G Master

Интервју со инженери

Инженерите на Sony дискутираат за концептот на објективот G Master, добиен како резултат на технолошка иновација и беспрекорен оптички дизајн.

Визијата што се крие зад G Master

Нов бренд со јасна визија за фотоапаратите од иднината, G Master се стреми кон најдобро усогласување на високата резолуција и ефектот на дефокусирање 

Планирање на производи

Akira Shiraishi

Akira Shiraishi

Shiraishi:

Во 2013 година, кога ја промовиравме серијата α7, составивме палета со објективи за зумирање со F4 и релативно мали примарни објективи со мали димензии и високи перформанси. И покрај тоа, многу корисници побараа објективи за зумирање со F2,8 и примарни објективи со F1,4.

Во меѓувреме, куќиштата на фотоапаратите еволуираа од α7R, со резолуција од приближно 36,4 милиони точки, во α7R II, со приближно 42,4 милиони точки и стабилизација на слика по 5 оски.

Технологијата на сензорот за слика продолжува да напредува и веруваме дека високите резолуции се универзална вредност која ќе станува сè поважна. Друга универзална вредност е ефектот на дефокусирање, која заедно со правата ќе продолжат да бидат барани. Имајќи го ова предвид, со развојот на нашите објективи за зумирање со голема решетка од F2,8 и примарни објективи со F1,4, промовиравме нов бренд кој нуди висока резолуција и ефект на дефокусирање.

Sony ја знае иднината на сензорите за слика и овој објектив ќе биде важен во однос на сè подобрите перформанси на фотоапаратите 

Трите производи што ги создадовме под новиот бренд G Master се: стандарден објектив за зумирање FE 24–70 мм F2,8 GM со врвни перформанси и резолуција на примарен објектив при секоја фокусна должина, објектив за портрети FE 85 мм F1,4 GM со врвни ефекти на дефокусирање од најостриот фокус до заднината и телефото објектив FE 70–200 мм F2,8 GM OSS наменет за фотографирање со моќна резолуција при максимален телефото опсег и создавање ефекти на дефокусирање во опсег за портрети.

Овие објективи содржат иновативни технологии, вклучувајќи ги и нашите XA (екстремно асферични) елементи за објективи. Sony е водечки производител на сензори за слика со јасна визија за еволуцијата на идните сензори за слика. Нашата обврска за серијата G Master е да го предвидиме овој напредок и да создадеме објективи што ќе ја задржат својата вредност во иднина.

G Master објектив

Извонредни асферични објективи

Masanori Kishi
G Master немаше да се реализира без овој важен елемент

Заменик генерален директор - оддел за механички дизајн на објективи

Masanori Kishi

Kishi:

При создавањето на G Master употребивме XA (екстремно асферичен) елемент за објективи со прецизност на површината од 0,01 микрони. Прво, асферичните леќи се произведуваат многу тешко и ни беше предизвик да дознаеме колку можеме да ја зголемиме прецизноста на површината.

Всушност, кога ја создававме оваа технологија, соработувавме со инженерите во фабриката за производство на Sony Global Manufacturing & Operations Corporation во префектурата Ајчи, Јапонија, каде што веќе беше достапна технологијата за производство на асферични леќи и откако детално ги разгледавме сите производствени процеси, воведовме нов процес.

Уверен сум дека XA објективите што успеавме да ги произведеме се одликуваат со највисок квалитет на светот. Мислам дека причината поради која ги усовршивме до тој степен беше можноста за користење на уникатната технологија во сопственост на Sony, која ја развивме дополнително во соработка со фабриката за производство.

Прецизност на површината кај стандардните објективи
ПРЕЦИЗНОСТ НА ПОВРШИНАТА КАЈ СТАНДАРДНИТЕ ОБЈЕКТИВИ
Прецизност на површината кај XA објективот
ПРЕЦИЗНОСТ НА ПОВРШИНАТА КАЈ XA ОБЈЕКТИВОТ (0,01 МИКРОНИ)
Екстремно асферична леќа

XA (екстремно асферичната) леќа максимално ги зголемува перформансите на другите елементи на објективот за да се постигне висока резолуција и природен ефект на дефокусирање

Не сите елементи на во дизајнот на објективот имаат иста ефикасност и чувствителност. Ние оптимално го прилагодуваме дизајнот со доделување улоги на сите елементи. На сличен начин, кај G Master, бидејќи имаме XA елемент на објектив со голема прецизност на површината, можеме да создадеме компензација на чувствителноста и аберацијата. Како резултат на тоа, целиот објектив може да понуди уште повисока резолуција како никогаш досега. 

Мислам дека причината поради која G Master може да понуди резолуции од центарот до рабовите на сликата и многу природен ефект на дефокусирање е нашата можност да создадеме XA елемент на објектив со екстремно голема прецизност на површината од 0,01 микрони. Нема да претерам ако кажам дека G Master немаше да се реализира без создавање на нашите XA елементи за објективи.

Висока резолуција и ефект на дефокусирање

Создавање поефикасна комбинација од конфликтни елементи со фреквенција од 50 пара линии по милиметар како основна линија за MTF

Masanori Kishi

Kishi:

Бидејќи високата резолуција и прекрасниот ефект на дефокусирање се меѓусебно спротивни, многу е тешко да се обединат во нивната најдобра форма. Кај резолуцијата воведовме MTF1 со просторна фреквенција од 50 пара линии по милиметар како основа за нашиот дизајн.

Поголема просторна фреквенција значи дека објективот подобро ќе создава дискретни промени во контрастот. За таа цел, целосно ги отстранивме различните оптички аберации, како што се хроматската и несиметричната аберација во етапата на дизајнирање. Поточно, за елиминирање на аберациите во рабовите на сликата, повторувавме многу симулации и постепено ги отстранувавме аберациите сè додека не го добивме конечниот оптички дизајн. 

Секако, добивањето поголема просторна фреквенција само по себе не гарантира добар објектив, бидејќи може да има многу нискофреквентни компоненти во зависност од објектот што треба да се сними. На крајот, целта треба да биде фотографија што изгледа одлично кога ја гледате, па затоа е важно да се добие дизајн кој има добра рамнотежа помеѓу ниските и високите фреквенции.

При дизајнирање на објективот внимававме на ефектот на дефокусирање додека ја зголемувавме резолуцијата. Тоа го постигнавме преку симулација на ефектот на дефокусирање за да нема негативни последици поради подобрување на перформансите на MTF. 

Ефектот на дефокусирање кај објективите е многу сложена тема, а го има и во различни форми. На пример, преден и заден, од мала до голема оддалеченост. Бидејќи ефектот на дефокусирање се менува според фокусната должина, тој не може да се оцени само преку симулација. 

Затоа, симулациите на ефектот на дефокусирање мора вешто да се интегрираат со помош на огромното искуство и знаење на Sony. Постојано бараме прекрасни ефекти на дефокусирање за нашите корисници.

Слики со симулација на ефект на дефокусирање

Слики со симулација на ефект на дефокусирање

Кружна решетка со 11 ливчиња

Shiraishi:

Во оптичкиот дизајн има елементи што влијаат врз ефектот на дефокусирање, но тие тешко се елиминираат во етапата на оптичкиот дизајн. Објективите G Master се проверуваат поединечно за време на производниот процес и се прилагодуваат за да бидеме сигурни дека можат да создаваат идеални ефекти на дефокусирање. 

За овие прилагодувања е потребно да се создаде нова опрема за прилагодување и да се вгради механизам за прилагодување во објективот. Механизмите за имплементирање на овој чекор на обработка треба допрва да станат достапни. Меѓутоа, со прилагодување на ефектот на дефокусирање, ние создаваме објективи од врвна класа за нашите корисници и мислам дека ваквиот став и дух се важен дел од менталитетот на серијата G Master.    

Објективите FE 85 мм F1,4 GM и FE 70–200 мм F2,8 GM OSS се првите што користат кружна решетка со 11 ливчиња во серијата на α објективи. Создавањето на тековната решетка со 11 ливчиња беше поттикнато од потребата за одржување на ефектот на дефокусирање во кружна форма колку што е можно повеќе при користење поставки за голема решетка. Зголемувањето на бројот на ливчиња нуди дополнителна придобивка која овозможува покомпактен дизајн за уредите чија решетка има многу голем дијаметар.

Објективите ги прилагодуваме поединечно за време на производниот процес за да бидеме сигурни дека можат да создаваат идеални ефекти на дефокусирање

Ефект на дефокусирање со решетка со 11 ливчиња

Ефект на дефокусирање со решетка со 11 ливчиња

Ефект на дефокусирање со решетка со 7 ливчиња

Ефект на дефокусирање со решетка со 7 ливчиња

Иновативен механизм за придвижување

Резолуцијата и ефектот на дефокусирање се оптимизираат преку оптичкиот дизајн, а потоа се тестираат со технологијата за мотори од Sony 

Прстенест мотор SSM и линеарен мотор

Kishi:

Дури и ако воспоставите рамнотежа помеѓу високата резолуција и ефектот на дефокусирање и ги добиете највисоките перформанси, нема да можете да ги искористите тие перформанси без еквивалентна прецизност за фокусирање. Затоа ни беше потребна и врвна прецизност. За да извлечеме максимум од перформансите на објективот, вградивме неверојатни можности за фокусирање во G Master преку комбинирање на иновативните мотори на Sony, создадени според нашата сопствена технологија, со механизми оптимизирани според оптичките карактеристики на секој објектив. 

Објективот FE 70–200 мм F2,8 GM OSS се справува со тежината на леќите за фокусирање со поделба на фокусната група, која најчесто содржи само еден дел, во две посебни фокусни групи. На овој начин, тежината се распределува. Освен тоа, со комбинирање на фокусните групи со независни мотори што се контролираат независно, објективот овозможува порамномерно фокусирање, не само за фотографии, туку и за видеоснимки. Исто така, поделбата на фокусната група во два дела создава лебдечка структура која овозможува ефикасна корекција на различни аберации при секоја оддалеченост на објектот, а благодарение на лебдечката структура, која нуди потполно независна контрола, ќе можете да ги прилагодите сите елементи на објективот поединечно во идеална положба, на начин што не е возможен со стандардната лебдечка структура, овозможувајќи ви да извлечете максимум од перформансите на објективите.

