α7S III

Имагинација во движење

Серијата S нуди ново ниво на изразување за видеоснимките со целосна слика, извонредната брзина се надополнува со исклучителната чувствителност и нискиот шум за снимање 4K-видеоснимки што претходно би биле невозможни, со висок динамички опсег, неверојатно фокусирање и моќна стабилизација. Вашиот креативен потенцијал ве очекува.

За предводниците во визуелните ефекти

Со врвни перформанси при снимањето видеоснимки со целосна слика, вклучувајќи висока чувствителност (проширен опсег на ISO до 409600), широк динамички опсег со 15 чекори, 4K 120p, брз и сигурен автоматски фокус и исклучително моќна стабилизација на сликата, α7S III повторно ги подобрува можностите на снимателите.

Слика од производот
Можности за изразување
Слика за пример
Врвни перформанси при снимањето
Слика за пример
Револуција во фотографирањето
Слика за пример
Напредни функции и перформанси за слики
Слика од користење
Ефикасност на работните процеси
Можности за изразување
Илустрација
Големите точки нудат висока чувствителност и мал шум

Exmor RTM CMOS-сензорот за целосна слика со 12,1 милиони точки и задно осветлување нуди иновации во прибирање на светлината, поврзување и оптимизација на резолуцијата. Тие обезбедуваат двојно поголеми брзини на читање, неверојатен квалитет на слика преку целиот опсег на чувствителност, широк динамички опсег со 15 чекори и намалено вртење на блендата, како и AF за откривање фаза во фокусната рамнина.

До 8x помоќен процесор за слика BIONZ XRTM

Покрај новиот сензор и досега незабележаната брзина, новосоздадениот процесор за обработка на слика BIONZ XR поседува до 8x поголема моќ на обработка. Со напредната изработка, тој овозможува висококвалитетни слики побрзо за врвно изразување преку фотографиите и видеоснимките, како и драстично подобрен одзив на интерфејсот.

Илустрација
Врвни перформанси при снимањето
Неверојатни перформанси на AF дури и при 4K 120p

Новиот сензор за целосна слика Exmor R и револуционерниот процесор за обработка на слика BIONZ XR нудат секогаш прецизен AF за неверојатни детали, како и исклучителни 4K-видеоснимки дури и при 120 слики во секунда или во забавено движење. Со резолуција и длабочина на полето коишто се возможни само со сензор за целосна слика, резултатите се спектакуларни.

Слика за пример
4:2:2 снимање во 10 бита

Снимајте директно на фотоапаратот со неверојатната длабочина од 10 бита и семплирањето на бои со сооднос 4:2:2, за значително поголема флексибилност во градацијата на сликите, дополнителната обработка и спојувањето.

Илустрација
Достапно All-Intra кодирање

Освен методот за компресирање на Long GOP, сега нудиме и All-Intra кодирање. Секоја слика се кодира независно со бит-стапки до 600 Mbps за да ги долови сложените движења попрецизно на внатрешни или надворешни медиуми, како и да овозможи поефикасно работење при уредувањето.
[1] All-Intra (All-I) [2] Long GoP [3] Група слики

Илустрација
Врвен квалитет и помали датотеки со XAVC HS

Новиот формат за снимање XAVC HS користи кодирање HEVC/H.265 за да постигне двојно поголема ефикасност при компресирањето од кодирањето AVC/H.264, за врвен квалитет на сликата и помали датотеки.

Чувствителност која нуди проширен опсег на ISO до 409600

Познатата чувствителност на серијата нуди зголемен опсег на ISO за видеоснимки од 80 до неверојатни 409600 (стандарден опсег од 80 - 102400). Напредното собирање на светлина и оптимизација на резолуцијата на сензорот за целосна слика со 12,1 милиони точки нуди мал шум низ целиот опсег на чувствителност и снимање слики во услови на речиси целосен мрак.

Слика за пример
Слика за пример
Професионални S-Log3 гама, S-Gamut3.Cine gamut

Кривите на гамата S-Log3 и S-Gamut3.Cine colour gamut, кои ги има и на професионалните видеокамери, овозможуваат поширок динамички опсег и полесно усогласување на боите за полесни работни процеси при обработката по снимањето. 

Илустрација
HLG (Hybrid Log-Gamma)

HLG (Hybrid Log Gamma) нуди едноставно снимање во HDR, идеално за BRAVIA телевизорите компатибилни со HLG без сложена пост-обработка, со рамномерни градации од 10-битната длабочина на бои.
[1] Прилагодувајте ги сликите според потребите (потребна е градација на бои)
[2] Моментално снимање висококвалитетни слики (без градација на бои)

Слика за пример
Подобрувања во квалитетот на сликата

Новиот процесор за обработка на слика BIONZ™ XR нуди подобрувања во репродукцијата на боите, стабилност при различни извори на светлина, природна градација на тоновите и нагли промени, како и намалено вртење на блендата.

