Jesse McCartney прв пат слуша 360 Reality Audio

Зборувавме со Jesse McCartney за возбудата при настапувањето во живо, неговото прво искуство со 360 Reality Audio и за прифаќањето одлични идеи.

Во соработка со LIVE NATION

Jesse McCartney

jessemccartney-still

Роден во Њујорк Сити, Jesse McCartney изгради кариера како изведувач, текстописец и актер во различни улоги. На 11-годишна возраст, тој доби 2 Daytime Emmy номинации како актер во „All My Children“ на ABC, а беше и член на поп-групата Dream Street чиј деби-албум се продаде во повеќе од 800.000 примероци.
На 16-годишна возраст, McCartney го издаде првиот соло-албум „Beautiful Soul“ кој се продаде во 1,8 милиони примероци. Во 2008, тој беше коавтор на хитот на Leona Lewis „Bleeding Love“ со Ryan Tedder кој беше #1 во 34 земји - единствената песна во последната деценија што го постигнала тоа. Песната беше номинирана за Grammy и освои награда за „Песна на годината“ на ASCAP (2009). Синглот на Jesse „Leavin“ од третиот албум, „Departure“, беше #1 на најслушаните 40 песни во 2008 во САД. Други негови хитови се „She’s No You“, „Body Language“, „How Do You Sleep“, „It’s Over“ и „Shake“. Тој глумеше во серии и филмови како „Summerland“ и „Keith“ и гостуваше во „Hannah Montana“ и „Fear The Walking Dead“. McCartney го позајми гласот за класични карактери како Theodore во сите продолженија на „Alvin and The Chipmunks“ и моментално ја игра улогата на суперхеројот „Nightwing“ на Marvel во „Young Justice 3“.
Во 2018, со неговиот сингл „Better With You“ започна распродадената турнеа со истото име. 2019 започна со „The Resolution Tour“ која за првпат ќе го одведе Jesse во Југоисточна Азија. Тој во моментов пишува нова музика што ќе биде издадена кон крајот на 2019.

„Музиката ми е прва љубов“

- LIVE NATION

Ти благодарам што дојде Jesse. Кариерата ја започна на многу мала возраст. Како го доживеа тоа и какво влијание има тоа сега врз тебе како изведувач?

JESSE MCCARTNEY

Пораснав во опкружување што сака музика - целото семејство, почнувајќи од дедо ми и баба ми па сè до родителите, брат ми, сестра ми, роднините. Сите израснаа со љубов кон уметноста, љубов кон музиката, а особено кон глумата. Растев со два родитела кои нè охрабруваа да стоиме до пијаното и да пееме, да слушаме стари албуми. Тоа е мојата основа.

Мислам дека имав седум или осум години кога родителите ме носеа во театар, а јас гледав како настапуваат во продукции од локалната заедница како што беа продукциите од Rogers и Hammerstein. Со тек на време им се придружив. Настапувавме како семејство во театри од викторијански стил со 500 седишта.

Во една прилика на моите родители им пријде еден пар од Њујорк Сити кои ме пофалија дека настапувам добро. Можеби треба да го донесете во Менхетен да си ја проба среќата. Мајка ми ме однесе и имав аудиции за Бродвеј. По приближно една година, ја добив првата тезга како Louis во „The King and I“ со Haley Mills која ја играше Anna.

На возраст од девет години заминав на мојата прва национална турнеја на „The King and I“. Тогаш тоа не ми изгледаше како работа. Сè уште не ми изгледа така. Земав плата, но работев од љубов. Не размислував од деловен аспект. И ете, после 20 години сè уште го работам истото. И сè уште сакам да го работам. Само сега има малку и деловен аспект. [Се смее] Но тоа беше мојата прва љубов и засекогаш ќе остане така.

- LIVE NATION

Како ти влијаеја твоите искуства од младоста за да станеш текстописец? И што мислиш за искуствата што си ги имал во текот на кариерата кога станува збор за пишување песни?  

JESSE MCCARTNEY

Отсекогаш сакав да бидам текстописец. На 16-годишна возраст мислев дека ќе бидам одличен текстописец. Но, тоа многу ретко се случува затоа што во тој период од вашиот живот имате многу малку перспектива. Бев средношколец во пубертет кој се справува со проблемите на секој адолесцент, а има толку многу работи што не ги знаев за светот.

