Прескокни до содржина

α9

Откривајте нови инспирирани светови

Раѓање на дигиталното време

Што може да направи единствено α9

Овој фотоапарат без механизам нуди беспрекорни перформанси кои конвенционалните SLR уреди не ги поседуваат. На пример, овој систем содржи визир без затемнување, додека конвенционалните системи само се обидуваат да го намалат времето на затемнување. Тивката бленда која спречува изобличувања со голема брзина значително ги зголемува можностите за фотографирање, додека механичкиот систем може само да цели кон помали вибрации и потивок звук на блендата. α9 нуди континуирано следење на објектите во движење за целосно AF/AE, додека SLR уредите можат само да ги предизвикаат таквите подобрувања во перформансите на AF/AE. Згора на тоа, α9 му овозможува на визирот да прикажува не само слики од објектот — достапни и на конвенционалните системи — туку и крајната слика од снимката. Сега, благодарение на новиот сензор за слика кој совршено се снаоѓа со сите овие улоги, можете да ги надминете сите очекувања со α9.

Забелешка: Овој фотоапарат е опремен со електронски и механички бленди. Функциите опишани во овој дел најмногу се однесуваат на ракувањето со електронската бленда.

Движечка сила за целосна електронска револуција

Иновативен CMOS сензор со подредена структура за целосна слика со внатрешна меморија

α9 ве ослободува од ограничувањата на конвенционалните SLR уреди кои се потпираат на механичките системи. Прв кој користи дизајн со подредена структура со висока брзина, неговиот сензор за целосна слика со 24,2 милиони точки привремено зачувува голема количина податоци во внатрешната меморија за вкупно 20 пати поголема брзина на читање. Комбинацијата на CMOS сензор и подобрениот процесор за обработка на слика BIONZ X ви носи целосна дигитална слобода.
[ Подредена структура со задно осветлување со внатрешна меморија ]
(1) Површина со точки (2) Внатрешна меморија (3) Електронско коло за обработка на сигнали со голема брзина (4) Процесор за обработка на слика

Доловете го она што не сте можеле порано

Брзо континуирано фотографирање до 20 fps

Брзо континуирано фотографирање до 20 fps

Сензорот Exmor RS CMOS и процесорот BIONZ X ги здружуваат силите за континуирано фотографирање до 20 fpsFN_01] со AF/AE со следење. Неверојатните перформанси со голема брзина и меѓумеморијата ви овозможуваат да го доловите решавачкиот момент.

Фотографирање без затемнување

Фотографирање без затемнување

Електронската бленда го елиминира затемнувањето со типичното дејство на SLR. Непречен поглед на објектот е достапен дури и при активирањето на блендата, со можност за прегледување во живо со 60 fps и минимално доцнење на приказот.
(A) Фотографирање без затемнување (B) Фотографирање со затемнување

Следете ги случувањата со непречен поглед

AF/AE пресметки до 60 пати/сек.

AF/AE пресметки до 60 пати/сек.

Светлото достигнува до сензорот за слика без механички прекини. Генијалниот спој на конструкцијата без огледало и технологиите за подобрување на брзината овозможуваат AF/AE на целосната фокусна површина.
(1) AF/AE пресметки (2) 60 пати/сек. (3) 20 слики/сек.

Брзина на електронската бленда до 1/32000 сек.

Брзина на електронската бленда до 1/32000 сек.

Брзината на електронската бленда до 1/32000 сек. ги надминува механичките бленди. Исто така, можете да одржувате мала длабочина на полето без ND филтер, дури и во услови на силна светлина.
(A режим 1/20000 сек. F8,0 ISO 1000)

Тишината го зголемува фотографскиот потенцијал

Без непријатен шум

Без непријатен шум

Електронската бленда што спречува изобличувања овозможува тивко фотографирање без шум од механичкото огледало и блендата. Идеална е за спортови и објекти за кои е потребно тивко ракување и значително ја зголемува употребливоста на фотоапаратот

Без несакани вибрации

Без несакани вибрации

При фотографирање со SLR, потресите од активирањето на блендата и огледалото предизвикуваат мали вибрации. Но, α9 се одликува со електронска бленда што не вибрира поради што фотоапаратот е стабилен и снима неверојатно остри слики.

