Што е идеален телевизор за вас?

Ви нудиме многу модели и функции, па можно е да се двоумите каков телевизор да купите. Дозволете ни да ви помогнеме во изборот на телевизор од Sony што ќе ви понуди ново ниво на забава.

OLED ИЛИ LCD?

По вид на екран

Достапни се два вида, OLED и LCD, со свои уникатни карактеристики. Нашето професионално искуство за телевизори ни овозможува да ви понудиме возбудливи доживувања и на OLED- и на LCD-телевизорите. 

OLED: подлабоки сенки, поинтензивни светли тонови

Нашите OLED-екрани имаат повеќе од 8 милиони самоосветлувачки точки што се контролираат прецизно и независно. Бидејќи секоја точка се активира и исклучува целосно, разликата помеѓу светлите и темните тонови е многу поголема во споредба со стандардните екрани, а сликите имаат неверојатно длабоки црни тонови и прекрасни светли тонови. Благодарение на Cognitive Processor XR и нашата уникатна технологија за контрола на екранот, боите и контрастот се засилуваат за да добиете извонредно реални слики. Тие создаваат попрецизни детали, длабочина и текстури во темните сцени, па затоа OLED-телевизорите се одлични за филмови.

Папагал си ги чисти пердувите
Широка палета на бои за реални тонови и нијанси

Благодарение на Cognitive Processor XR, нашите OLED-телевизори прикажуваат повеќе од милијарда бои на екранот. Заедно со нашата широка палета на бои и интелигентен процесор, тој ги анализира заситувањето, нијансите и светлината на боите за да создаде природни тонови и врвни детали.

Две риби во разни бои кружат една околу друга наспроти црна заднина
Јасни црни тонови за реална длабочина и текстура

Нашиот Cognitive Processor XR™ ги анализира визуелните информации и ги подобрува сликите на ист начин како што фокусираат вашите очи, за да не пропуштите ниту детаљ во светлите површини или длабоките сенки.

Три диносауруси на телевизор, а од екранот излегуваат звучни бранови каде што рикаат диносаурусите
Звучник во екранот, звук како во кино

Со Acoustic Surface Audio+ кај OLED-телевизорите од Sony, звукот излегува директно од екранот, а притоа се врши прецизно усогласување на звукот што го слушате и сликата што ја гледате заради уште поголемо уживање при гледањето.

LCD: светли и разнобојни сцени

Нашите LCD-телевизори со задно осветлување го исполнуваат екранот со светлина за да репродуцираат разнобојни сцени дури и во осветлени простории. Нашите телевизори со Mini LED и Full Array LED го користат нашиот Cognitive Processor XR за да создадат извонреден контраст. Во комбинација со нашите уникатни технологии за контрола на задното осветлување, светлината на екранот се контролира прецизно за да се добијат посветли сцени со реален контраст.

Екран прикажува плажа при зајдисонце. Истата слика е прикажана долу, но со MINI LED-светилки што покажуваат како сцената е осветлена прецизно.
Mini LED

Mini LED контролира површини од задното осветлување за јасен приказ и на темните и на светлите субјекти. Mini LED-светилките се помали и погусто распоредени од Full Array LED-светилки и им треба попрецизна контрола. Телевизорите со Mini LED имаат прецизна контрола на задното осветлување што е ексклузивна за Sony - XR Backlight Master Drive. Затоа ќе уживате во најдобриот можен контраст, без одблесоци. Сцените имаат прекрасни светли тонови, длабоки црни тонови и природни средни тонови

Човек прави трик со скејтборд во зачаден простор, а зад него екран со задно осветлување покажува како е осветлена сцената
Full Array LED

Full Array LED има LED-светилки низ целиот екран. Тоа значи дека моќта и интензитетот на LED-светилките може да се прилагоди прецизно во сцената. Светлината оди каде што треба, а темните делови остануваат темни. XR Contrast Booster ја прилагодува светлината за да прикаже високи тонови во отсјајот и длабоки црни тонови во сенките. Сцените изгледаат реални, со поголема длабочина и детали.

КОЈА ГОЛЕМИНА НА ТЕЛЕВИЗОР ВИ ОДГОВАРА НАЈМНОГУ?

Според големина на екранот

За избор на идеална големина има неколку важни фактори. Дознајте како да изберете телевизор за вашите потреби и како да изберете максимална големина. Не ви треба огромна просторија за голем телевизор. Напредоците во технологија и дизајн ви овозможуваат да користите поголем телевизор во просторот што го имате.

Зошто е важна оддалеченоста од која гледате
Зошто е важна оддалеченоста од која гледате

Денешните 4K-телевизори со врвна резолуција нудат остра и јасна слика, дури и ако седите блиску до екранот или гледате во големи екрани. Најчесто препорачуваме висината на телевизорот да биде две третини од растојанието помеѓу телевизорот и местото од кое гледате.

Оддалеченост за гледање: ①90 см: 49" ②100 см: 55" ③120 см: 65" ④140 см: 75" ⑤160 см: 85"

Гледајте повеќе со потенка рамка
Гледајте повеќе со потенка рамка

Благодарение на потенките рамки кај нашите најнови телевизори може да изберете поголем екран без да се зголеми вкупната големина на вашиот телевизор. Гледањето ќе биде подобро бидејќи ќе се фокусирате на случувањата, а не на рамката околу телевизорот.

ШТО УЖИВАТЕ ДА ГЛЕДАТЕ НА ВАШИОТ ТЕЛЕВИЗОР?

