го забележите во мали клубови, но многу ретко на поголемите места за настап. Претпоставувам дека има нешто специјално во тоа, да се чувствуваш поврзано со фановите.

MARK

Понекогаш кога настапувате во некој клуб - помал клуб со 200 фанови - може да звучи погласно отколку кога настапувате пред илјадници луѓе, бидејќи стојат подалеку од вас. Во клубовите има многу повеќе енергија спакувана во мал простор. [Изминатово] лето, настапувавме на огромни фестивали насекаде, но потоа почнавме со акустични настапи во мали клубови и го добивме истото задоволство како и од големите настапи. Добро е кога ни се достапни и двете опции.

- LIVE NATION

Да позборуваме за вашиот најнов албум Politics of Living. Во него понудивте малку поразлични опции, од аспект на звукот, од аспект на текстот на песните. Ќе ни откриете ли зошто сакавте да биде поинаков овој албум - да работите со различни продуценти, да експериментирате со различни звуци во студиото?

STEVE

Главната работа што сакавме да ја направиме кога го почнувавме овој албум беше да излеземе од нашата удобна зона. А, нашата удобна зона како бенд секогаш беа бавните балади кои се минималистички во поглед на продукцијата. Имавме можност да работиме со многу извонредни луѓе, а секој продуцент внесе нешто ново и ни откри сосема нов свет на звуци. Отфрливме многу песни, но беше прилично забавно да се експериментира со нив и научивме многу.

Вообичаено седнувам на пијаното за да пишувам песни или земам гитара и почнувам да пеам некои мелодии. Од друга страна, пак, еден од нашите продуценти ќе го земе лаптопот и ќе создаде интересни звуци што ќе го отпочнат процесот на пишување песни. Тоа е потполно различен начин на работа. Сепак, искуството беше прекрасно и навистина се гордеам со тоа што го постигнавме со албумот. Токму тоа и направивме - излеговме од нашата удобна зона и експериментиравме. Откривме звуци што не ни знаевме дека постојат. Процесот беше одличен. Неверојатен.

JASON

Да. Во Politics of Living понудивме малку поразлични опции. И добивме одлични можности да соработуваме со нови продуценти кои не одведоа во различни насоки.

MARK

Сепак, најомилениот звук од овој албум е дел од песната „I Wouldn't Be“ каде што се слушаат само нашите четири гласови и ништи друго. И кога прв пат го слушнав тоа во студиото, си помислив дека звучи добро бидејќи нема никакви додатоци. Steve влезе и го испеја својот дел. А потоа сите влеговме посебно и го испеавме својот дел. Само што ги слушнавме нашите четири гласови без никакви додатоци се почувствуваме охрабрени. Тоа беше многу убаво за слушање.

- LIVE NATION

Кога станува збор за истражување на звукот, што мислиш за новата технологија 360 Reality Audio од Sony. Таа овозможува да го позиционирате слушателот во центарот на вашата музика и да ги движите звуците околу него. Дали мислиш дека може да ти помогне да се изразиш подобро со твојата музика, како што досега не било можно?

STEVE

Останав без зборови.

VINCENT

Ова е нов начин на кој може да го направиме тоа. Исто како што за прв пат почнаа да користат снимки со повеќе траки или да користат...

STEVE

Дуплирање на снимките.

VINCENT

Дуплирање! Слично е на тој начин за проширување на хоризонтите. Ова е потполно нов начин за...

STEVE

... слушање музика. Технологијата има потенцијал да стане потполно нов начин за создавање музика.

VINCENT

Да, има потенцијал за целосно да го промени начинот на кој се пишува музиката или начинот на кој се компонира музиката и како сето тоа ќе го доживеат крајните корисници. Има потенцијал за револуционерна промена.

- LIVE NATION

Што може да направи вистинскиот звук во вистинско време за песната кога снимате?