Мислам дека ми требаше време да созреам, да патувам, да запознаам нови луѓе, да се заљубам и да се одљубам, да почувствувам болка, тага и романтика, сите работи од кои треба да црпите кога пишувате песна.[Во овој момент], повеќе од кога било, чувствувам дека ја владеам вештината за пишување текстови, само затоа што се чувствувам подобро од кога било [претходно], во цутот на младоста сум: патував низ светот. Запознав многу култури низ целиот свет. Имав многу љубовни врски и раскинувања. Едноставно сум помудар, би можело да се каже.[Се смее] И мислам дека тоа ги прави текстовите подобри, поискрени и подостапни.

- LIVE NATION

Колку ти значи правењето музика сега?

JESSE MCCARTNEY

Музиката, како што реков, ми е прва љубов. Откако направив мала пауза - три и пол, четири години се посветив на други креативни работи - мислам дека последен пат бев во студио пред една година, кога ја започнав оваа нова серија песни сфатив дека сум станал подобар во работата. Кога ќе се навратам во периодот кога имав 16 години и кога слушам некои од албумите што ги напишав - разбирам зошто издавачката куќа вели, хм, нема да го ставиме тоа на албумот.

Мислам дека може да се забележи развојот и сè уште чувствувам дека се подобрувам. Но сметам дека оваа последна серија албуми покажа што можам да направам како текстописец и композитор. Го сакам тоа што го работам.

Една од моите омилени работи денес е да напишам песна и веднаш да ја објавам за да добијам првична реакција - во рок од неколку минути - од група луѓе кои ме следат низ годините. Тоа не беше лесно порано. Ми требаа месеци за да дознаам какви се реакциите за одредена песна.

- LIVE NATION

Сакаме да позборуваме подетално за повратната реакција, но прво - дали правењето музика е нешто без кое не би можеле да живеете?

JESSE MCCARTNEY

Апсолутно. Музиката е, ќе звучи како клише, но вистина е - музиката е универзален јазик. Можам да ја посетам Јапонија, а не знам ни збор јапонски, но знам дека кога изведувам песна можам да видам на нивните лица какво чувство предизвикува кај луѓето. Постои некаква енергија на сцената за време на настапот кога не мора меѓусебно да се разбирате - но, сепак, се разбирате.

Не можам да си замислам да се разбудам и да не ја отворам апликацијата Spotify додека го пијам првото кафе. Во автомобил, слушам - тоа е дел од мојот секојдневен живот - а мислам дека истото важи и за многу други луѓе.

- LIVE NATION

Колку ви значи настапувањето во живо пред илјадници фанови?

JESSE MCCARTNEY

Најмногу уживам во живите настапи. Започнав на сцената, а театарот беше мојот прв предизвик, така што се чувствувам многу удобно кога сум на сцена. Тоа што е навистина неверојатно за [настапите во живо] е можноста да видите од прва рака како обожавателите реагираат на песната и токму тоа го правев сè повеќе и повеќе. Ќе напишев песна и ќе ја изведев на некој концерт на колеџ или на некоја од моите турнеи, а тоа е песна која никој не ја чул и не е објавена. Добивате моментална реакција и веднаш се забележува дали на публиката ѝ се допаѓа песната или воопшто не ја чувствува. Тоа е мојот омилен дел од настапите.

Обожавам да ги свирам песните кои сите ги знаат. Свирењето на хитовите е нешто што никогаш не досадува, кога сите пеат во еден глас. Чувството е неописливо. Но, да, обожавам да свирам нов материјал на сцена во моментов. Уживам во тоа. Да напишам песна, да излезам на сцена и да видам дали им се допаѓа.

- LIVE NATION

Колку ви се важни обожавателите?

JESSE MCCARTNEY

Јас сум многу среќен што денес, кога многу луѓе брзо ве забораваат, моите обожаватели останаа верни низ годините на начин кој, според мене, не е во текот со времето. Тоа е извонредно за мене.

