ИНТЕРВЈУА СО ИЗВЕДУВАЧИ ОД SONY
Marty Friedman
Главен гитарист на американската хеви-метал група "Megadeath", 1990–2000. Marty се преселил во Јапонија во 2004 година и сака многу музички стилови, меѓу кои и JPOP.
Главен гитарист на американската хеви-метал група "Megadeath", 1990–2000. Marty се преселил во Јапонија во 2004 година и сака многу музички стилови, меѓу кои и JPOP.
Интервју на blueprint / Фотографии на Yohei Takeuchi
О: Кога бев тинејџер. Во тоа време, обично слушавме музика дома или на концерти, но јас сакав да слушам музика на мојот огромен аудио уред кој го носев во гимназија. Така што, кога за првпат го видов Walkman уредот, бев воодушевен.
О: Главно, музика која ја создавам во моментот. Понекогаш кога сум заглавен во студио и слушам подолго време, тешко е да се каже што е добро, а што е лошо. Така што, обично слушам музика додека шетам во парк. Се чувствува дека е музика од некој друг—така што создава природен одговор.
О: Во споредба со mp3, пониските тонови се помелодични. Но, за мене е поважно аудио уредот да е цврст и едноставен за користење, отколку да поседува “врвни карактеристики” или “висок квалитет”.
О: Вистина е дека квалитетот се намалува со CD дисковите или со компресираните аудио фајлови во споредба со оригиналните снимки, но тоа никогаш не ми пречело. Секогаш си мислам, “Не заборавај на обичниот народ”. Така што, за компонирање секогаш користам добри звучници додека работам, но на крајот слушам со евтини звучници и го прилагодувам звукот.
О: Паметните телефони во блиска иднина ќе бидат компатибилни со звукот со висока резолуција. Кога ќе се случи тоа, ќе донесе предности не само за продукцијата, туку и за целата музичка индустрија, затоа што “парите се движат”. Потребни ви се вложувања за создавање на добра музика… а јас сакам слушателите да трошат пари на музика во која ќе уживаат. Ако луѓето го користат овој Walkman, тогаш можеби ќе сакаат музички наслови во висока резолуција—и тоа секако ќе биде добро за музичката индустрија и музичарите.
О: Па, можам да кажам дека целосно ми го обзема животот. Да сум на пуст остров и да можам да изберам едно нешто, тоа ќе биде пренослив аудио плеер со многу меморија. (се смее)
"Она што слушателите го сакаат—и ќе го купат—е музика што ќе ги поттикне да ја имаат."
Уживајте во најситните детали со звукот со висока резолуција и студиски квалитет. Страста за музика ги обединува сите компоненти, од сигнал до звучник, а напредните технологии како дигиталното зголемување на резолуции ќе ви помогнат да создадете прекрасно аудио доживување.