1. Прстенест мотор SSM     2. Линеарен мотор

Иновативната технологија за моторот овозможува потполно поинаков стил на фотографирање

Објективите FE 85 мм F1,4 GM и FE 70–200 мм F2,8 GM OSS се опремени со новата генерација на системи со прстенест мотор SSM кои ги оптимизираат прстенестите мотори SSM кај објективите со A-приклучок, за врвен AF со контраст кај фотоапаратите без огледало со заменливи објективи. На тие фотоапарати што користат AF со контраст им треба повратен мотор при фокусирањето, односно рамномерна ротација.

Прстенестиот мотор SSM овозможува рамномерна ротација со помош на лагери. Објективот FE 85 мм F1,4 GM е опремен со два сензори за позиционирање кои директно го откриваат и контролираат објективот за фокусирање. Одличниот прстенест мотор SSM, двата сензори за откривање позиција и напредниот алгоритам за придвижување овозможуваат контрола на положбата на објективот на ниво од 1 микрон, создавајќи AF со екстремно висока прецизност.

Систем со прстенест мотор SSM
Masanori Kishi

Kishi:

Се надевам дека луѓето ќе ја пробаат функцијата „AF (автоматски фокус) на очи“ во комбинација со објективот FE 85 мм F1,4 GM и серијата α7, бидејќи дури тогаш навистина ќе ја почувствуваат прецизноста на фокусирање на објективот. Стандардните објективи од 85 мм со F1,4, поради нивното поле со мала длабочина, понекогаш не можат потполно да ги фокусираат очите со AF. 

Професионалците користат рачен фокус за прецизно фокусирање со објективите од 85 мм со F1,4, па затоа сум среќен што овозможивме полесно достигнување на тоа ниво на прецизност со AF. И покрај фактот што објективот од 85 мм со F1,4 има поле со многу мала длабочина, ние ја зголемивме прецизноста доволно за да можат фотографите да ги користат објективите за фокусирање не само за фокусирање на зениците, туку и очните капаци, врвовите на трепките, површината на зениците или одблесоците, во зависност од нивните потреби. 

Токму иновативната технологија за мотори што е вградена во овие објективи ни овозможи да го постигнеме ова ниво на прецизност. Мислам дека тоа ќе доведе до потполно различен стил на фотографирање, бидејќи порано фотографите мораа да се концентрираат на прецизно фокусирање, а сега имаат слобода да го менуваат аголот на гледање и да го движат предметот наоколу, а притоа зениците да им бидат постојано во фокус.

Akira Shiraishi

Порака од Akira Shiraishi

Многу ми се допаѓа објективот FE 85 мм F1,4 GM. Пред десет години, ме интервјуираа за објективот од 85 мм со F1,4 и A-приклучок: во групата на α објективи, објективот од 85 мм со F1,4 е револуционерен и има исклучителни спецификации. Ова е одличен објектив што го претставува брендот α.

Со создавање на овој нов објектив од 85 мм со F1,4, сакав да го добијам најдобриот објектив што ќе ги надмине сите претходни објективи. Се надевам дека нашите чувства за објективот FE 85 мм F1,4 GM ќе ги споделат и други корисници. Сфаќајки го сериозно мислењето на нашите корисници на серијата F4, ги подобривме перформансите на нашите два објективи во серијата G Master - FE 24-70 мм F2,8 GM и FE 70-200 мм F2,8 GM OSS. Се надевам дека корисниците на серијата F4 ќе им дадат шанса на овие нови модели со F2,8.

Порака од Masanori Kishi

Како што наближуваше пуштањето во продажба на овие три извонредни објективи под новиот бренд G Master, сите инженери ја зголемуваа максималната граница и вградуваа колку што е можно повеќе во секој објектив, вклучувајќи и ракување со огромно ниво на детали, без компромиси. По промовирањето на серијата α7, добивме многу корисни мислења и информации од многу професионални корисници.    

Овие производи ги подготвивме за продажба со логичко решавање на сите детали, без оглед дали се однесуваат на ракувањето, перформансите или други карактеристики, според мислењето на овие корисници. Уверен сум дека создадовме објективи кои безрезервно можам да ги препорачам и ќе бидам среќен кога ќе видам како луѓето ги користат и се забавуваат додека фотографираат со нив. Се надевам дека луѓето ќе уживаат во беспрекорниот спој на висока резолуција и ефект на дефокусирање што го нуди новата серија G Master.

Masanori Kishi
Објективи од иднината, од Sony

Високата резолуција и прекрасното дефокусирање се обединуваат во објективи кои ќе ви обезбедат врвни перформанси дури и со најнапредните фотоапарати во претстојните години.