α9 III со глобална бленда
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Опремен со првиот сензор за целосна слика со глобална бленда во светот, α9 III е револуционерен уред што снима динамички субјекти без изобличување на сликата и доловува краткотрајни моменти со врвни детали.
α9 III е опремен со првиот CMOS-сензор за целосна слика со подредена структура, 24,6 MP и глобална бленда во светот. За разлика од сензорот со вртење на блендата, новиот сензор за слика Exmor RS™ врши експозиција и отчитување на сите точки истовремено, за да може фотоапаратот да ги долови брзите субјекти без никакво изобличување. Во комбинација со максимална брзина на блендата од 1/80000 секунди (1/16000 секунди при континуирано фотографирање), α9 III нуди револуција во професионалното фотографирање.
(1) Површина со точки (2) Електронско коло за обработка на сигнали со голема брзина (3) Процесор за обработка на слика
[A] Структура со стандардно подредување и задно осветлување [B] Систем со глобална бленда
α9 III нуди брзина и прецизност со кои лесно ги доловува одлучувачките моменти. Може да фотографира континуирано со брзина до 120 fps и следење со AF/AE, без затемнување на визирот, а неговиот напреден процесор со AI ги препознава субјектите со неверојатна прецизност и сигурност.
Максималната брзина на блендата од 1/80000 секунди на α9 III го олеснува снимањето брзи субјекти во речиси сите прилики. Освен тоа, компатибилните блицови од Sony (како HVL-F60RM2 или HVL-F46RM) може да се синхронизираат со сите брзини на блендата, што спречува ненадејно и нелинеарно намалување на осветлувањето при брза синхронизација (HSS) и овозможува еднакво осветлување низ целата слика.
Новиот сензор за целосна слика со глобална бленда нуди 24,6 ефективни милиони точки, подредена CMOS-архитектура и внатрешна меморија. Тој нуди висока резолуција, огромна брзина и истовремено отчитување на сите точки, за снимање дури и брзи субјекти без изобличување. Подредената структура на сензорот и напредната конверзија A/D овозможуваат обработка со голема брзина и минимално доцнење.
Процесорот BIONZ XR, со осум пати поголема моќ од претходните верзии, го минимизира доцнењето при обработката и ја зголемува моќта за обработка. Обемните податоци што ги генерира сензорот за слика Exmor RS™ се обработуваат во реално време, дури и при континуирано секвенцијално фотографирање со брзина до 120 fps. Тоа значително го зголемува квалитетот на сликата, почнувајќи од поголема градација на боите и пореална репродукција на бои па сè до намалување на шумот во сликите. Фотоапаратот може да снима и висококвалитетни RAW-слики со 14 бита во сите режими за фотографирање.
Функцијата за снимање споени RAW-датотеки снима неколку слики (избор од 4, 8, 16 или 32) што може да се соединат во Imaging Edge Desktop™ на Sony и да се создадат слики со максимална резолуција и мал шум. Тоа овозможува фотографирање диви животни со брза бленда или портрети при слаба светлина, што резултира со висок квалитет и мал шум при големи вредности на ISO. Ако фотографирате со мали нивоа на чувствителност, α9 III може да го искористи тресењето на фотоапаратот што настанува при рачно фотографирање и функцијата за спојување RAW-датотеки, за да создаде слики со помалку погрешни бои и заматување.
(1) Стандардно (2) Споена RAW-датотека
Снимајте рачно со сигурност. α9 III нуди стабилизација на слика, жироскопи и оптимизиран алгоритам за стабилизација што го откриваат и коригираат тресењето на фотоапаратот, за стабилизација со 8,0 чекори. Стабилизацијата се подобрува со компатибилни објективи со стабилизација на слика и подобра комуникација помеѓу фотоапаратот и објективите, што резултира со ефикасна контрола за фотографирање без заматување, дури и при телефото фокусни должини.
[1] Странично вртење [2] Ротирање [3] Вртење нагоре
Уживајте во непрекинат приказ низ визирот што не се затемнува, дури и при брзо континуирано фотографирање - револуција во фотографирањето спорт и други брзи субјекти. Освен тоа, времето на доцнење што е вообичаена карактеристика на гледањето преку EVF е сведено на минимум, за да бидете сигурни дека ќе ги снимите краткотрајните моменти.
Препуштете му го следењето на фотоапаратот - новиот сензор за слика со брзо отчитување му овозможува на α9 III да врши максимум 120 пресметки за следење со AF/AE во секунда. AF следи сложени движења на субјектите и ги предвидува ненадејните движења со најголема прецизност досега, а AE лесно реагира на промените на светлината. α9 III не го прекинува следењето ниту за време на континуираното фотографирање, што придонесува за поголема прецизност.