Мислам дека [моите обожаватели] навистина го покажаа нивното вистинско лице, особено во последната година и пол. Направив пауза од музиката подолг временски период и се плашев да објавам нешто ново. Затоа што не знаев каква ќе биде реакцијата - не знаев дали луѓето воопшто ќе бидат заинтересирани. Но, тие се појавија во рекорден број. Имавме две распродадени турнеи оваа година. Тоа е доказ за тоа колку навистина се верни моите фанови.

jessemccartney-play-1
jessemccartney-play-2

„Замислата на Sony, нивната главна филозофија како компанија, е да понуди „kando“ доживувања преку звук и музика… Ми се допаѓа тоа“

- LIVE NATION

Сега снимате нов албум. Каков е процесот и колку ви е важно да им го понудите најдоброто од вас на фановите?

JESSE MCCARTNEY

Видете, фановите можат да препознаат лоша музика на километар. Тие го препознаваат реалното во вас - знаат кога се трудите и кога не се трудите. Нешто што најчесто ми го кажуваат фановите, ако не објавам ништо неколку дена, е „Те снема, заминуваш, повторно го правиш тоа. Не го прави тоа“. Постојано сум активен поради нив и тоа ми се допаѓа. Го ценам тоа.

Како уметник и перфекционист за луѓето кои се грижат што издавам, сакам да пласирам производ со одличен квалитет. Сакам да звучи неверојатно. Сакам да биде напишано со најдобриот можен квалитет што можам да го понудам. Сакам да побуди болка или возбуда или романса. Сакам да влијае врз мојата публика, независно од емоцијата. Сакам да се претвори во нешто со кое ќе се приврзат. Мислам дека тоа е најважно во музиката, па затоа се обидувам да го постигнам тоа на највисоко можно ниво. Тоа е дел од целиот процес. Не го правам само колку да помине. Вложувам сто проценти.

- LIVE NATION

Овој огромен труд што го вложувате во музиката, прочитав дека сè започнало поради реакцијата на некој фан на „Better With You“, песната што ја издадовте на почетокот на минатата година, за да видите како ќе се покаже, не знаејќи дали ќе биде успешна...

JESSE MCCARTNEY

Да, како „Here I am“. Но, „Better With You“ беше катализатор за целиот овој проект. Не бев сигурен што ќе се случи, како што рече - чекавме да го видиме резултатот. Знаев дека сакам да снимам видео со концептот што го замислив. Изгледаше како скапа содржина, така го замислував. Нешто како многу добра песна со одличен визуелен приказ, па да видиме што ќе се случи, ме сфаќаш? А јас не бев подготвен за реакцијата. И сега, искрено, тешко ми е да го завршам текстот бидејќи многу патував и одев на турнеи, што е неверојатно.

Но, имав напишано само неколку песни, па сега се обидувам да го завршам проектот. И задоволен сум со постигнатото. Кога го започнав проектот, не планирав да пишувам цел албум, но се случи токму тоа. Сè уште ми фалат неколку песни, но се надевам ќе завршам до крајот на годината.

- LIVE NATION

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за вашиот однос со обожавателите и начините на кои одржувате контакт со нив?

JESSE MCCARTNEY

Тие стануваа посилни, особено во последните три или четири години. Друштвените медиуми имаат огромно влијание во музиката. Во периодот на „Beautiful Soul“, кога го издадов мојот прв албум, имаше тим од луѓе околу мене, тим за односи со јавноста, маркетинг-тим и тие ми кажуваа, добро, ќе го направиме тоа, ќе патуваме таму, ќе отидеш на тоа интервју. Овие работи се сè уште важни, но најголемата промена што ја направивме беа друштвените медиуми.

Сега не треба да правам [многу] од работите што морав да ги правам кога потпишав за издавачка куќа пред 10, 15 години. Сега го земам телефонот, прикачувам 20 секунди од песна на која работам на Instagram или Twitter и веднаш добивам реакции кои ги читам. Ги читам директните пораки еден час на ден, им одговарам на обожавателите и гледам што прават денес. Можеби се соочуваат со личен проблем или не им се допаднало нешто, а јас ќе разговарам со нив за тоа. Како, на пример, што не ви се допадна? Разговорот се одвива во моментот.