Слика од производот
Снимање во 16-битен RAW HDMI-формат

За обработката по снимањето, достапно е 16-битно снимање во RAW-формат преку HDMI-приклучок кон компатибилни надворешни рекордери, додека XAVC HS 4K, XAVC S 4K или XAVC S-I 4K и датотеките за прокси сервери истовремено се снимаат во фотоапаратот.

Слика од користење
Ефикасно уредување со снимање преку прокси сервер

При снимање 4K-видеоснимки со висока бит-стапка, HD-прокси датотеките (со длабочина од 8 или 10 бита) може да се генерираат во фотоапаратот. Уредувањето помали прокси датотеки ја олеснува работата на компјутер и го забрзува добивањето 4K-производ.

Револуција во фотографирањето
Слика за пример
Брз хибриден автоматски фокус за прецизност и истрајност

AF со голема покриеност користи интелигентно следење и сензор со откривање на фаза што го опфаќа најголемиот дел од сликата. Заедно со висококвалитетни објективи со E-приклучок, добивате неверојатно прецизни и истрајни перформанси на AF, дури и при снимање објекти во движење со мала длабочина на полето во 4K и со стапка на слики од 120p.

Моќна контрола на фокусот за самостојни фотографи

Со можност за бирање 7 нивоа на брзина на премин на AF, како и 5 нивоа на чувствителност на поместување на објектот, може подобро да се изразите кога менувате објекти или кога менувате фокус. Еден допир може привремено да го активира AF дури и при рачно ракување со фокусот.

Слика за пример
AF на очи во реално време за видеоснимки

AF на очи во реално време користи AI за прецизно фокусирање за очите, сега подобрено за 30% за профили или делумно видливи ликови. Континуираното следење на очите овозможува да се сконцентрирате на композицијата и при мала длабочина на фокусот. 

Слика од користење
Следење во реално време со ракување на допир

Следењето во реално време ги анализира информациите за боите, шемата, длабочината и лицето на објектот за да го следи објектот. Следењето со допир интуитивно и автоматски го следи објектот којшто ќе го допрете на LCD-екранот. 

Илустрација
Вградена стабилизација на слика со 5 оски

Единицата за стабилизација на сликата со голема прецизност и жироскопот нудат оптичка стабилизација на слика со 5 оски.
[1] Странично вртење [2] Ротирање [3] Вртење нагоре или надолу

Активен режим за рачно снимање

Новиот активен режим овозможува подобрена стабилизација при снимањето. За да го зачува квалитетот на сликата, процесорот BIONZ XR прецизно го мери тресењето на камерата и врши оптичка компензација. Ова овозможува снимање стабилни видеоснимки во 4K-резолуција, дури и при рачно снимање без механизми за стабилизација или при чекорење.

Слика од производот
Интерфејс за дигитален звук за снимање јасен звук

Дигиталниот аудио интерфејс додаден на приклучокот за повеќе интерфејси (MI) овозможува директен 24-битен влез. Достапните поставки се 48 kHz/16-бита 2-кан., а со користење на изборниот адаптер XLR-K3M, 48 kHz/24-бита 2-кан. и 48 kHz/24-бита 4-кан.

Илустрација
Уникатно ослободување топлина за сигурно снимање

Уникатниот графитен ладилник во форма на Σ (сигма) од Sony е вграден во модулот за стабилизација на сликата. Тој ослободува топлина 5x поефикасно за подолго време на снимање, без попречувања во стабилизацијата на сликата.

Слика од производот
Лесно снимање видеоснимки

Како одговор на барањата од професионалните корисници, копчето за ВИДЕО е преместено на горната страна за подобрено ракување при секој агол на снимање. Распоредот на копчињата за режимите и брзината на менувањето се исто така подобрени.

Напредни функции и перформанси за слики
Слика за пример
Висока чувствителност на ISO

Исклучително големиот стандарден опсег на ISO од 80-102400 (со можност за проширување до 40-409600 за фотографии) на α7S III нуди неверојатни креативни можности. Новиот сензор за слика и алгоритамите за обработка на сликата нудат почисти слики и поприродни текстури од претходниот модел α7S II, дури и при снимање во речиси целосен мрак.

Слика за пример
Брз хибриден AF за фотографии

Брз хибриден AF-систем за брзина и прецизност. Со 759 сензори за откривање фаза во фокусната рамнина и 425 точки за откривање контраст распоредени врз најголемиот дел од површината на сликата, α7S III брзо го пронаоѓа и го следи објектот во кадарот.

Слика за пример
Извонредно континуирано фотографирање

Користете механичка или електронска бленда за континуирано секвенцијално фотографирање, со AF/AE со следење, до 10 fps. Доловете ги одлучувачките моменти со преку 1000 слики со понуденото континуирано фотографирање во некомпресиран RAW-формат.

Слика за пример
AF со голема чувствителност за слаба осветленост

Напредоците во алгоритамот за AF му овозможија на α7S III да постигне автоматски фокус во услови на слаба осветленост како што е EV-6, каде што објектите се едвај видливи со голо око.

Слика за пример
Напредоци во квалитетот на слика со нов сензор и процесор

Новосоздадениот сензор за слика и процесорот за обработка на слика носат подобрувања во репродукцијата на боите, особено во тоновите на кожата, како и репродукцијата на текстурите во сликите. 

Слика за пример
Нов HEIF-формат и режими на снимање HLG

Поддржан е форматот на датотека HEIF, кој нуди подобар квалитет на слика и поголема ефикасност при компресирањето од JPEG, како и 10-битни бои. Може да снимате и слики со висок динамички опсег во HLG-режим и да ги гледате на компатибилни телевизори.

Ефикасност на работните процеси
Слика од производот
Два отвори за медиуми компатибилни со CFexpress од тип A

Двата отвори за мемориски картички ги поддржуваат брзите CFexpress-картички од тип A за снимање со високи бит-стапки и брзо чистење на меѓумеморијата, како и SDXC UHS-II-картичките. Достапни се и паралелни снимања и снимања со пренасочување.

Слика од производот
LCD-монитор со променлив агол за практично снимање

Екранот на допир со променлив агол и 1,44 милиони точки од тип 3,0 има дизајн од отворен вид, за флексибилно позиционирање и подобрена видливост при монтирање на ротирачки механизми.

Илустрација
Електронски визир со 9,44 милиони точки и висока резолуција

Новиот електронски визир нуди резолуција, контраст и бои далеку над својата класа. Тој исто така нуди и зголемување од 0,9x, водечко во светот, дијагонално видно поле од 41° и висока точка на окото од 25 мм.

Напредно користење

Структурата на менито е редизајнирана за да одговори на барањата на професионалните фотографи и видеографи. Поставките на фотоапаратот сега се поинтуитивни и фотоапаратот има поголем одзив кон промените на поставките.

Слика од користење
Нова структура на менито

Врз основа на барањата на нашите најпребирливи професионални корисници, направени се големи промени на структурата на менито, за подобрена читливост и помала навигација.

Слика од користење
Интуитивно ракување на допир

Екранот на менито може да се ракува преку допир, додека екранот за репродукција овозможува лизгање и штипнување за зумирање. Исто така, подобрено е и ракувањето на функциите за допир при снимањето.

Слика од користење
Компатибилност со Wi-Fi од 5 GHz

Покрај 2,4 GHz, обезбедено е и Wi-Fi® поврзување од 5 GHz за далечинско управување, безжичен преглед, како и побрз и постабилен пренос на податоци на слики и видеоснимки.

Слика од користење
Жично LAN-поврзување

За сложени опкружувања склони на пречки, или, пак, кога е потребен повисок пропусен опсег, достапна е жична LAN-врска 1000BASE-T преку поврзување на компатибилен USB-етернет кабел со адаптер на приклучокот USB Type C® на фотоапаратот.

Слика од користење
Далечински преглед и фотографирање

Жично или безжично далечинско фотографирање е достапно преку компјутер или преку мобилен уред во кој е инсталиран софтверот Imaging Edge MobileTM, за поефикасни работни процеси и фотографирање во опкружувања со лоши услови.

Слика од користење
Imaging Edge DesktopTM

Подобрете ги фотографиите со апликациите Imaging Edge Desktop. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Слика од користење
Capture One за Sony

Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер за уредување што нуди обработка на RAW, лесно управување и моќни алатки за уредување. Достапен е и Capture One Pro (за Sony) со повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.

Илустрација
Imaging Edge™ Webcam

Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.

Преземете брошура
Преземете брошура

Спецификации и функции

Дизајниран за професионалци, α7S III ги подобрува посилните страни на серијата S како што се високата чувствителност и широкиот динамички опсег, а притоа испорачува и професионални функции како што е подобрениот AF, оптичката стабилизација на слика и снимањето во 4K 120p. Со вграден моќен нов процесор во компактното куќиште, фотоапаратот нуди голем избор на визуелни доживувања.
  • Нов сензор за слика Exmor RTM CMOS со 12.1 милиони точки и задно осветлување

  • Нов процесор за обработка на слика BIONZ XR со 8x побрзи перформанси

  • Снимање во 4K 120p, можност за 10-битно снимање со сооднос 4:2:2

  • Брз хибриден AF со 759 точки за AF со откривање на фаза и подобрен AF на очи во реално време

  • Вградена оптичка стабилизација на слика со 5 оски, активен режим за видеоснимки

Тип на сензор
Exmor R CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика (35,6×23,8 мм)
Број на точки (ефективни)
Прибл. 12.1 милиони точки
ISO чувствителност (препорачан индекс на експозиција)
Фотографии: ISO 80-102400 (вредностите за ISO од ISO 40 до ISO 409600 може да се постават како проширен опсег за ISO.), Видеоснимки: еквивалент на ISO 80-102400 (вредностите за ISO до ISO 409600 може да се постават како проширен опсег за ISO.)
Траење на батеријата (фотографии)
Прибл. 510 снимки (визир) / прибл. 600 снимки (LCD-монитор) (CIPA-стандард)
Вид на визир
1,6 см (тип 0,64) електронски визир (во боја)
Тип на монитор
7,5см (тип 3.0) вид TFT
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина