α7 IV

Повисока класа.
За нова генерација на фотографи.

Нудејќи револуционерни перформанси за снимање фотографии и видеоснимки, α7 IV е идеален хибрид кој создава прекрасни слики и нуди моментална испорака и дистрибуција. α7 IV е фотоапарат дизајниран да ги реализира уметнички идеи на денешните креатори.

ФОТО АПАРАТИ СО ЗАМЕНЛИВИ ОБЈЕКТИВИ

Хибриден фотоапарат за целосна слика Alpha 7 IV

ILCE-7M4 / ILCE-7M4K
Слика од Alpha 7 IV

Само куќиште|Куќиште + објектив за зумирање од 28-70мм

Едноставното никогаш не било толку добро

Подгответе се за инспирација. Реалната резолуција на α7 IV и извонредниот автоматски фокус врз основа на AI се само дел од палетата на врвни функции што ги нуди најсовремената технологија за обработка на слика. 

Фотографии (во насока на стрелките на часовникот, од горниот лев агол): човечко лице, пејзаж, човек кој стои и птица
Галерија со фотографии од α7 IV
Слика од вртливото копче за фотографии/видео/S&Q
Потполно ново уживање во обработката на слики 
Фотографија од фотограф кој гледа низ визирот додека фотографира
Фотографирање без компромиси
Фотографија на која автоматскиот фокус овозможува јасно фокусирање на човек кој учествува во брзи спортски активности
Сигурен и брз автоматски фокус
Фотографија од снимател кој ја користи вградената стабилизација на слика со активен режим, без дополнителна опрема
Постојан напредок на обработката на видео
Фотографија од човек кој проследува во живо преку фотоапаратот
Нова ера на комуникација на слики
Фотографија од човек кој држи фотоапарат и ги притиска неговите копчиња
Лесно и сигурно ракување 
Ново уживање во обработка на слики
Најдобар квалитет за фотографии и видео 
Споделете го моментот веднаш
Фотографија од сензорот за слика Exmor R CMOS
Новосоздаден CMOS-сензор за целосна слика со 33 MP и задно осветлување 

Новиот Exmor R™ CMOS-сензор за слика со 33,0 милиони точки на α7 IV нуди неверојатни перформанси, одличен квалитет на слика и за фотографии и за видеоснимки, отчитување со голема брзина, голема чувствителност, мал шум и прецизна репродукција на бои. 

Фотографија од процесорот за обработка на слика BIONZ XR
Врвно ниво на обработка на слика со BIONZ XR™

Најновиот процесор за слика на α7 IV нуди многу подобри перформанси, квалитет на слика и репродукција на бои. Големите брзини на обработка овозможуваат полесно и поудобно континуирано фотографирање, како и брз одзив при ракувањето за време на преносот на податоци.

Фотографирање без компромиси
Четири слики што прикажуваат четири различни тонови на бои, направени со помош на функцијата за креативен изглед
Брзо визуелно поставување со десет опции за креативен изглед 

Избор на десет опции за креативен изглед и осум параметри за брзо прилагодување на изгледот на вашите фотографии, видеоснимки и проследувања во живо. А бидејќи не е потребно уредување по снимањето, може да ја споделите вашата замисла веднаш по снимањето.

Фотографија со прекрасна длабочина на бои од 10 бита
Формат на слика HEIF со 10 бита за рамномерни градации 

Освен стандардните формати RAW и JPEG, може да го изберете и форматот HEIF (High Efficiency Image File) за снимање фотографии. Рамномерната длабочина на бои од 10 бита нуди реалистична репродукција на небото и субјектите во портретите за кои е неопходна дискретна и природна градација. 

Оптичка стабилизација на слика со 5 оски

Компензација за брзина на бленда со 5,5 чекориод вградениот модул за стабилизација

Модулот за прецизна стабилизација и жироскопите на α7 IV користат алгоритми за стабилизација на слика за да овозможат компензација за брзината на блендата до 5,5 чекори, за максимални перформанси со висока резолуција на сензорот за слика со 33,0 MP.

Слика од стабилизацијата на слика со 5 оски
Фотографија снимена со блиц, на која лицето на субјектот има соодветно ниво на експозиција
Блицовите од Sony се усогласуваат со системот за откривање лица

Најновите блицови од Sony комуницираат со α7 IV со моќни перформанси за откривање лица со цел да се прилагоди експозицијата и да се добијат природни тонови на кожата. Прецизната синхронизација на балансот на белата боја и мерењето со P-TTL, со ниво „Hi“ за брзина на континуирано фотографирање, овозможуваат сигурна експозиција дури и на субјектите кои се движат брзо преку брзи промени на осветлувањето.

Фотографија од надворешен блиц прикачен на фотоапарат
Надворешна контрола на блицови 

За попрактично фотографирање, компатибилните блицови и далечинските управувачи со радиосигнали што се поврзани со α7 IV може да се контролираат преку интерфејсот на фотоапаратот. 

Сигурен и брз автоматски фокус
Фотографија од човек кој спортува, врз која се прикажани точки за AF што ја прекриваат целата површина на сликата
Еволуција на брзиот и хибриден AF

Системот со брз и хибриден AF еволуираше уште повеќе за да понуди поголема брзина, прецизност и перформанси за следење. Благодарение на 4D FOCUS од Sony, широката и густа површина за AF со 759 AF-точки за откривање на фаза покрива приближно 94% од површината на сликата на фотографиите и видеоснимките.