Тие имаат директен пристап до вас кој [порано] го немаа. Порано имаше некаква мистерија за изведувачот - стоевте зад завесата. Тие не гледаа што се крие зад завесата, знаете? Потоа ќе излезевте на бината и ќе го одржевте вашиот настап. Сега сè е наопаку. Живееме во свет во кој сè се сведува на содржината, музиката е само 25%, а 75% е што јадевте за ручек, знаете? Јас мислам дека тоа промени сè во односот помеѓу изведувачот и обожавателот. Станува збор за содржина и за тоа да им овозможите на луѓето да фрлат поглед во вашиот секојдневен живот и навистина да ве запознаат.

- LIVE NATION

Кога излезе вашиот последен албум, „In Technicolor“, слушателите коментираа дека претставува „позрел звук“ за вас. Зборувавте за тоа како „создавањето на вистински хит“ може да значи постојано истражување на нови звуци и прифаќање на вашите претходни дела. Што тоа значи за вас денес и за музиката што ја создавате во моментов?

JESSE MCCARTNEY

Остварување на целта. Според мене, зависи што сакате да постигнете. Мислам дека „In Technicolor“ ја оствари целта. Јас бев малку помлад, но навистина се обидував да создадам похрабар звук со тој албум. Сакав да направам албум со поп-звук како од крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години и навистина бевме фокусирани на тој музички период. На некој начин, сакавме да изразиме почит кон поп-музиката од тој период.

Но, дури и во [мојот сегашен] проект, има моменти во студиото кога сите гледаат наоколу и велат, да, ова е добро. Ова е навистина добро. Јас сум свој најстрог критичар; Можам да работам на една песна со месеци пред да ја објавам. А, околу мене имам тим на луѓе - луѓе со музички умови и слух на кои можам да им верувам. Затоа, тешко е да се каже [кога ќе ја остварите целта] и одговорот не е баш инспиративен, но едноставно знаете. Едноставно го чувствувате тоа.

Меѓутоа, понекогаш едноставно знаете, но не го постигнувате тоа што сте го замислиле. Значи, никогаш не можете со сигурност да знаете и во тоа се крие убавината. Размислувате, се надевате, па ќе излезете на сцена и реакциите на луѓето се, „Не ми се допаѓа, следниот“? Потоа се враќате на таблата за цртање. Но, понекогаш ќе напишете песна што навистина ви се допаѓа и добива потполно нова [верзија] на настапите во живо, со нов аранжман или ремикс или нешто ќе се случи и сите велат, да, тоа е тоа.

 Мислам дека како музичари и текстописци давате сè од себе и правите сè што е во ваша моќ. Меѓутоа, што ќе се случува понатаму зависи од вашата публика.

- LIVE NATION

Вие сте продуцент, како и пејач и текстописец. Колкав предизвик е раздвојувањето на овие различни дисциплини?

JESSE MCCARTNEY

Ретко снимам вокал истиот ден кога ќе ја напишам песната, затоа што сакам песната да дише и живее за да може ја добие завршната форма - особено во мелодиите. Мислам дека колку подолго живеете со една песна, толку повеќе станува ваша и можете почесто и подобро да ја изведувате. Сметам дека тоа е од суштинско значење од аспект на мелодијата.

Но, кога ќе влезам во кабината, се посветувам само на продукцијата на вокалот каде знам што можам да направам. По долгогодишното снимање во студио и работење со најдобрите продуценти - вокални продуценти - во светот, ги научив техниките во професијата и што може да се направи да се зголеми јачината на звукот на одреден дел или да се стиши одреден дел од песната. Мислам дека станав извонредно добар во користењето на мојот глас со текот на годините.

А, како продуцент, да, се посветувате само на продукцијата. Вие одлучувате што е [и што не е] потребно во песната. Ми стана навика да отстранувам елементи од песната, оставајќи го само минимумот што е потребен за да направите совршена песна.

Влегувате во различни улоги секој ден и потребно е многу време за да ја остварите целта. Но, тоа е работата што ја сакам.

- LIVE NATION

Како продуцент, дали може да ни раскажете малку за тоа колку е важен звукот на песната за воспоставување емотивна врска со вашата публика?

JESSE MCCARTNEY

Некои од моите најомилени албуми се албумите на кои има мали звучни ефекти, мали ефекти со гласот, како што правеше Michael Jackson, нели? Пораснав со „Thriller“ и со сите албуми на MJ. Ги обожавам малите ефекти што се слушаат во средината на песната кои немаат никаква поврзаност со акордите или со мелодиите.

