ИНТЕРВЈУА СО ИЗВЕДУВАЧИ ОД SONY

Chiyomaru Shikura

Музички продуцент на класични игри како "Fire Pro Wrestling" и "Clock Tower", продуцент на популарната група "Akihabara" и композитор на анимирани песни.

Иднината на музичката индустрија

Chiyomaru е мултиталентирана фигура во музичкиот свет, работејќи како музички продуцент на видео игри, продуцент на поп групи, извршен директор, па дури и како композитор. Со него заборуваме за тоа како звукот со висока резолуција ќе влијае на иднината на музичката индустрија.

Интервју на blueprint / Фотографии на Yohei Takeuchi

П: Добро сте запознаени со сите аспекти на аудио технологијата, па дури и предавате професионално за дигиталната компресија. Што мислите за звукот со висока резолуција како извор?

О: Се сеќавам дека слушав звук со висока резолуција кога почнав да настапувам. Во тоа време, не можеше лесно да се слушне на Walkman и мислев дека е добро да се слуша во посебни пригоди. Но, сега мислам дека треба многу повеќе да се користи, особено за компонирање. Тоа е потполно различен звук од оној кој се добива на CD.

П: Што го прави слушањето во висока резолуција толку фасцинантно?

О: Неверојатно е тоа што можете да слушнете како дишат пејачите; се чувствувате како да сте со нив во студиото.

П: Моментално работите со гласовните актери на “Stand Up! Project”. Дали гласот претставува ваш нов интерес?

О: Апсолутно. Нашата компанија прави CD дискови за млади девојчиња. Користиме микрофони во облик на глава и го репродуцираме звукот од нив; можете брзо да препознаете кој ви зборува и од која насока. Богатиот звук на високата резолуција навистина прави сето тоа да звучи одлично.

П: Какви се очекувањата на луѓето од музиката во ова време на висока резолуција?

О: Она што слушателите го сакаат—и ќе го купат—е музика што ќе ги поттикне да ја имаат. Кога слушате музика на добар плеер со висока резолуција, звучи многу подобро; едноставно сакате да ја имате, да ја поседувате.

П: Што мислите, како може звукот со висока резолуција да влијае на многуте ваши музички активности?

О: Ако примената на звукот со висока резолуција стане општа, тогаш ќе бидат потребни “занаетчиите”, ако можам така да кажам, кои можат да создаваат автентичен нов звук. Звукот со висока резолуција може дури и да се применува за повторна изведба на класичните ремек-дела.

Marty Friedman

Од главен гитарист на хеви-метал групата "Megadeath" до голем фан на JPOP, слушнете ја приказната на Marty и неговите размислувања за звукот со висока резолуција.

Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали со звукот со висока резолуција и студиски квалитет. Страста за музика ги обединува сите компоненти, од сигнал до звучник, а напредните технологии како дигиталното зголемување на резолуции ќе ви помогнат да создадете прекрасно аудио доживување.