α7R IV

Уште едно важно достигнување

Со фотоапаратот без огледало α7R IV за целосна слика од Sony добивате врвни перформанси какви што претходно се очекуваа од фотоапарати од среден формат, како и извонредна брзина во компактно куќиште. Погледнете како зголемената цврстина и опциите за поврзување ќе ви ја подобрат продуктивноста.

Сè поголема инспирација

Зачекорете во потполно нов свет на фотографско изразување со неспоредлив квалитет на слика и брзина на обработка. Нов и моќен модел се приклучува на серијата α7R со понапредни опции за поврзување и поголема сигурност каква што им треба на професионалците.

Извонредна резолуција и градација

Извонредна резолуција и градација

Голема брзина и брз одзив

Голема брзина и брз одзив

Прекрасни портрети, паметен работен процес

Прекрасни портрети, паметен работен процес

Замислете неоткриени светови

Замислете неоткриени светови

Генијално ракување и сигурност

Генијално ракување и сигурност

Професионално снимање видеоснимки

Професионално снимање видеоснимки

Неспоредливо рендерирање

Незамисливи детали

Exmor R™ CMOS-сензорот за целосна слика со 61,0 милиони точки и процесорот BIONZ X™ нудат ненадмината резолуција, врвна градација и мал шум за да откриете нови димензии на детали, токму како што очекуваат професионалните фотографи. α7R IV го доловува амбиентот на сцените и текстурата на објектите.

CMOS-сензор за целосна слика со 61 MP и задно осветлување

CMOS за целосна слика со 61,0MP и задно осветлување

Новосоздадениот Exmor R CMOS-сензор за слика нуди неспоредливо висока резолуција. Дизајнот со задно осветлување нуди висока чувствителност и мал шум, и покрај големата резолуција од 61,0 MP.

Најновиот процесор за обработка на слика

Најновиот процесор за обработка на слика

Процесорот за обработка на слика BIONZ X и предната LSI овозможуваат максимални перформанси на сензорот со висока резолуција и динамички опсег до 15 чекори.

Голем стандарден опсег на ISO 100-32000

Голем стандарден опсег на ISO 100-32000

Независно од поголемиот број на точки, α7R IV нуди највисока стандардна вредност ISO 32000 и го намалува шумот во опсегот на ниска и средна чувствителност, создавајќи висококвалитетни слики.

Фактори за максимална и извонредна резолуција

Вградена стабилизација на слика со 5 оски

Вградена стабилизација на слика со 5 оски

Алгоритамот за стабилизација на слика со 5 оски е оптимизиран за да ги максимизира перформансите на сензорот за слика со резолуција од 61,0 милиони точки. Тој овозможува стабилно рачно фотографирање со повисока брзина на блендата за 5,5 чекори.

Фотографирајте во апсолутна тишина

Фотографирајте во апсолутна тишина

Бесшумното фотографирање ви овозможува да фотографирате на места каде што е потребна тишина и ги намалува вибрациите што предизвикуваат заматување. Блендата без вибрации ја максимизира високата резолуција на α7R IV за да добиете остри и јасни слики.

Структура за намалување на заматувањето

Структура за намалување на заматувањето

За максимизирање на резолуцијата достапна со α7R IV, мора да се намалат и најмалите вибрации. Sony го реконструираше склопот на блендата со апсорбирачки шрафови што ги ублажуваат потресите. Подобрениот алгоритам за стабилизација на сликата нуди значително помала заматеност и неверојатно остри детали доловени со голема прецизност.

Далечинско активирање на блендата без вибрации

Далечинско активирање на блендата без вибрации

Далечинското ракување со блендата преку изборниот и безжичен далечински управувач (RMT-P1BT) овозможува фотографирање без тресење на фотоапаратот предизвикано од активирање на блендата. Тоа ја максимизира високата резолуција на сензорот за слика.

[1] Ultra-XGA OLED Tru-Finder [2] Quad-VGA OLED Tru-Finder

UXGA OLED Tru-Finder со 5,76 милиони точки

Електронскиот визир со 5,76 милиони точки прикажува детали со прибл. 1,6 пати повисока резолуција од α7R III. Може да изберете режим за квалитет „High“ за да добиете голема прецизност, а сепак природна и реалистична слика со помало заматување. Појасниот приказ со стапка на слики од 120/100 fps овозможува полесно следење на објектите што се движат.