Тоа се тие мали ефекти кои ви оставаат впечаток како, на пример, „tah-tah“ кој буквално претставува еден мал ефект што Prince го прави на гитарата, а на некој начин станува фокус на албумот.

Како продуцент се стремите да откриете вакви моменти. Кои се малите елементи што навистина ќе го привлечат вниманието на публиката? Мислам дека го сторив истото со новите песни што ќе ги објавам наскоро. Сметам дека „Selfless“ го има тоа. Сметам дека „Soul“ го има тоа. „Better With You“ беше едноставен гитарски риф, но тој дел од песната стана најинтересен поради начинот на кој употребивме ефект на доцнење и на ехо .

Звукот е една од најважните работи кога доживувате песна, особено првпат. Сакате луѓето да ја слушаат повторно и повторно.

Замислата на Sony, нивната главна филозофија како компанија, е да понуди „kando“ доживувања преку звук и музика. „Kando“ е јапонски термин што се однесува на моќта на емоционалното поврзување или да се биде емоционално возбуден или трогнат.

Ми се допаѓа тоа.

jessemccartney-play-3
jessemccartney-still

„Јас сум еден од ретките кој ја има таа привилегија да биде на другата страна, на бината. Извонредно е“.

- LIVE NATION

Целта на Sony е да создаде емотивна врска преку звукот и музиката. Може ли да се сетите кога сте го почувствувале тоа преку музиката, кога некоја песна многу ве воодушевила?

JESSE MCCARTNEY

Некои од моите најдраги спомени се од периодот кога имав 4 или 5 години, седејќи на задното седиште од автомобилот на татко ми и возејќи се низ Конектикат кога лисјата ја менуваа бојата, возејќи се до куќата на баба ми - таа живееше во едно зафрлено место покрај езеро. Ја слушавме „Sweet Baby James“ од James Taylor и паметам дека се заљубив во мелодијата. Беше прекрасна - ме успиваше, но и ме развеселуваше. Имаше сè што би посакале во една песна што на некој начин би било „kando“, нели?

Тој албум ме инспирираше. Бев само дете и си размислував дека музиката е најмагичната работа на светот и дека не можам да направам ништо друго после слушање на таков албум. Го слушав постојано и сè уште го слушам - еден од моите омилени албуми во автомобилот. [Се смее] Тоа веројатно беше првиот пат кога го доживеав тоа што Јапонците го нарекуваат „kando“. Го обожавам зборот. Ќе почнам постојано да го користам.

- LIVE NATION

Дали сте ги виделе вашите фанови да реагираат вака на вашата музика? Дали сте имале интеракција со вашите фанови каде што сте оцениле дека се емотивно допрени од тоа што го правите?

JESSE MCCARTNEY

Да и мислам дека неодамна беше со објавувањето на песната „Better With You“. Бидејќи не се занимавав со музика долго време, мислам дека [моите обожаватели] не очекуваа да издадам нешто ново. Песната „Better With You“ има таква носталгична особина бидејќи по звукот многу потсетува на моите почетоци, како што е „Beautiful Soul“. Сметам дека има позрел звук, но сè уште има нешто што предизвикува носталгично чувство. Песната започна да добива милиони проследувања и прегледи на YouTube и повторно предизвика силни реакции. Тоа претставуваше емоционална реакција на песна од изведувач за кој можеби не знаеја дека сакаат да го слушаат повторно. Јас бев премногу задоволен од [овие] неверојатно позитивни реакции.

- LIVE NATION

Кога го свириш ова во живо сега, дали ја забележуваш емотивната реакција од публиката?

JESSE MCCARTNEY

Да, има некоја големина во ова. Сите ги креваат телефоните со нивните блицови и мавтаат со нив. Тоа прерасна во еден вид препознатлива реакција на оваа прекрасна балада со средно темпо. И тоа е едно од најдобрите чувства кога си на сцена и гледаш како публиката реагира на толку нова песна на тој начин. Реакцијата е толку голема, ако не и поголема од некои хитови што се искачија на листите. Многу интересно.

- LIVE NATION

Мора да е неверојатно да слушате како огромен број обожаватели ви ги пеат текстовите. Можете ли да опишете како тоа звучи и како емоционално ве погодува?