По содржините што ги гледате

Филмови со звук како во кино, спорт со атмосфера како на стадион или игри исполнети со адреналин и детали. Размислете што сакате да гледате и пронајдете телевизори што максимално ќе ги подобрат тие доживувања.

Дали сакате да гледате филмови?

Во филмовите има многу темни сцени и затоа е важно да имате телевизор со длабоки црни тонови и прекрасни светли тонови што ќе ја исполнат сцената со длабочина и детали. Ќе ви треба и хармонија помеѓу сликата што ја гледате и звукот што го слушате за да добиете пореалистично доживување како во кино.

Три диносауруси на телевизор, а од екранот излегуваат звучни бранови каде што рикаат диносаурусите
Филмови на OLED-телевизори

Со повеќе од осум милиони самоосветлувачки точки што независно се активираат, OLED-екранот го зголемува интензитетот на светлите и темните тонови, правејќи ги OLED-телевизорите одлични за филмови од жанровите научна фантастика, хорор и акција. Acoustic Surface Audio™ репродуцира звук од екранот и ги усогласува сликите и звукот за да слушате гласови од местото каде што стои ликот, а не од страна - исто како во кино.

Слика што прикажува два екрани. Сликата е поделена на пола и едната страна прикажува подобра светлина и контраст. Поделена е и сцената зад екранот, се прикажува различното осветлување на екранот во преден план.
Филмови на LCD-телевизор

Нашите телевизори со Mini LED и Full Array LED и уникатни технологии за контрола на задното осветлување создаваат пореални слики преку независно активирање на задното осветлување и преку зголемување на светлината во посветлите површини. Затоа, LCD-телевизорите се одличен избор за гледање филмови со многу светли и сончеви сцени.

Дали сакате спорт?

Најголемиот проблем при гледање брзи спортови како фудбал и трки со мотори е заматувањето. Изберете телевизор со поголема острина за да гледате јасни движења.

Острина на спортот на OLED-екран
Спорт на OLED-телевизори

OLED-екраните имаат милиони точки што се осветлуваат посебно за да добиете неверојатна острина. Дури и кога гледате динамички спортови, заматувањето ќе биде минимално. 

Motionflow и X-Motion Clarity
Спорт на LCD-телевизори

XR Motion Clarity™, технологија на Sony за помало заматување што вметнува црни кадри меѓу сликите. Користи независна контрола на екранот за да ја оптимизира емитуваната светлина и да ги изостри сликите без намалување на светлината.

① Слика со XR Motion Clarity
② Слика без XR Motion Clarity

Дали играте игри?
Perfect for PlayStation®5

Телевизорите BRAVIA XR™ се дизајнирани да работат одлично со конзолите PlayStation®5. Заедно, BRAVIA XR и PS5™ создаваат неверојатно доживување со прекрасна слика и звук со кои ќе се чувствувате како да сте во центарот на случувањата.

Со 4K/120 fps ќе бидете победник

Со 4K/120 fps, како што е наведено во HDMI 2.1, нашите телевизори ви нудат рамномерни и јасни движења за брз одзив при играњето игри.

Игри со брз одзив, лесна контрола

Не чекајте за да играте. Приклучете го HDMI-кабелот и BRAVIA XR ќе препознае дека приклучувате конзола и автоматски ќе премине во режим за игри. Ќе уживате во рамномерен и брз приказ на игрите.

Телевизиско емитување што ги прикажува придобивките од X-Reality PRO
Дали гледате серии, вести и многу повеќе?

Иако 4K-телевизорите стануваат сè повеќе популарни, на некои телевизиски програми се емитуваат серии и вести со помала резолуција од 2K. Телевизоритe со подобрување на квалитетот до 4K со XR ги подобруваат содржините до 4K преку базата на податоци од Sony.

Дали сакате апликации?

Откријте нови филмови и серии со предлозите основани врз содржините што сте ги гледале и вашите интереси. Исто така, може да додавате содржини во листата за гледање директно од вашиот телефон, а препораките што ќе ги добивате ќе ве следат во чекор. Google Play нуди повеќе од 7.000 апликации и игри за вашиот телевизор.

Телевизор BRAVIA со филмот Venom на екранот
BRAVIA CORE

Достапен е огромен број на филмови што чекаат на вас во BRAVIA CORE на вашиот телевизор. Добијте неограничено проследување филмови до две години и изберете најмногу 10 филмови што ќе ги изнајмите од стотиците најнови и класични филмски хитови.

Маж работи на работна маса за уредување видеозаписи
Creator Calibrated Mode

Телевизорите BRAVIA XR нудат Creator Calibrated Mode што ги оптимизира поставките за слика на содржините од Netflix и BRAVIA CORE. Netflix Adaptive Calibrated Mode ви овозможува да уживате во содржини од Netflix според осветлувањето во вашата соба.

ЗВУК ОД ЕКРАНОТ, ИСТО КАКО ВО КИНО

Според аудио доживувањето

Ако сакате прекрасно доживување, тогаш усогласете го звукот со сликата. Изберете телевизор со технологија за звук што репродуцира звуци од соодветно место. Ова е особено важно за големи телевизори каде што звукот може да се репродуцира далеку од центарот на екранот.

OLED: уживајте во звук што се движи заедно со сликата

Со технологијата Acoustic Surface Audio на Sony, екранот вибрира и се добива чувство дека звукот ги следи случувањата и тој се репродуцира од соодветни места на екранот. 

LCD:бидете дел од случувањата со звук што излегува од екранот 

Со Acoustic Multi Audio од Sony се добива чувство дека звукот излегува директно од центарот на екранот, усогласен со сликата.