STEVE

Вистинскиот звук во вистинско време може целосно да ја оформи песната. Без исклучок. Ќе започнете од нецелосно, а потоа наеднаш да го добиете вистинскиот звук и ќе речете „Ова е неверојатно, тоа е тоа. Готово, остави го така“. Ќе ја оформите песната целосно.

JASON

Како да сте пронашле клуч за некоја брава што сте се обидувале да ја [отворите].

STEVE

Да, или последното делче од сложувалката. Така нешто. Вистинскиот звук е од неверојатно значење.

- LIVE NATION

Откако ќе снимите песна, како може нејзината обработка да влијае врз слушателот?

MARK

Соодветниот микс е многу важен. Ни вратиле песни кои ги обожававме и на кои работевме со недели во студио. [Но] кога ќе го добиете соодветниот микс во е-порака возбудата започнува да расте. Започнувате да слушате и веднаш знаете ако нешто не е во ред: не е опфатена суштината на песната. Но, тогаш, можете да го добиете вистинскиот микс на песната во која можеби не сте верувале. Го слушате миксот и одеднаш сфаќате каква замисла имал аудиоинженерот кога ја слушнал вашата песна. Тоа може да ви го промени мислењето и тогаш песната ја добива завршната формата што ќе ја слушнат сите.

STEVE 

[Обработката] може да ја разубави или да ја уништи песната. Таа е една од најважните работи.

MARK

Не им завидувам на луѓето кои треба да го обработуваат звукот, дури и звуците во живо. Мора да е тешко. Тоа е мислење од еден човек, тој мора да рече - вака треба да звучи за сите останати. Знаете, добрите инженери за обработка - треба да направите сè за да ги задржите кога ќе ги најдете.

VINCENT

Да.

kodaline-play-3
kodaline-play-4

„[360 Reality Audio] ве пренесува на друго место. Ве пренесува од просторијата, во местото каде што се одржува настапот“.

- LIVE NATION

Во ред момци, сега кога имавте можност да го доживеете 360 Reality Audio на Sony во слушалките, што мислите?

STEVE

Досега не сум доживеал нешто вакво. Се обидов да го опишам. Се чувствува како да сум на самиот настап.

VINCENT

Се чувствував како да седам до тапаните и како да свирам - како дефиниција за сè. Ниските фреквенции беа неверојатни. Се чувствував како да седам до тапаните и како да настапувам.

STEVE

Навистина неверојатно. Мислам...

MARK

Станува збор за потполно ново доживување.

JASON

Многу работи се слушаат од просторијата. Сега може дури и да почувствувате каква била атмосферата таа вечер.

STEVE

Ве пренесува на друго место. Ве пренесува од просторијата, во местото каде што се одржува настапот.

- LIVE NATION

Како се чувствувате кога се слушнавте со 360RA од Sony?

MARK

Многу сум возбуден за иднината. Едвај чекам да видам што ќе постигне и како ќе се издава музиката. Ако се издава во формат со кој ќе можете да ја слушате вака, мислам дека тоа ќе биде револуционерна промена.

VINCENT

Да. Фактот што зборуваме за тоа како формат [ме поттикнува да си] замислувам како слушам класични песни измиксирани на тој начин, како песни од Led Zeppelin или од Beatles.

STEVE

Замислете си да слушнете настап во живо!

- LIVE NATION

Дали некој момент ви беше омилен? Нешто што ви го привлече вниманието на начин на кој не сте слушнале досега?

JASON

Да, мислам дека се должи на воведната песна. Секоја ноќ ја слушаме публиката како нè бодри и тоа е најдоброто чувство во светот, како што кажа пред малку Steve. Но, сега мислам дека сите ќе можат да доживеат што слушаме ние кога сме на сцената.

MARK

Звучеше [многу] реално. Само што завршивме со турнејата, но се почувствува како повторно да сме на турнеја. За луѓето кои никогаш нема да го доживеат чувството како е да се настапува пред луѓе во голема просторија, мислам дека ова искуство ќе им понуди најслично чувство.

- LIVE NATION

Дали би сакале вашите фанови да можат да го доживеат ова?