JESSE MCCARTNEY

Како посетител на музички настапи, бидејќи сакам музика, чувствувам нешто кога ќе ги слушнам првите акорди од некоја песна што ја знам и ја сакам што веднаш ме навраќа во одреден дел од животот, независно кога било и колку години сум имал. Ми надоаѓаат толку многу спомени одеднаш и едноставно сакам да запеам. А јас сум еден од ретките кои можат да застанат и од другата страна, на бината.

Неодоливо е. Знаеш дека тој момент доаѓа, знаеш дека ќе почне таа песна, погледнуваш кон сите и настапува мртва тишина пред да започне мелодијата. А кога ќе започне, целата публика еруптира. Сите се обединети во тој момент и си мислат „и ти беше таму. Се сеќаваш ли на ова, бевме заедно. Ајде да пееме заедно“. Во тој момент сте на иста бранова должина. Чувството е неверојатно.

- LIVE NATION

Да присуствувате на настапот е една работа, но да ја слушате вашата музика снимена и репродуцирана е друга. Колку ви е важно обожавателите да ја слушаат вашата снимена музика на најдобар можен начин?

JESSE MCCARTNEY

Мислам дека една од работите кон која се стремиме како изведувачи е да создадеме навистина одличен производ и да направиме да звучи што е можно почисто. Како човек кој има преслушано многу албуми низ годините, едноставно знаете кога нешто звучи совршено. Кога звукот делува малку придушено или треба да ја зголемите јачината на звукот или кога овој дел е премногу истакнат, тоа го одвлекува вниманието од текстот.
Но кога сè е споено, сè е соединето и кога ја слушате песната и сè е совршено, чувството е блажено. Создавањето на албум што звучи речиси совршено е врвно достигнување.

Особено важно за мене е моите обожаватели да уживаат исто колку и мене кога слушам песна. Сепак, тоа го правам за нив! Сакам да ја слушаат во најдобрата форма, [бидејќи] тие се причината поради која ја правам музиката. Ако сте пекар, нема да испечете половина векна леб и да ја продадете. Ќе сакате да биде совршена. Не знам зошто ми текна на ова како аналогија, но вистина е.

- LIVE NATION

Денес, музиката најчесто се слуша на слушалки. 360 Reality Audio на Sony е прекрасна технологија за звук која нуди целосен опсег на звук во стандардните слушалки. Дали можноста навистина да го внесете слушателот во вашата музика звучи како нешто што би сакале да го истражите?

JESSE MCCARTNEY

Едвај чекам да го доживеам. Сè уште не сум слушнал како звучи, но претпоставувам дека ќе биде на повисоко ниво. Сè што го подобрува доживувањето при слушање музика е совршено за мене.

- LIVE NATION

Прочитав фраза што ја користите понекогаш, „Кажете им да на извонредните идеи“. Звучи како да сте отворени за нови технологии и нови начини за работа.

JESSE MCCARTNEY

Потполно се согласувам. Ако ја воздигнува уметноста, ако слушателот повеќе ужива во музиката, како може некој да биде против такво нешто?

- LIVE NATION

Кога снимате, какво значење за песната може да има вистинскиот звук во вистински момент?

JESSE MCCARTNEY

Кога продуцирате песна и кога создавате нешто, понекогаш е потребен само еден дополнителен елемент за да стане вистински хит. Понекогаш е вокал, понекогаш ритам на тапани, а понекогаш звучен ефект. Никогаш не може да знаете што ќе биде, но тој еден елемент може да е разликата помеѓу [создавањето] неверојатно заразна песна која луѓето ќе ја паметат со години или не. Мислам дека секој кој создава музика се обидува да го пронајде тој елемент, особено во поп-музиката.

Секогаш го бараме тоа што е убаво на уво. Кој е тој елемент што ќе ја издигне песната на повисоко ниво? Тоа е дел од она што го правиме во студио. Бараме и истражуваме нови звуци, испробуваме чудни работи и многу пати не успеваме. Потоа се надеваме дека ќе го пронајдеме моментот кога сите ќе кажат, „Да, да, тоа е. Слушна? Тоа е тоа!“

Неодамна снимив еден вокал кој го забрзавме и добивме многу пискав звук, потоа го отсековме на милион различни начини, го снимивме наназад и го репродуциравме преку Vocoder или синтисајзер - му направивме некои чудни работи и го искористивме еднаш или двапати во песната. Но, тоа е дел кој луѓето со нетрпение го чекаат сега. Така што, да, привлечно е на уво. Така најдобро може да се објасни - мали моменти кога велите, „Еј, што е тоа?“ Ми се допаѓа. Ми се допаѓа чувството кога го слушам.