Многу брз одзив

Највисока брзина на фотографирање во негова класа

И покрај неверојатната резолуција, α7R IV нуди брзина на фотографирање до 10 fps со механичка бленда (до 8 fps при континуирано фотографирање со прегледување во живо). Таа ќе ви овозможи да доловувате одлучувачки моменти - како движења на диви животни - со врвни детали, благодарение на обработката на слики со висока резолуција од 61,0 MP.

Практична резолуција од 26 MP со отсекување во APS-C-формат

Практична резолуција од 26,2MP со отсекување во APS-C-формат

Добијте слики со неверојатна резолуција од приближно 26,2 милиони точки откако ќе ја отсечете целосната слика во APS-C-формат. Тоа значи дека α7R IV ќе ви помогне во проактивно искористување на фотографирањето во формат за целосна слика со 61,0 милиони точки, на пример, при фотографирање птици за кое е потребно отсекување заради зумирање на сликите.

AF со широка покриеност

AF со широка покриеност

Новиот сензор за слика нуди широка покриеност и голема густина за AF со 567 AF-точки за откривање фаза (прибл. висина од 99,7% и ширина од 74,0%). 425-те AF-точки со откривање на контраст нудат прецизно фокусирање.

Брз AF и покрај високата резолуција

Брз AF и покрај високата резолуција

Благодарение на подобрениот брз хибриден AF, α7R IV неверојатно детално го доловува објектот и нуди брз AF дури и при слабо осветлување.

Уште подобар AF со стабилно следење

Уште подобар AF со стабилно следење

Повеќе AF-точки, AF-сензор со поголема покриеност и подобрен алгоритам за AF што овозможуваат уште подобри перформанси за следење објекти заради доследно фотографирање, дури и на сложени или ненадејни движења.

4D ФОКУС

Погледнете повеќе за AF од Sony

AF со голема прецизност при слаба осветленост

AF со голема прецизност при слаба осветленост

Напредните алгоритми за AF овозможуваат прецизен AF дури и при мали нивоа на светлина до EV-3. Опцијата „Focus Priority in Aperture Drive“ е наменета за попрецизно фокусирање при слаба осветленост и при помала вредност на решетката.

Континуирано фотографирање до 68 слики

Континуирано фотографирање до 68 слики

Бидејќи меѓумеморијата е 1,5 пати поголема, фотоапаратот нуди секвенцијално фотографирање со прибл. 68 слики. Во режимот за фотографирање APS-C може да снимите приближно трипати повеќе фотографии отколку со режимот за фотографирање целосна слика.

Два отвори за медиуми со поддршка за UHS-II

Два отвори за медиуми со поддршка за UHS-II

ОТВОР 1 и ОТВОР 2 се компатибилни со UHS-I и UHS-II за брзо запишување на огромни количини податоци. α7R IV може да снима истовремено или со пренасочување, да одвојува RAW/JPEG-податоци и слики/видеоснимки и да копира податоци помеѓу картичките.

Фотографирајте на професионално ниво

Фотографирајте на професионално ниво

α7R IV користи батерија NP-FZ100 со голем капацитет. За да фотографирате подолго, користете го и овој изборен вертикален држач VG-C4EM во кој може да ставите две батерии NP-FZ100 за да снимите двојно повеќе фотографии отколку со α7R IV.

  • Предности на AI
  • Технологија AI
AF на очи во реално време со следење очи на животни

AF на очи во реално време со следење очи на животни

Благодарение на подобрениот алгоритам, α7R IV поддржува следење очи на животни и луѓе, овозможувајќи брзо и прецизно автоматско откривање и следење. Поддршката за очи на животни значително ја зголемува стапката на успешност при фотографирање животни во дивината или миленичиња во домот доколку нешто ви го попречи видикот или често го вртите фотоапаратот во хоризонтална/вертикална ориентација.