STEVE

Апсолутно. Мислам дека ќе предизвика изненадување - на добар начин.

VINCENT

Воодушевени сме и благодарни што можевме да го доживееме ова, но, како што рекоа момците, да може некој од публиката или некој фан да го доживее истото, тоа ќе биде уникатно.

- LIVE NATION

Еве едно тешко прашање: Како би го опишале доживувањето на 360 Reality Audio со еден збор?

JASON

Прекрасно.

STEVE

Да, тоа е добар збор. Прекрасно.

VINCENT

Да. Извонредно.

STEVE

Реално.

JASON

Многу е реално. Како да се на настапот.

MARK

Живописно.

kodaline-listening-1
kodaline-listening-2

„Мислам дека [360 Reality Audio] претставува потполно нов начин за пристап кон создавањето и снимањето музика“.

- LIVE NATION

Знаејќи дека постои 360 Reality Audio од Sony, дали тоа може да те инспирира да создаваш музика на поинаков начин?

STEVE

Мислам дека претставува потполно нов начин за пристап кон создавањето и снимањето музика.

MARK

Мислам дека сè започнува кога сте во студиото и свирите нешто, па се обидувате да го поместите звукот лево и десно. Но кога слушате [360 Reality Audio], звукот може да оди насекаде, ме сфаќате?

STEVE

Навистина е неверојатно.

JASON

Снимивме неколку настапи во живо со [видео] од 360 степени и не можевме да го добиеме целосното доживување само со видеото. Но, мислам дека ако снимиме настап во живо со видео од 360 степени и [соодветен] звук, тогаш ќе го добиеме целосното доживување.

STEVE

Да, ова е иднината.

- LIVE NATION

Какви мислиш дека ќе бидат придобивките за фановите?

VINCENT

Мислам дека придобивката ќе биде тоа што ќе можат да слушнат [повеќе од] тоа што ние го слушаме на бината секоја вечер, што е неверојатно. Ако не можеме да ја поканиме целата публика...

MARK

Би се обидел...

VINCENT

... Ова е најдобрата алтернатива.

MARK

Најдобро може да се опише како чувство. Кога ги ставив [слушалките], ми требаше повеќе време; тешко е да се опише.

STEVE

Тешко е да се опише со зборови. Но мислам дека фановите - и оние кои не нè виделе како настапуваме во живо - ќе се чувствуваат како да се на самиот настап. Навистина неверојатно.

VINCENT

Но, сепак, дојдете и на настап во живо.

JASON

Да.

STEVE

Да.

JASON

Звучи како да е реално.

MARK

Звучи како да е реално. Немојте да не оставите без работа. [Смеа]

- LIVE NATION

Поминавте и процес каде што ви беа измерени ушите заради оптимизација на доживувањето на 360 Reality Audio. Што мислите, како може Sony да го прилагоди доживувањето за сите слушатели посебно?

JASON

Мислам дека технологијата е неверојатна. Остварени се чекори што мислев дека не е можно да се постигнат. Тие можат да мапираат каде се наоѓа вашата глава во просторијата и да создадат различно искуство за сите. Steve поинаку ја слуша музиката од мене бидејќи јас сум малку повисок. Но, тоа да се реализира преку слушалки е навистина неверојатно.

VINCENT

Малку е неверојатно што се случи и [дека се] случи толку брзо. Од аспект на примената, мислам дека можноста за прилагодување на звукот за секој посебно е неверојатна.

MARK

Изгледа многу футуристички додека трае. Се чувствува дека е потполно ново и поинакво. Навистина уживав.

STEVE

Не знам како да се изразам, но потполно се согласувам со сè што кажаа момците. Иднината изгледа извонредно.

KODALINE-Vincent
KODALINE-Steve
360-reality-audio

Дознајте повеќе за 360 Reality Audio и технологијата зад овој иновативен концепт на звук.

WH-1000XM3

Слушајте со нашите слушалки WH-1000XM3 што го поништуваат шумот за целосно доживување на 360 Reality Audio.