- LIVE NATION

Тој опис ни дава идеја колку е може да биде тешка работата во студиото за да се создаде само еден одличен звук.

JESSE MCCARTNEY

Во одреден момент, да.

- LIVE NATION

Да се вратиме на обработката: може ли да опишете како може обработката да влијае врз слушателот кога ја слуша песната?

JESSE MCCARTNEY

Најважното нешто кога уживам во извонредна мелодија е, кога ќе ја слушнам, ништо да не отскокнува. Ништо да не ја попречува песната. Ништо да не го одвлекува вниманието. Чувствувам како ушите да ми се приспособиле низ годините, па можеби сум почувствителен од просечниот слушател, но јас слушам одново и одново. Ги слушам само тапаните, само чинелите. Го слушам само вокалот или само придружните вокали. Барам сè што отскокнува, а потоа ја стишувам песната и слушам со многу мала јачина на звук. И повторно, дали има нешто што отскокнува?

Ах, басот е премногу висок. Треба да го намалиме за неколку dB. Или знаете што, овој вокал не се слуша добро. Треба да го засилиме. Како пејач, сакам вокалот да е силен во песната. Не знам, можеби е многу нарцисоидно, но таков сум. [Се смее] Но, според мене не треба да има ништо што ќе ви го одвлекува вниманието од песната. Има многу малку луѓе кои се занимаваат со миксирање и се одлични во работата. Но, кога ќе најдете добар, сте постигнале полн погодок. Тоа е нешто за кое знам дека ќе ми требаат многу години за да го усовршам, па затоа им го оставам на професионалците откако ќе ја завршам песната.

jessemccartney-play-4
jessemccartney-play-5

„Никогаш претходно не сум слушнал такво нешто на слушалки“

- LIVE NATION

[По демото за 360RA] Само што слушнавте неколку песни од еден од вашите последни настапи обработени со 360 Reality Audio од Sony. Каква е вашата импресија?

JESSE MCCARTNEY

Не знам каква аудио магија правите момци, но никогаш не сум слушнал вакво нешто. Потполно сум импресиониран. Чувствував како мојата песна да е музика за некој филмски хит. Звучеше грандиозно. Никогаш претходно не сум слушнал такво нешто на слушалки.

- LIVE NATION

Дали се чувствуваше како да си на настапот?

JESSE MCCARTNEY

Да. Се чувствував како пред мене да има моја верзија во живо. Исто така се чувствував како да има милиони други луѓе во публиката кои го доживуваа овој настап со мене - особено кога ќе ги затворев очите. Тоа беше целосно и прекрасно чувство на гледање настап во живо. Бев воодушевен.

- LIVE NATION

Ве гледавме како ја слушате песната „Soul“ и се забавувавте - очигледно ви се допадна?

JESSE MCCARTNEY

Така е. Прво се обидував да го идентификувам доживувањето, затоа што никогаш не сум почувствувал и не сум слушнал такво нешто. На почетокот се прашував, „Што е ова? Што се случува?“ А, потоа чувството беше како - сте биле ли во Куќата на стравот во Disneyworld кога седите на стол и се прашувате, „Каков е тој звук?“ Предмети се појавуваат одненадеж одзади, а потоа и однапред. Навистина беше поинакво од сè што имав слушнато дотогаш. Мора да го доживеете за да сфатите за што зборувам.

- LIVE NATION

Имавте ли омилен момент од миксот со 360 Reality Audio на „Soul“?

JESSE MCCARTNEY

Да. [Во] делот пред рефренот, можете да го слушнете мојот гитарист, Jacob, како прави мали бранови. Овие бранови се движат од предната до задната страна, речиси како од предната лева па сè до задната десна страна. Тоа не можете да го добиете со стандардните слушалки и беше навистина извонредно.