Голема продуктивност за професионално снимање портрети

AF на очи во реално време: еволуција на портретите

AF на очи во реално време нуди еволуција за снимање портрети. Технологијата врз основа на AI нуди прецизно откривање и следење на очи за да добиете остар и јасен фокус врз лицето на објектот, дури и ако тоа е модел што се движи брзо. Фотографот може да се концентрира на кадарот - за подобар работен процес што им е потребен на професионалците.

Моментално фокусирање на очите

Моментално фокусирање на очите

Кога е вклучена опцијата за AF со приоритет на лице/очи, треба само да го притиснете копчето за блендата до половина, да го притиснете копчето AF-ON или однапред приспособено копче. Фотоапаратот ќе се погрижи за фокусирањето на очите на објектот.

Избор на десно/лево око според вашите потреби

Избор на десно/лево око според вашите потреби

Сега може да изберете око по ваша желба - лево или десно - пред или за време на фотографирањето преку приспособливо копче. Изборот на око ви овозможува да се фокусирате на кадарот, осветлувањето и други детали.

Може да се користи со следење во реално време за да снимите прекрасни портрети

Се користи со следење во реално време за прекрасни портрети

AF на очи во реално време може да се користи заедно со функцијата за следење во реално време, што реагира на динамички движења на објектите. Оваа комбинација овозможува прецизно следење за лесно снимање портрети.

Поефикасен работен процес

Безжични и жични решенија за поврзување наменети за професионалците

α7R IV поддржува различни опции за далечинска контрола и начини за пренос на податоци како што е Wi-Fi од 5 GHz. Искористете ги придобивките од големиот избор и практичноста на далечинското фотографирање и правење резервни копии на податоците.

Безжично фотографирање преку компјутер

Безжично фотографирање преку компјутер

Контролирајте го α7R IV далечински преку компјутер или префрлувајте податоци во компјутер со функцијата „Remote“ на апликацијата Imaging Edge™ (вер. 2.0 или понова). Достапна е побрза опција на Wi-Fi од 5 GHz за пофлексибилно фотографирање.

Далечинска контрола со компјутер преку USB-врска

Далечинска контрола со компјутер преку USB-врска

Користете го приклучокот USB Type-C™ што е компатибилен со USB 3.2 Gen 1 за побрз пренос со нов алгоритам за жично далечинско фотографирање преку компјутер. Префрлувајте големи некомпресирани RAW-слики без да го прекинувате работниот процес.

Поддршка за пренос во заднина преку FTP

Поддршка за пренос во заднина преку FTP

За да ги задоволи потребите на професионалците за брза испорака, α7R IV поддржува пренос на датотеки JPEG и RAW во заднина преку FTP во текот или по завршување на фотографирањето. Може однапред да регистрирате до девет FTP-сервери.

За фотографирање со блиц

За фотографирање со блиц

Доцнењето за активирање е минимално и овозможува брзо фотографирање со блиц и континуирано фотографирање со блиц со 10 fps. Изберете бавна синхронизација или синхронизација со задна завеса при користење безжичен блиц за поразновидна примена.

Стандарден приклучок за синхронизација

Стандарден приклучок за синхронизација

Стандардниот приклучок за синхронизација овозможува практично синхронизирање со блицови во студио и друга надворешна опрема за осветлување за да поставите соодветно осветлување за фотографирање во студио.

Imaging Edge

Апликации Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерот; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии.

Capture One (за Sony)

Capture One (за Sony)

Capture One Express (за Sony) е бесплатен и награден софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro(за Sony) може да го купите за да добиете повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.

„Допирна“ реалистичност

Различна димензија на реалистичност

Сега поддржува спојување 16 слики снимени со поместување на сензорот

Оваа подобрена функција го поместува сензорот во чекори од половина или цела точка во програмиран редослед за да сними 16 слики со поместување на сензорот што ќе ги спои во прецизна слика со прибл. 240,8 MP од оригиналните податоци со прибл. 963,2 MP (еквивалент). Фотографиите од архитектура и уметност се репродуцираат со реални детали, текстура, бои, амбиент, сцена и реалистичен 3D-изглед.

Различна димензија на реалистичност

[1] Обична слика (зголемена за 200%)
[2] Слика создадена од 16 слики снимени со поместување на сензорот (100%)

Создаден за професионалци

  • Напред
  • Назад
Поставка за зачувување/вчитување

Поставка за зачувување/вчитување

Новата вградена функција за зачувување/вчитување ви овозможува да зачувувате поставки за фотоапаратот во SD-мемориска картичка и да ги вчитувате тие поставки од картичката за практично споделување со други фотоапарати, доколку е потребно.

Ефикасно избирање слики

Ефикасно избирање слики

Ставајте оценки со ѕвезди и заштита на сликите директно преку екранот за прегледување на содржините. Прескокнувањето на секои 10/100 прикажани фотографии и групното оценување на континуирано снимените слики нудат уште поголема практичност.

Мени со подобар интерфејс

Мени со подобар интерфејс

Со илустрацијата на поставките за приспособливи копчиња во менито полесно ќе ја разберете нивната функција. Освен тоа, може да ги избирате различните картички во менито со помош на предното вртливо копче или функциското копче, со една рака.

Функции за професионално снимање

  • Примерок на 4K-видеоснимка
  • Висока резолуција 4K
  • S-Log и HLG

Стабилно следење со AF за неверојатни видеоснимки

Исполнете ги условите за AF за снимање 4K-видео со подобрениот брз и хибриден AF. Добијте голема брзина, прецизност и врвни перформанси за следење и снимајте видеоснимки со рамномерен и стабилен AF. Чувствителноста за следење на AF се прилагодува.

AF на очи во реално време за снимање видеоснимки

AF на очи во реално време за снимање видеоснимки

AF на очи во реално време сега поддржува и снимање видеоснимки, а притоа ги открива очите на објектот и следи само едно око. Додека α7R IV прецизно го фокусира тоа око, вие може да се фокусирате на кадарот.

Следење со допир за непрекинат фокус врз објектот

Следење со допир за непрекинат фокус врз објектот

Кога снимате видеоснимки, допрете објект на LCD-мониторот. α7R IV ќе почне да го фокусира и да го следи со функцијата за следење со допир. Ако α7R IV открие човечко око, тогаш ќе се активира и AF на очи во реално време и ќе почне да го следи окото.

Интерфејс за дигитален звук за снимање јасен звук

Интерфејс за дигитален звук за снимање јасен звук

Приклучокот за повеќе интерфејси (MI-приклучок) е надополнет со интерфејс за дигитален звук. Користете го новиот микрофон со насочување ECM-B1M или новиот комплет со XLR-адаптер и снимајте висококвалитетен звук со минимално намалување на квалитетот.

Преземете брошура

Преземете брошура

Спецификации и функции
Извонредниот α7R IV ги комбинира професионалното користење и флексибилноста. Импресивната резолуција ја надополнува брзиот и иновативен AF, стабилизацијата со 5 оски и секвенцијалното фотографирање со брзина од 10fps - сето тоа во компактно и цврсто куќиште.
  • Exmor R CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика со 61,0 MP и процесор за обработка на слика BIONZ X

  • Стандарден опсег на ISO 100-32000

  • Брз хибриден AF со 567 точки за откривање фаза во фокусната површина и 425 точки за откривање контраст

  • Брзо континуирано фотографирање до 10 fps со AF/AE со следење

  • Сигурност и удобно ракување за професионален работен процес

Компатибилност со објективи
Објективи со E приклучок од Sony
Тип на сензор
Exmor R CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика (35,7×23,8 мм)
Број на точки (ефективни)
Прибл. 61,0 милиони точки
ISO чувствителност (препорачан индекс на експозиција)
Фотографии: ISO 100-32000 (ISO-броевите од ISO 50 до ISO 102400 можат да се постават како проширен опсег на ISO.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница), Видеоснимки: ISO 100-32000 еквивалент, АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница)
Траење на батеријата (фотографии)
Прибл. 530 снимки (визир) / прибл. 670 снимки (LCD-монитор) (CIPA-стандард)
Вид на визир
Електронски визир UXGA OLED од 1,3 см (тип 0,5) (во боја)
Тип на монитор
7,5см (тип 3.0) вид TFT

Што има во пакетот

Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FZ100, Заштитник за кабли, Полнач за батерии BC-QZ1, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, Кабел USB Type-CTM

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина