Прескокни до содржина

α Library

Откријте го светот на производите α од Sony со α Library - бесплатна апликација за iPhone, iPad и телефони и таблет-уреди со Android. 

Откријте го светот на α.

Пребарувајте. Учете. Уживајте.

Со инсталирање на α Library ќе можете да го преземате најновиот дигитален каталог со објективи за целата серија на α објективи од Sony, а ќе добиете и моќни функции за пребарување. Вклучен е и технички водич за објективите во кој ќе дознаете за сите технологии вградени во α објективите од Sony - основни и напредни. α Library ќе ве информира за најновите написи на веб-сајтовите на Sony и ќе ви помогне да пронајдете неверојатни слики снимени од денешните најпознати уметници. 

Пребарување

Пребарување

Пронајдете ги информациите што ви се потребни во дигиталниот каталог „α Lenses“ за α објективи од Sony кој нуди лесен пристап до различни информации. Изберете објектив од индексот според неговата категорија, фокусна должина, па дури и според сцената.

Научете

Научете

Вашиот сеопфатен извор на совети за фотографирање - водич за објективи исполнет со практични информации за избирање соодветни објективи и техники за фотографирање различни предмети и ситуации во секое издание. 

Уживајте

Уживајте

Читајте интервјуа и написи за светски познати уметници. Добијте пристап до најновите информации од веб-сајтовите на Sony. 

* Приказот на екранот е симулиран.

1. Дигитален каталог

Пребарувајте објективи според вид на објектив, фокусна должина, па дури и според сцена

2. Технологии

Дознајте повеќе за важните напредни технологии на заменливите објективи од прва класа

3. Нови објективи

Бидете во тек со најновите информации за α објективите

4. Основни податоци

Дознајте основни податоци за сите α објективи

5. α Universe

Откривајте и споделувајте неверојатни фотографии со фотографи кои размислуваат како вас

6. Sony Светски награди за фотографија

Дознајте за најголемиот натпревар во фотографија во светот

7. Лекции     

Научете основни техники за фотографирање во овој сеопфатен извор на совети за фотографирање (наскоро)

8. α Magazine

Уживајте во написи и неверојатни фотографии создадени од светски познати уметници (наскоро)

Индекс на објективи што е практичен за користење

Индекс на објективи што е практичен за користење

Изберете објектив од индексот според неговата категорија, фокусна должина, па дури и според сцените.

Јасен и информативен водич

Детални објаснувања за објективите

Секој α објектив е опишан детално, почнувајќи од галантеријата која може да се користи со него па сè до фотографии на кои се прикажани можностите на објективот.

Јасен и информативен водич

Научете

Ова е вашиот сеопфатен извор на совети за фотографирање, исполнет со практични информации за избор на соодветни објективи и техники за фотографирање. 

Знаење и технологија

Знаење и технологија

Дознајте основни информации за сите α објективи и за технологиите што се вградени во нив за да се запознаете со производите пред да одлучите кој најмногу ви одговара според потребите.

Основни совети за фотографирање

α Lessons е вашиот сеопфатен извор на совети за фотографирање, исполнет со практични информации за избирање соодветни објективи и техники за фотографирање различни предмети и ситуации во секое издание (наскоро).  

Основни совети за фотографирање

Уживајте

Добијте пристап до најновите информации од веб-заедниците на Sony и уживајте во дела и написи за најдобрите уметници од целиот свет.

Пристапете до сите веб-сајтови за α објективи

Пристапете до сите веб-сајтови за α објективи

Информирајте се и уживајте во најразлични содржини од целиот свет преку најновите написи на веб-сајтовите на Sony.

Ресурси за фотографска уметност

Секое издание на α Magazine се фокусира на одредена тема, како портрети или патување. Таа е објаснета преку неверојатни фотографии снимени од светски познати уметници и надополнета со интервјуа и профили (наскоро).

Ресурси за фотографска уметност

Слики од екранот

Ве молиме прочитајте пред да ја користите апликацијата.