(1) Пресметки за AF/AE (2) 120 слики/секунда
Функцијата за пред-снимање ги снима моментите што завршиле пред да се активира блендата. Може да се постави од 0,005 до 1 секунда и е достапна за сите формати на датотеки до 120 fps со следење со AF/AE. Тоа го олеснува снимањето слики од птици што полетуваат, дури и ако активирањето на блендата задоцни малку.
Зголемувањето на брзината на континуираното фотографирање ја зголемува брзината на фотографирањето додека фотографирате серии на слики. Ова е практично при фотографирање спорт и други брзи активности, кога темпирањето на важниот момент може да се предвиди.
Благодарение на неговиот иновативен уред за обработка со AI, α9 III користи податоци за формата на субјектите за да може прецизно да ги препознава движењата. Технологијата за проценка на човечки пози не ги препознава само очите, туку и положбите на телото и главата со голема прецизност. Сето ова овозможува фокусирање и следење субјекти кои не гледаат кон фотоапаратот или чие лице е покриено. Субјект во далечина кој зафаќа мала површина од кадарот (уште помала отколку кај претходните верзии на AF со препознавање во реално време) може да се препознае ако е блиску до фокусната површина, кога копчето за блендата е притиснато до половина при фотографирање со континуиран AF. На тој начин може да се забрза одредувањето на фокусот врз спортист кој се доближува од далечина на некаков натпревар на терен или скијачка патека.
Процесорот со AI поддржува подобро препознавање на луѓе, животни, птици, инсекти, автомобили/возови и авиони. Во категоријата за автомобили/возови, сега може да препознава кациги, какви што носат возачите на формули. Функцијата за препознавање животни препознава очи на тревопасни и мали животни, како и очи, глави и тела на кучиња, мачки и слични животни. Подобрено е и препознавањето птици, со полесно пронаоѓање на очите на различни видови птици, како и нивните тела. Новата опција за животно/птица ја елиминира потребата од избирање помеѓу две поставки за фотографирање животни или птици.
α9 III ндуи 759 точки за откривање фаза што се густо распределени во фокусната рамнина на AF-системот со откривање фаза кој опфаќа приближно 95,6% од површината на сликата. Податоците од сензорот за слика се обработуваат со голема брзина преку напредниот процесор BIONZ XR, а оптимизираните алгоритми нудат голема прецизност и густина. Овој брз и хибриден AF нуди комбинација од брзината и перформансите за следење на AF со откривање фаза и прецизноста на AF со откривање контраст, за сигурно пронаоѓање и следење на субјектите што се движат брзо и/или непредвидливо.
Независно дали субјектот се движи, стои или ја менува брзината на движење, следењето со AF ќе го следи во чекор. Изберете ја поставката [Стабилно], [Стандардно] и [Брзо], во зависност од брзината на субјектот и условите за фотографирање.
Фокусирајте по ваш избор со опциите XL и XS за фокусна површина. Големината XS е практична за фотографирање диви животни и за спречување фокус врз гранки во преден план. Може да создадете приспособена фокусна површина со одредена големина и вертикален сооднос на слика, доколку е потребно. На пример, на натпревар по патека на која учесниците се распоредени линиски еден до друг, поставете приспособен хоризонтален формат за AF-површината за полесно фокусирање на првиот тркач.
Одговорно фотографирање при користење на функцијата за регистрирање лица
Функцијата за регистрирање лица користи биометриски податоци. Вие сте одговорни за собирањето и користењето на таквите податоци, како и почитувањето на соодветните локални закони. За повеќе информации, посетете го веб-сајтот подолу.
Заедно со компатибилен блиц од Sony (како HVL-F60RM2 или HVL-F46RM), α9 III може да изврши целосна синхронизација со блицот дури и при максималната брзина на блендата од 1/80000 секунди. Тоа ви овозможува да користите блиц за дополнително осветлување на субјектите кога фотографирате надвор при силна сончева светлина со голема брзина на блендата, што ја намалува потребата од големи системи за осветлување.
Иако сензорот за слика со глобална бленда врши експозиција на точките истовремено, може да се појави треперење помеѓу сликите. За да се намали треперњето, користете фотографирање без треперење или фотографирање без треперење при висока фреквенција (променлива бленда).
(1) α9 III (2) Сензор за слика со вртење на блендата
Напредниот сензор за слика на α9 III е опремен со глобална бленда што врши експозиција и отчитување на сите точки истовремено, за да спречи разлики во експозицијата што може да се појават при фотографирање покрај фоторепортери кои го покриваат настанот. На овој начин се елиминира „појавата на ленти“ кај фотоапарати со систем за вртење на блендата.
Снимајте 4K-видеоснимки во формат за целосна слика или Super 35 мм (прибл. APS-C). α9 III снима 4K-видеоснимки (3840 x 2160) со 120p или со 60p со отчитување на сите точки и прекумерно семплирање во 6K, за значително намалување на заматувањето.
