ZV-E10

Доловете повеќе од вашиот свет
ФОТО АПАРАТИ СО ЗАМЕНЛИВИ ОБЈЕКТИВИ

Фотоапарат за видеоблогови со заменливи објективи

ZV-E10
Слика од производот ZV-E10 во црна боја, со прикачена заштита од ветер и преклопен LCD-екран.

Само куќиште|Куќиште + објектив со моторизиран зум од 16-50мм

Функции што ги носат видеоблоговите на повисоко ниво
Објективи за подобро визуелно изразување
Најдете објектив што ќе одговара на вашиот стил

Снимањето видеоблогови со професионален изглед е лесно со ZV-E10, благодарение на заменливите објективи со кои можете да го доловите светот по ваша желба. Погледнете го видеозаписот подолу за да откриете некои од многуте креативни можности.

Слика од ZV-E10 при користење на широкоаголен објектив
Широки и динамични снимки

Со широкоаголниот објектив можете лесно да снимате динамични снимки кои ве истакнуваат вас и вашата локација кога снимате автопортрети. Доловете повеќе од градот или од природното опкружување и споделете го искуството со вашите гледачи.

Заднина што го привлекува вниманието

Објективот со фиксна фокусна должина го олеснува снимањето на привлечни видеоблогови. Овој објектив создава природно заматување на заднината кое го истакнува објектот. Ова е корисно и кога сакате посветла слика во услови со недоволно осветлување.

Сликата е снимена со ZV-E10 со помош на објектив со фиксна фокусна должина
Сликата е снимена со ZV-E10 со употреба на макро објектив
Извонредните слики одблиску ги истакнуваат деталите

Макро објективот ви овозможува да се доближите до субјектот и да ги доловите малите детали во поголеми димензии отколку со стандардните објективи. Без разлика дали станува збор за додаток што го носите или јадење што го приготвувате, макро објективот може да се доближи до вашиот субјект и да ги покаже сите детали.

Случување во далечина

Со телефото објективот, можете да снимате предмети во далечина, пејзажи и случувања во чисти детали, без разлика дали снимате додека патувате или пак снимате секојдневни сцени. Зумирањето и оддалечувањето додаваат динамичност на вашата приказна.

Сликата е снимена со ZV-E10 со користење на телефото објектив
Слика од човек кој менува објектив
Збогатете ги вашите видеоблогови со над 60 објективи

Објективите на Sony додаваат дополнителна димензија на влоговите направени со ZV-E10. Sony нуди повеќе од шеесет објективи за своите фотоапарати, вклучувајќи ги објективите кои се прилагодени за видеоснимки. Изберете од уникатната палета на објективи и откријте ја моќта на креативното изразување.

Лесни, импресивни видеоблогови
Контрола со еден допир на заматувањето на заднината

Нема потреба од сложени рачни прилагодувања - само притиснете едно копче за да го вклучите и исклучите заматувањето на заднината (дефокусирање). Изберете „Дефокусирано“ за заматена заднина со професионален изглед за да го истакнете субјектот или „Чисто“ за да ја прикажете целата сцена со остар фокус.

Внесете возбуда со бавни и брзи движења

Со копчето за фотографија/видеоснимка/S&Q на ZV-E10 можете лесно да пристапите до режимот S&Q за да снимите видео со забавени движења со 4x помала брзина од реалната . Или, пак, со промена на поставката можете да снимате брзи движења со 60x поголема брзина. Тие може да се снимаат без уредување по снимањето со компјутер, со јасен Full-HD-квалитет.

Идеално за видеа за оценување на производ

Елиминирајте ја фрустрацијата при снимањето видеа за оценка на одреден производ. Кога е активирано поставувањето за презентирање на производот, фотоапаратот брзо и автоматски ќе го префрли фокусот од вашето лице кон производот што го држите пред фотоапаратот, без да ја поставувате раката зад производот за да го префрлите фокусот на него.

Природни и изедначени тонови на кожата

Без посебни поставки, ZV-E10 ќе го долови тонот на кожата со природен изглед. Достапен е и режим за ефект на мека кожа за да го изедначите изгледот на кожата, што се прилагодува на исклучено/ниско/средно/високо во зависност од вашата желба.

Висококвалитетни видеа дури и кога се движите

Системот за стабилизација на сликата на ZV-E10 може да снима рамномерни, чисти видеа дури и кога сте во движење. Уште една функција, автоматската експозиција со приоритет на лице (AE), автоматски го осветлува вашето лице. Дури и кога пешачите, таа автоматски го детектира вашето лице и врши прилагодувања за да го држи осветлено додека се движите од затворен кон отворен простор, при силна светлина или при присуство на сенки.

Автоматски, прецизен фокус

Без какви било поставувања, ZV-E10 може автоматски да го следи вашето лице и очи за да одржува стабилен фокус без да се префрли на други предмети. Кога сакате да го пренасочите фокусот, едноставно допрете го LCD-мониторот и фотоапаратот ќе го следи предметот што сте го одбрале со следење во реално време врз основа на AI.