- LIVE NATION

Колку сте возбудени што вашите обожаватели ќе можат да уживаат во 360 Reality Audio?

JESSE MCCARTNEY

Многу сум возбуден. Мислам дека ако моите фанови дознаат за ова, гледајќи ја мојата реакција, не верувам дека нема да сакаат да го доживеат истото искуство. Ова е нешто што сите треба да го имаме, навистина. Не верувам дека некој не би сакал да го доживее ова што го доживеав сега. Сега ќе ми биде тешко да се вратам на „нормалното“ слушање музика. [Се смее]

- LIVE NATION

Како би го опишал 360 Reality Audio од Sony со еден збор?

JESSE MCCARTNEY

„Аудиогазам“. Овој збор не постои - сега го измислив.

- LIVE NATION

Сега да.

JESSE MCCARTNEY

Да.

- LIVE NATION

Можете ли да си замислите 360 Reality Audio да влијае на музиката што ќе ја создавате во иднина?

JESSE MCCARTNEY

Интересно прашање. Миксетите ќе мора да се приспособат на оваа технологија. Да, ако можам да направам музика во студиото што ќе звучи вака, дефинитивно би ја направил. Знаејќи дека постои ваква технологија, сакам да истражувам звучни моменти со кои оваа технологија би можела да ја подобри песната. Ќе биде интересно да се работи во иднина.

- LIVE NATION

Дали постоењето на 360 Reality Audio може да ве заинтересира да направите нов албум во живо?

JESSE MCCARTNEY

Апсолутно. Последниот пат кога настапив со цел албум во живо беше пред повеќе од десет години. И искрено, не бев премногу задоволен. Се сеќавам дека си мислев, прилагодувај го звукот колку сакаш, но има фактори што не можеш да ги контролираш - во живо е, тешко е да се прилагоди звукот. Но кога ќе го слушнам ова, едвај чекам да го завршам албумот за да го промовирам во живо. [Се смее]

- LIVE NATION

Што од вашата музика мислите дека ќе ги воодушеви вашите фанови кога ќе ја презентирате во овој формат?

JESSE MCCARTNEY

Мислам дека ќе сфатат колку време и напор е вложено во целиот процес, ако конечно [можат] да слушнат сè кристално јасно, сите звуци од песната. Понекогаш некои работи се длабоко закопани и никогаш не можат да се слушнат, бидејќи не се нагласени или акцентирани правилно. Со оваа нова технологија, ако успеете да ги извадите на површина сите овие неверојатни работи што сме ги создале, мислам дека ќе го подобрите доживувањето десеткратно.

- LIVE NATION

Кој е вашиот впечаток за тоа што Sony ги мери вашите уши за да го оптимизира 360 Reality Audio за вас и за да ви понуди најдобро доживување при слушањето?

JESSE MCCARTNEY

Често користам специјално изработени калапи за во уво за настапите во живо. Како музичар се обидувате да ги зачувате ушите - сакате соодветна јачина на звук и соодветен квалитет на звук во ушите. Секој човек слуша музика на различен начин. Секој има одредени фреквенции што ги слуша подобро од другите. Па, ако Sony може да го направи тоа доживување уникатно за вашите уши и за тоа што им треба на ушните тапанчиња, јас сум првиот што ќе го користи нивниот производ.

- LIVE NATION

Што би сакале да направи Sony во иднина, нешто што имате во списокот со желби?

JESSE MCCARTNEY

Не ми се верува. Изгледа дека наскоро ќе свириме музика на месечината со Sony. Може ли да ми испратите вакви слушалки во секоја боја? Тоа би бил добар почеток. Може да започнеме со тоа.

- LIVE NATION

Последни мисли за 360 Reality Audio?

JESSE MCCARTNEY

Ако може да им понудите ваков неверојатен производ на луѓето, каде што може да уживаат во звуците во различни делови од нивниот мозок - навистина го залажува вашиот мозок на најдобар можен начин - мислам дека тоа ќе промени сè.

jessemccartney-listening-1
jessemccartney-listening-2
360 Reality Audio

Дознајте повеќе за 360 Reality Audio и технологијата зад овој иновативен концепт на звук.

WH-1000XM3-слушалки

Слушајте со нашите слушалки WH-1000XM3 што го поништуваат шумот за целосно доживување на 360 Reality Audio.