За прв пат кај серијата α од Sony, α9 III нуди снимање 4K-видео (3840 x 2160) со 120p без отсекување и максимално искористување на аголот на гледање на сите објективи. На пример, 4K-видео снимено со забавени движења од 120p и видео снимено со нормална брзина од 24p од истата сцена ќе имаат ист агол на гледање и ќе можете лесно да ги уредите без потреба од прилагодување на кадарот.
Профилот на слика S-Cinetone од Sony ја нуди истата технологија за бои што се користи кај врвната серија Cinema Line и создава прекрасни бои и тонови на кожа. S-Cinetone создава природни средни тонови што се неопходни за природен изглед на кожата, како и меки бои и прекрасни светли тонови. Тоа им овозможува на креаторите на содржини да се фокусираат на снимањето и да добијат филмски изглед без потреба од градација на боите.
Компензацијата на промените во фокусната должина ги намалува промените во фокусната должина при снимање видеоснимки. Јасното зумирање на слики од Sony се користи за автоматско одржување на доследен агол на гледање при сите промени на фокусот.
Модулот за прецизна стабилизација и жироскопите на фотоапаратот, како и алгоритмите за стабилизација на слика, овозможуваат спојување на напредната електронска стабилизација и вградената оптичка стабилизација на слика со 5 оски на фотоапаратот во динамички активен режим што ја зголемува стабилизацијата повеќе од 30% во однос на постоечкиот активен режим(прибл.).
Користејќи технологија за препознавање субјекти врз основа на AI, автоматското обликување на кадарот го отсекува кадарот автоматски за да го задржи субјектот во видлива положба при снимање видео. Дури и ако фотоапаратот е на статив, обликувањето на кадарот се прилагодува континуирано за да изгледа дека субјектот во снимените содржини бил следен од искусен снимател.
α9 III има екран што се врти по 4 оски и нуди комбинација од стандардно закосување и флексибилно странично отворање, овозможувајќи непречено прилагодување на аголот независно дали фотографирате вертикално или хоризонтално. Тенкиот, дискретен и цврст механизам овозможува повлекување на екранот од задната страна на куќиштето и закосување нагоре до 98°, надолу до 40° и странично до 180°. LCD-екранот на допир од тип 3,2 е оптимизиран за надворешно фотографирање и има резолуција од 2,1 милиони точки, широка палета на бои и одлична светлина за приказ на јасна и остра слика.
Како една од надградбите на дизајнот на Alpha од Sony, α9 III има приспособливо копче на предната страна. Тоа овозможува лесно прилагодување кон различни стилови и потреби за фотографирање. Доделете ја функцијата за зголемување на брзината на континуираното фотографирање на предното копче, за зголемување на брзината при секвенцијално фотографирање.
OLED-визирот со 9,44 милиони точки (прибл.) нуди зголемување до 0,90x со FOV од 41° за јасен и широк приказ, со растојание до окото од 25 мм. Оригиналниот оптички дизајн ја минимизира аберацијата со што обезбедува подоследно доживување при гледањето. Времето на доцнење на визирот и екранот се намалени заради постабилно обликување на кадарот, особено при континуирано фотографирање. Стапката на слики на визирот може да се постави на Стандардно (60 fps), Високо (120 fps) или Повисоко (240 fps). Поставката за 240 fps нуди екстремно јасна слика преку визирот со минимално заматување на движењата кога фотографирате субјекти во движење, и значително го намалува заматувањето на движењата при поместување или закосување на фотоапаратот.
Отворите за медиуми на α9 III поддржуваат картички UHS-I, UHS-II SD и CFexpress Type A. Тие се идеални за континуирано фотографирање до 120 fps и имаат големи брзини на запишување за брзо чистење на меѓумеморијата кај фотоапаратите што генерираат многу податоци за фотографии и видеоснимки. Корисниците може да зачувуваат податоци во различни отвори за медиуми според видот на датотеките, големината на сликите и квалитетот на слика.
Изборниот вертикален држач VG-C5 нуди одлична удобност и ракување при долги периоди на снимање. Држачот и копчето за блендата имаат ист ергономски дизајн како и куќиштето. Пристапот до контролите изгледа познато, со независно предно приспособливо копче (C5), предно вртливо копче, задни вртливи копчиња L и R и функција за заклучување на вртливото копче R. Во вертикалниот држач VG-C5 може да ставите две батерии NP-FZ100 за долги периоди на снимање.
α9 III е отпорен на прав и влага, благодарение на силиконската гума околу копчињата, копчето за заклучување на објективот, обложувањето околу приклучокот за објективи и многу повеќе. Подобрениот дизајн на EVF ефикасно ја изолира оптичката патека на визирот, постигнувајќи го истиот ефект како двојна стаклена структура. Во комбинација со објективи што се отпорни на прав и влага, блицови и изборниот вертикален држач VG-C5, α9 III се претвора во централен дел на моќен систем што е отпорен на прав и влага.