Рамномерен и професионален премин на фокусот

Со ZV-E10, брзината на фокусирањето може да се прилагоди за да одговара на тонот, за поимпресивен изглед. Фотоапаратот ви нуди избор помеѓу седум различни брзини, од брз премин до побавен. Погледнете го видеото подолу за да добиете инспирација за користењето.

Држач за снимање видеоблогови

Изборниот GP-VPT2BT го олеснува снимањето автопортрети и снимањето од високи или ниски агли. Пристапете до контролите на држачот без да посегнувате по копчињата на фотоапаратот додека снимате. Можете да снимате, да зумирате или да го поставите заматувањето на “Defocus” (Дефокусирање) или на “Clear” (Чисто).

Слики од GP-VPT2BT, користен во режим за автопортрети и за снимање во ниски и високи положби
Голем сензор за слики
Големиот сензор прави разлика во квалитетот

Импресивните слики на ZV-E10 се резултат на сензорот за слика со APS-C-големина на фотоапаратот - истиот тип што е вграден и во професионалните кинематографски модели. Сензорот е повеќе од десет пати поголем од оној кај обичниот паметен телефон, така што собира далеку повеќе светлина и податоци за сликите за да создаде прекрасни слики и неверојатни ефекти на дефокусирање.
[1] APS-C [2] Тип 1,0 [3] Тип 1/2,3-1/3,4

Слика на која се споредуваат големини на сензори кај ZV-E10, компактен фотоапарат со сензор од еден инч и паметен телефон со сензор од 1/2,3 инчи
Сликата е снимена со ZV-E10 со помош на објектив со фиксна фокусна должина
Ефект на дефокусирање со професионален изглед

Фотоапаратот ZV-E10 овозможува едноставно снимање на импресивни слики со благо заматена заднина каква што гледате на филмовите. Големиот сензор на фотоапаратот ви овозможува да снимате извонредни фотографии на кои субјектот навистина се истакнува наспроти заднината.

Импресивни 4K-видеоснимки

Снимањето 4K-видеоснимки со висока резолуција се врши со копчето MOVIE (ВИДЕО), додека големиот сензор за слика на ZV-E10 нуди широк опсег на бои. За максимални детали, сензорот снима 2,4x повеќе од податоците потребни за 4K, а потоа ги компресира за да ја произведе крајната снимка.

Слика во која е прикажана 4K-видеоснимка со импресивни бои
Слика е снимена во темни услови
Јасни снимки во услови со недоволно осветлување

ZV-E10 создава слики со прекрасни детали и минимален шум кога фотографирате во услови со недоволно осветлување. Тоа се должи на големиот сензор за слика што максимално ја собира светлината. Како резултат се добиваат јасни и чисти слики кога фотографирате во затворен простор со недоволно осветлување или на отворено навечер.

За неверојатно јасен звук
Изработен за снимање јасни гласови

ZV-E10 го олеснува јасното снимање на вашиот глас без никаков проблем. Внатрешниот микрофон со насочување и 3 капсули е оптимизиран за да го долови звукот пред фотоапаратот, снимајќи го вашиот глас јасно дури и кога се наоѓате во толпа.

Слика што го прикажува микрофонот со насочување и 3 капсули во внатрешноста на ZV-E10
Јасен звук дури и кога снимате надвор на ветровито време

Фотоапаратот ZV-E10 се испорачува со заштита од ветер што го намалува шумот од ветерот кога снимате на отворено. Прикачете ја заштитата од ветер за безгрижно снимање и нема да мора да ги прилагодувате нивоата на шум по снимањето.

За звук со уште поголем квалитет

За разлика од аналогниот пренос на звук, тука не треба да се грижите за пречки во сигналот поради кабли. Впарете го ZV-E10 со микрофон од Sony што поддржува интерфејс за дигитален звук преку приклучокот MI за да добиете јасен дигитален звук без шум.

Слика од ZV-E10 со прикачен ECM-W2BT
Споделете и поврзете се
Едноставно далечинско поврзување со висококвалитетни слики

ZV-E10 може да се користи како онлајн алатка за комуникација, односно како камера за проследување во живо, користејќи ја предноста од неговиот голем сензор и вградениот микрофон. За да го користите ZV-E10 како надворешна камера, поврзете го со компјутер или со паметен телефон Xperia™ од Sony преку USB Type-C®-кабел.

Слика на која се гледа човек кој го користи софтверот Imaging Edge Mobile за да префрли видео кон паметен телефон
Снимајте и споделувајте веднаш

Споделувајте видеа со професионален квалитет на социјалните медиуми веднаш по снимањето. Бесплатниот софтвер Imaging Edge Mobile™ ви овозможува брзо да ги испраќате вашите видеа или слики од ZV-E10 кон вашиот паметен телефон.