Преносливоста носи невидени можности

слика

Професионални функции и перформанси во компактно куќиште. Слободата на преносливоста инспирира свежа креативност.

Брз, прецизен и сигурен AF

Откријте го подобрениот AF — поголема прецизност, беспрекорен фокус, брза реакција на брзите движења, сигурност при слаба осветленост и континуирано следење кај континуираното фотографирање.

  • Широка површина за AF
  • AF со голема брзина
  • Непречен AF

Повеќе AF функции за сигурно фотографирање

AF на очи за попрецизно фокусирање

AF на очи за попрецизно фокусирање

Откривањето на очи — подобрено за 30% — го одржува окото на објектот во фокус, дури и ако лицето е свртено под агол или е затемнето. AF сензорот со откривање на фаза во фокусната површина ги покажува можностите кај посложените фотографии.

Сигурен дури и при слаба осветленост

Сигурен дури и при слаба осветленост

Доловувајте објекти со висока прецизност на AF при услови на слаба светлина до EV-3 при ISO 100, благодарение на сензорот за слика со голема чувствителност.

Поддршка за AF за објективи со A-приклучок

Поддршка за AF за објективи со A-приклучок

AF системот за откривање на фаза во фокусната површина со 693 AF точки функционира сигурно. Уживајте во континуираното фотографирање до 10 fps со AF/AE следење дури и кога користите објективи со A-приклучок со адаптер за монтирање (LA-EA3).

Извонреден квалитет на слика

Сензорот за целосна слика со 24,2 милиони точки со чувствителност до ISO 204800 и широкиот динамички опсег нудат исклучителен квалитет на сликата.

Нов CMOS

Нов CMOS сензор за совршена слика

Чувствителноста, конфигурацијата со задно осветлување, дизајнот без простор помеѓу чипот и леќите и другите иновации од Sony нудат широк опсег на ситуации за фотографирање. Стандардниот ISO опсег е ISO 100-51200, со можност за ISO 50-204800 со минимален шум.

Технологија

Технологија за висококвалитетни слики

Тука се обединуваат сите технологии — структурата со задно осветлување и дизајнот без простор помеѓу чипот и леќите.
[A] Структура со предно осветлување
[B] Подредена структура со задно осветлување и внатрешна меморија
(1) Дизајн без простор помеѓу чипот и леќите (2) Слој на алуминиумски жици (3) Површина за светлина
(4) Супстрат на фотодиода (5) Слој на бакарни жици (6) Површина со точки
(7) Подреден слој

BIONZ X

BIONZ X процесор на слика со голема брзина

Подобрената обработка на слика во комбинација со новиот преден LSI го намалува шумот и ги подобрува деталите низ широк опсег на чувствителност. Подобреното прикажување на деталите овозможува реалистична репродукција на текстури.

14-битен RAW

Некомпресиран 14-битен RAW

Поддржан е некомпресираниот 14-битен RAW формат, и тој или тековниот компресиран RAW формат можат да се изберат во зависност од потребата. 14-битниот RAW е добар избор за ситуации во кои широкиот динамички опсег и репродукцијата со фина градација ќе придонесат за поубаво доловени слики.
(1) Сензор за слика  (2) Новосоздаден преден LSI
(3) 16-битна обработка на слика

Прекрасни 4K слики

Квалитет со висока резолуција на 4K видеоснимки

Обработката на сите точки без соединување на точките овозможува компресирање од приближно 2,4 пати на податоците потребни за 4K (еквивалентно на податоците потребни за 6K) во 3840 x 2160 4K репродукција. Овој процес на семплирање и целосната слика со обработка на сите точки без соединување го даваат највисокиот можен квалитет на 4K сликата.

4K

Ефикасен работен тек и професионална сигурност

Освен куќиштето од легура од магнезиум што го прави фотоапаратот цврст и сигурен, многубројните значително подобрени функции го олеснуваат ракувањето и овозможуваат обемна употреба при професионално фотографирање

Tru-Finder

Quad-VGA OLED Tru-Finder

Електронскиот визир со 3686k точки и висока резолуција прикажува чиста слика со фини детали. T* слојот од ZEISS® ги намалува одблесоците во голема мера. EVF сликите остварени преку стапката на слики од 120 fps ви овозможуваат да го следите објектот при голема брзина. Слојот со флуор на најнадворешниот објектив нуди заштита од нечистотии.

5 оски

Стабилизација на слика со 5 оски

Единицата за стабилизација на слика со 5 оски нуди предност во брзината на блендата од 5,0- чекори. Мониторот со прегледување во живо е стабилизиран, за да можете лесно да фотографирате објекти во движење. (1) Вртење (2) Движење (3) Ротирање

Батерија

Издржлива батерија за професионална употреба

Батеријата NP-FZ100 нуди двапати поголема трајност од претходната NP-FW50. Снимајте до прибл. 480 слики со едно полнење — и дополнително зголемете го бројот на снимки со прикачениот опционален вертикален држач (се продава одделно) којшто може да држи две батерии.

Два отвора

Два отвори за медиуми

Користете два отвора — за SD и за SD/Memory Stick картички — за да архивирате податоци за сликите/видеозаписите, да зачувувате RAW/JPEG слики на различни картички и да префрлувате датотеки на картичките. Достапен е и отвор за UHS-II картички.

Пренос на FTP датотеки

Пренос на FTP датотеки

Новиот приклучок за жична LAN врска ви овозможува да пренесувате слики до FTP сервер и да ги прегледувате. Бидејќи FTPS (Протокол за пренос на датотеки преку SSL/TLS) е поддржано, датотеките со слики може да бидат шифрирани при преносот.

Мое мени

Мое мени и нов интерфејс на менито

Функцијата „Мое мени“ ви овозможува да регистрирате до 30 елементи на менито за брзо повикување, да ги подредувате и да ги бришете елементите. Исто така, примарните менија се реорганизирани за подобро пребарување и работење.

  • Ракување
  • Професионална сигурност
PlayMemories

PlayMemories Online™

Правете резервни копии на безбедната Cloud услуга на Sony и пристапувајте до вашите фотографии и видеоснимки од секој уред.

Capture One Express

Поддржано со Capture One Express (за Sony)

Еден од најдобрите конвертори за RAW во светот од Phase One

Преземете брошура

Преземете брошура

Спецификации и функции
Брзо континуирано фотографирање со брзина до 20 fps, фотографирање без затемнување, AF/AE следење со приказ во живо, брзина на блендата до 1/32000, нечујна бленда која спречува изобличувања без вибрации, чувствителност до ISO 204800 (проширена), одлична практичност во професионален стил и напредни 4K видеоснимки.
  • CMOS сензор за целосна слика од 35 мм со 24,2 милиони точки со подредена структура и вградена меморија

  • BIONZ X процесор за обработка на слика

  • Брзо континуирано фотографирање до 20 fps со AF/AE со следење

  • AF со откривање на фаза со широка површина со 693 точки

  • Стабилизација на слика со 5 оски со ефикасност еквивалентна на користење брзина на блендата помала за 5,0 чекори

Компатибилност со објективи
Објективи со E приклучок од Sony
Вид
Exmor RS CMOS сензор од 35 мм за целосна слика (35,6×23,8 мм)
Број на точки (ефективни)
Прибл. 24,2 милиони точки
ISO чувствителност (препорачан индекс на експозиција)
[Фотографии] механичка бленда: ISO 100-51200 (ISO броевите од ISO 50 до ISO 204800 можат да се постават како проширен опсег на ISO.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница), електронска бленда: ISO 100-25600 (ISO броевите од ISO 50 до ISO 102400 можат да се постават како проширен опсег на ISO.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница), [Видеоснимки] ISO 100-51200 еквивалент (ISO броевите поголеми од 102400 можат да се постават како проширен ISO опсег), АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400, можност за избор на долна и горна граница)
Траење на батеријата (фотографии)
Прибл. 480 снимки (визир) / прибл. 650 снимки (LCD монитор) (CIPA стандард)
Вид на визир
Quad-VGA OLED електронски визир од 1,3 см (тип 0,5) (во боја)
Вид
7,5см (тип 3.0) вид TFT

Што има во пакетот

Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FZ100, Полнач за батерии BC-QZ1, Заштитник за кабли, AC адаптер, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок, Капаче за окулар, Микро USB кабел, Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина