„Slice of Living“ 2017
Подобрување на стилот во просторот и на доживувањето при гледањето

Нудејќи неверојатно доживување при гледањето без да ја наруши хармонијата во животниот простор, концептот за производи во домот „Slice of Living“ ги трансформира телевизорите преку промена на стилот на целиот животен простор.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Обединување на елементите од просторот за живеење

ТВ екраните стануваат сè поголеми. Животниот простор треба да биде удобен и практичен. Концептот „Slice of Living“ се обидува да пронајде рамнотежа во тој контекст, односно хармоничен баланс помеѓу производите во домот и дневните соби. Идејата зад овој нов дизајн на производи за во домот е едноставна: ако ги земете сите елементи, материјали и основни правила што отсекогаш биле дел од замислата за совршена „дневна соба“, ги исецкате на парчиња и ги реконструирате на поинаков начин, тогаш може да откриете дека некои производи и делови од дневната соба имаат поголема меѓусебна хармонија.

Придржувајќи се до таа идеја, дизајнерите почнаа да комбинираат сè што може да има во животниот простор - од силуети на фотелји и друг мебел, материјали за ѕидови и распореди на плочки па сè до текстури од ткаенини и кожа. Комбинирањето на производите со тие примероци и алатките за мебел и архитектура му овозможија на тимот да создаде иновативен пристап за домашни производи, со кој предметите не само што ќе одговараат на нивното опкружување туку и ќе го подобруваат стилот во просторот на свој начин.

Полица
Пространо живеење
Плоча за релаксација
Елементи и материјали
Константа во нашите концепти за животниот простор

Како си замислувате удобен животен простор? Каде стои креветот? Каде стојат книгите, вазните и другите предмети? Каков стил преовладува? И како телевизорот, кој е стандарден дел од животниот простор, се вклопува во сликата? Сакавме да се увериме дека дизајнот на нашите производи за во домот ќе се интегрираат беспрекорно во уредувањето на идеалната дневна соба.

Tako, Chief Art Director

Во чекор со концептот за модерно живеење

За моделите на BRAVIA™ за 2017 год. сакавме да добиеме лесен и удобен изглед што ќе се усогласи со стандардите за модерно живеење. Сите елементи со различен дизајн се влеваат во тој основен пристап. Држачот е во вид на елегантна фотелја. Задниот панел има текстура на ѕид и ткаенина. Смелите комбинации од мазни и топли материјали се претставени одлично на платното на модерниот просторен дизајн.

Беспрекорна убавина насекаде

Серија XE94/93

Серијата XE94/93 - врвен спој на неверојатна 4K HDR слика и феноменален дизајн - се одликува со заден панел кој му овозможува на производот да се вклопи во секоја дневна соба, независно каде ќе се постави. Задниот панел, кој сега има важна улога во целосниот изглед, се одликува со впечатлива геометриска текстура што наликува на ѕидови и плочки и создава врвна естетика. Впечатливата промена не е само во изгледот на панелот од далечина. Линиите на капакот за приклучоци и отворите за испуштање топлина се вклопуваат во текстурата и ги прикриваат сите траги од механичките елементи поставени на задната страна кај повеќето телевизори. Последниот додаток на задниот панел е текстурата со изглед на кожа на задниот капак кој го збогатува визуелното присуство.

Тенките ногалки како на фотелја поставени на тенката плоча го нагласуваат лесниот дизајн и обезбедуваат балансирана поддршка, а во држачот се сместени сите кабли поради што површината околу ногалките изгледа уредно. LCD панелот има едноставна структура составена од две плочи во две различни бои. Задната плоча за екранот им овозможува на гледачите да уживаат во дискретна црна заднина, а металната нијанса на задната плоча ја зголемува компатибилноста на производот со ентериерот во дневната соба. Долните делови на двете плочи се поставени вертикално за да се добие простор за звучниците што емитуваат звук нанапред за да се добие максимален квалитет на звукот.

Геометриски заден панел
Текстура од кожа
Тенки ногалки како на фотелја
Во стил на плоча
Скромен и дискретен како стандарден мебел

Серија XE90

Серијата XE90 се одликува со тенка рамка во вид на линија која ги отстранува структурните пречки при гледањето, како и дизајн што нуди ново ниво на минималистичко присуство. Држачот, кој нуди комбинација од плоча со низок профил и тенки ногалки за поддршка, го нагласува чувството на леснотија со нежни облини. На задниот панел, пак, потенката периферна површина ја заокружува формата со елегантна грациозност.

Силуета што одговара во животниот простор

Серија XE85/XE80

Серијата XE85/XE80 се одликува со сребрена линија што се протега странично од горниот до долниот дел на панелот, која визуелно го подобрува тенкиот профил на производот и ги раздвојува двете обични плочи што ја формираат структурата на куќиштето. Држачот со прекрасна силуета, исто така, има сребрена линија на неговата горна површина за да го нагласи чувството на префинет квалитет кој е присутен во дизајнот. Сребрените тонови на телевизорот се од потоплата страна на палетата на бои и му овозможуваат на производот да ја подобри естетиката на дрвените полици и подови.

Телевизорот изгледа прекрасно од 360 степени

Со серијата BRAVIA сакавме да постигнеме многу повеќе од само одличен изглед од предната страна. Тенката рамка ни помогна да ги сокриеме пречките помеѓу животниот простор и визуелните содржини, но целта беше да ја направиме и задната страна попривлечна - така телевизорот ќе може да се постави секаде во ентериерот. Дизајнот кој го создадовме ни помогна да го претвориме телевизорот во повеќедимензионален предмет што ќе одговара насекаде во просторијата, за разлика од еднодимензионалната површина што ја стававме во аголот. Тоа му дава слобода на корисникот при уредувањето на просторијата.

Yokota, Art Director

Концептот „Slice of Living“ се наврати на една основна потреба - како луѓето го уредуваат својот животен простор - и ја откри инспирацијата за новите телевизори. Неверојатната слика и звук се само дел од пакетот. Просторната хармонија која ги усогласува производите со ентериерот е факторот што го прави доживувањето совршено.