Слика од човек кој снима видео вертикално
Вертикално снимање видеа без напор

Вертикално снимените видеа може да се репродуцираат и уредуваат со автоматско означување на нивната вертикална ориентација, за да можете да поставувате содржини кои се прилагодени за екраните на паметните телефони.

Слика на која се гледа човек кој го користи паметниот телефон за да уреди снимка
Лесно уредување на видеото на паметниот телефон

Дополнителната компонента Movie Edit го олеснува уредувањето на видеата на паметните телефони. Применете ја стабилизацијата на нестабилните снимки или отсечете го кадарот во сооднос што ќе одговара за популарните социјални медиуми.

Сигурно напојување

Нема потреба да се грижите за изворот на напојување кога го создавате вашиот видеоблог - ZV-E10 е опремен со повеќе опции за напојување за да обезбеди безгрижно снимање.

Слика на која е прикажана издржливоста на батеријата
Долготрајно напојување за надворешно снимање

Батеријата на ZV-E10 овозможува континуирано снимање видео до 125 минути или до 440 слики, така што ќе можете да снимате долготрајни сесии на отворено.

Слика од производот ZV-E10 додека се полни преку USB-C-кабел
Надворешни напојувања за долги сесии на снимање

За уште поголема флексибилност, фотоапаратот поддржува надворешно напојување преку приклучок USB Type-C®, така што можете да користите надворешни преносливи батерии за да го продолжите времето на снимање.

Слика од производот ZV-E10 додека се полни преку AC-PW20AM
Изборно AC-напојување за проследување во живо

Кога имате пристап до AC-напојување можете да користите AC-адаптер како AC-PW20AM без никогаш да се грижите дека батеријата ќе се испразни, што е особено практично кога проследувате во живо.

Внесете возбуда во видеоблоговите
Сликата е снимена со ZV-E10 со користење на режимот за ефекти на слика
Додавајте уметнички ефекти на фотоапаратот

Можете да ги менувате боите за да создавате најразлични уметнички ефекти. Променете го поставувањето Creative Style (Креативен стил), или пак изберете некој од седумте визуелни ефекти со користење на режимите за ефекти на сликата.

Слика на која се гледа состојбата пред и по градацијата на боите
Поддршка за S-Log3 за креативни тонови на бои

Моделот ZV-E10 се одликува со S-Log3, кој се користи и во други врвни фотоапарати од серијата Alpha, за покреативни тонови на бои. Со можност за уредување по снимањето, S-Log3 нуди широк динамички опсег за поголема контрола врз крајните бои.

Слика на која е прикажана Hybrid-Log Gamma
Брзи и реалистични HDR-снимки во 4K со HLG

Моделот ZV-E10 ви дава можност да снимате HDR-видеоснимки во 4K(висок динамички опсег) со реалистични, природни бои без сложено уредување во обработката по снимањето или пак градација на боите.

Дознајте повеќе за ZV-E10
Ситуациска слика од студио со логото на Imaging Edge Desktop
Imaging Edge DesktopTM за далечинска контрола од компјутер

Подобрете ги сликите со помош на апликацијата Imaging Edge Desktop, софтвер што ви овозможува да го контролирате и надгледувате снимањето во живо од екранот на вашиот компјутер, како и да ги организирате и уредувате фотографиите.

Спецификации и функции

ZV-E10 се грижи за техничкиот аспект на снимањето и е дизајниран за креативни видеоблогери кои сакаат да добијат уметнички изглед. Направете одличен видеоблог со искористување на придобивките од заменливите објективи, големиот APS-C-сензор, вградениот микрофон со насочување и 3 капсули и специјалните функции дизајнирани за видеоблогови - снимајте видеоблогови со професионален изглед без мака.
  • Фотоапарат со заменливи објективи за снимање видеоблогови

  • Голем Exmor™ CMOS-сензор од тип APS-C со 24,2 милиони точки

  • Микрофон со насочување што има 3 капсули и заштита од ветар

  • Функции дизајнирани за видеоблогери - поставка за изложба на производи, копче за дефокусирање, копче Still/Movie/S&Q

  • Флексибилно поврзување за лесно споделување

Тип на сензор
Exmor CMOS-сензор од тип APS-C (23,5 x 15,6 мм)
Број на точки (ефективни)
Прибл. 24,2 милиони точки
ISO чувствителност (препорачан индекс на експозиција)
[Фотографии] ISO 100-32000 (ISO-вредностите од ISO 50 до ISO 51200 може да се постават како проширен опсег на ISO.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница), [Видеоснимки] еквивалент на ISO 100-32000, АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница)
Траење на батеријата (фотографии)
Прибл. 440 снимки (LCD-монитор) (CIPA-стандард)
Вид на визир
-
Тип на монитор
TFT екран од 7,5 см (тип 3,0)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Корисниците велат