Горниот капак, предниот капак, внатрешната рамка и задниот капак се направени од лесна и многу цврста легура од магнезиум, па затоа α9 III има куќиште со голема издржливост, голема отпорност на удари и ефикасна дисипација на топлина. Создаден е да може да се користи во професионални опкружувања со лоши услови, а воедно да има релативно лесна и компактна форма.
Заштитната завеса го заштитува сензорот за слика од прав и честички при менување на објективот. Кога е поставена на ВКЛУЧЕНО, таа автоматски се затвора штом го исклучите фотоапаратот.
α9 III има држач со нова форма што го подобрува држењето и го намалува физичкиот напор на корисникот, дури и при фотографирање долго време или со тешки телефото објективи. Подобрената ергономска контура овозможува држачот да ја исполни дланката на корисникот за да овозможи сигурно држење што не предизвикува замор.
Ефикасноста на работните процеси се зголемува значително благодарение на сликите во групи. Сликите снимени со брзина до 120 fps може да се дефинираат како „групи“, за полесно пронаоѓање специфична слика во голема група на слики. На овие групи може да им доделите и оценка, што потоа може да ја користите за филтрирање и пребарување и нема да исчезне по увезување на сликите во софтвер за уредување.
Вградениот Wi-Fi (IEEE 802.11ac) поддржува 2x2 MIMO за брз пренос на податоци и му овозможува на α9 III да пренесува податоци до два пати побрзо од својот претходник. Комуникацијата со 5 GHz нуди максимална брзина и стабилност за фотографите за вести и спорт кои треба веднаш да ги испорачаат своите содржини, но и за фотостудијата. Интерфејсот на фотоапаратот го олеснува преносот на фотографии и видеоснимки преку FTP-сервер, Wi-Fi, брз жичен LAN или USB-врска со паметен телефон.
Вметнувајте метаподатоци со јасни гласовни белешки во фотографиите преку наменски микрофон во задниот панел на фотоапаратот, блиску до устата на корисникот заради поквалитетно снимање. Гласовните белешки може да се префрлат на FTP-сервер заедно со соодветните слики, за поефикасна комуникација помеѓу фотографот и уредникот. Фотографот може да ја користи и апликацијата Transfer & Tagging (вер. 1.9 или понова) за конверзија на гласовните белешки во текст.
Метаподатоците IPTC (International Press Telecommunications Council) може да се вметнуваат во сликите, а α9 III може да зачува до 20 однапред поставени параметри што ќе можете да ги избирате брзо и по потреба. Ова е особено практично за настани со различни спортови, на пример, кога се потребни различни IPTC-податоци за различни натпревари.
Целта на „Road to Zero“ на Sony Group е елиминирање на штетното влијание врз средината. Го подобруваме производството и дистрибуцијата на нашите фотоапарати и галантерија заради минимизирање на штетното влијание врз животната средина, почнувајќи од развој и производство, па сè до пакување и транспорт.
Sony почнува да користи материјали за пакување што не содржат пластика и нудат добра заштита од потреси и удари. За торбите се користат растителни и неплетени материјали. Тоа придонесува за минимизирање на влијанието врз средината.
Нашите фотоапарати Alpha имаат технологија за пристапност за лица со намален вид и подвижност.
Creators' Cloud е платформа за креативна работа - од фотографирање до продукција - што спојува технологии за фотоапарати од Sony и AI-апликации на Cloud. Ова е место за откривање и соработка со креатори од целиот свет. Разгледајте апликации на интернет, за мобилни уреди и за компјутери што овозможуваат интеграција на фотоапаратите со услуги и апликации за снимање и продукција.
Спецификации и функции
- БРОЈ НА ТОЧКИ (вкупно)
- Прибл. 25,2 милиони точки
- ВИД НА СЕНЗОР
- Exmor RS CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика (35,6 x 23,8 мм)
- ISO-ЧУВСТВИТЕЛНОСТ
- Фотографии: ISO 250 - 25600 (може да се прошири до ISO 125 - 51200), АВТОМАТСКИ (ISO 250 - 12800, можност за избор на долна и горна граница), Видеоснимки: Еквивалент на ISO 250 - 25600, АВТОМАТСКИ (ISO 250 - 12800, можност за избор на долна и горна граница)
- Траење на батеријата (фотографии)
- Прибл. 400 снимки (визир) / прибл. 530 снимки (LCD-монитор) (CIPA-стандард)
- БРОЈ НА ТОЧКИ (ЕФЕКТИВНИ)
- Фотографии: Прибл. 24,6 милиони точки макс., Видеоснимки: Прибл. 20,3 милиони точки макс.
- Тип на монитор
- TFT-екран од 8,0 см (тип 3,2)