Десет континуирано снимени слики од човек кој учествува во динамичка спортска активност
Континуирано фотографирање до 10 слики во секунда 

И механичката и електронската бленда ви овозможуваат да снимите повеќе од 800 слики со брзина од 10 fps и AF/AE со следење, благодарение на меѓумеморијата, брзиот процесор BIONZ XR и големата брзина на запишување на мемориските картички на α7 IV.

Фотографија на која е прикажано следење во реално време, со рамка за AF што прикажува фокус врз субјект кој се движи брзо
Паметно следење во реално време врз основа на AI од Sony 

Алгоритамот за препознавање субјекти од Sony користи податоци за бои, шеми (светлина) и оддалеченост на субјектот (длабочина) за обработка на информациите во реално време. AI се користи за прецизно откривање и следење на очите и лицето на субјектот (човек, животно или птица). Изберете субјект и препуштете му сè на фотоапаратот. 

Подобар AF на очи во реално време 

Окото ќе биде во фокус за да може да се концентрирате на композицијата 

Најновиот процесор значително ги зголемува перформансите за AF на очи во реално време, дури и ако субјектот гледа нагоре, надолу или странично. Може да користите и следење со допир за да активирате следење во реално време на субјект во кадарот, а во исто време ќе се активира и AF на очи во реално време доколку функцијата открие око - треба само да допрете на екранот. 

Фотографија на која е прикажана употребата на AF на очи во реално време, со рамка за AF што го прикажува фокусот на окото на субјектот
Фотографија на која е прикажана употребата на AF на очи во реално време за животни, со фокус на окото на кучето
Фотографии од домашни миленичиња на едноставен начин 

Брз и прецизен фокус за тешки снимки од животни

Ако изберете „Животно“ како тип на субјект за откривање, ќе можете автоматски да откривате и следите очи на животни и поуспешно ќе снимате видеоснимки и фотографии од диви животни и од вашите домашни миленичиња. Откривањето очи на животни е подобрено и нуди сигурно следење и прецизен фокус дури и кога лицето на животното е свртено наопаку.

AF на очи во реално време за птици 

Откривањето очи на птици е достапно и за фотографии и за видеоснимки

За прв пат во серијата α, откривањето очи на птици е достапно и за фотографии и за видеоснимки - само изберете ја опцијата „птица“ како субјект. Неверојатната брзина и прецизност на фотоапаратот овозможуваат автоматско следење на одредени птици, независно дали стојат или летаат, со стабилно фокусирање на очите и покрај нивните брзи и непредвидливи движења.

Постојан напредок на обработката на видео
Портрет од жена снимен со висока резолуција 4K со 60p
Видеоснимки во 4K со 60p и јасен и природен изглед

Сега може да снимате видеоснимки во 4K со 60p и обработка на сите точки без нивно соединување, благодарение на новиот сензор за слика на α7 IV и широкиот динамички опсег што создаваат јасни слики од субјектите кои се движат брзо.

Слика што прикажува како се користи прекумерно семплирање во 7K за генерирање 4K-видеоснимки
Прекумерно семплирање во 7K за прекрасни слики со богати детали 

Прекумерното семплирање во 7K за целосна слика е можно при снимање 4K-видео со максимум 30p, а како резултат добивате содржини со висока резолуција 4K и врвни детали. Изберете го најсоодветниот режим за вашата цел и препуштете сè на фотоапаратот.

Портрет од жена што ја прикажува прекрасната репродукција на бои од снимањето со 10 бита и 4:2:2
Поквалитетна слика и снимање со 10 бита и 4:2:2 

Снимајте видеозаписи со неверојатна длабочина од 10 бита и семплирање на бои од 4:2:2, со кодирање слики со Long GOP или All-Intra, за поголема флексибилност при градации, обработка по снимањето и спојување на сликите.

Лево: слика од HEVC/H.265 и поделба на сложен дел од видеозаписот во помали сегменти заради обработка; Десно: слика од AVC/H.264 и еднаква поделба на целиот видеозапис заради обработка
Поддржано е кодирање со Long GOP и со All-Intra

Снимањето со All-Intra ги кодира сите слики независно, со бит-стапки до 600 Mbps, овозможувајќи снимање сложени движења со поголема прецизност и поефикасни работни процеси за уредување.  

[1] All-Intra (All-I) [2] Long GOP [3] Група слики

Лево: слика од HEVC/H.265 и поделба на сложен дел од видеозаписот во помали сегменти заради обработка; Десно: слика од AVC/H.264 и еднаква поделба на целиот видеозапис заради обработка
Врвен квалитет и помали датотеки со XAVC HS

Формат за снимање XAVC HS користи кодирање HEVC/H.265 за да постигне двојно поголема ефикасност за компресирање од кодирањето AVC/H.264, овозможувајќи врвен квалитет на слика и помали датотеки што заштедуваат простор.

Изберете изглед по ваша желба за покреативни видеоснимки

Поддршка за S-Cinetone™, креативен изглед и S-Log3

Матрицата на бои S-Cinetone, основана врз технологија стекната преку развој на камерите CineAlta како што е VENICE, создава импресивен изглед со прекрасни тонови на кожата без потреба од уредување по снимањето. Однапред поставените опции за креативен изглед создаваат други интересни режими за визуелен амбиент, а може да ја користите и гамата S-Log3 за да пристапите до целосниот динамички опсег на фотоапаратот (над 15 чекори) за полесни работни процеси по снимањето.

Нова компензација за промени во фокусната должина

a7 IV ги користи нашите технологии за објективи и фотоапарати за да овозможи иновативна компензација за промени во фокусната должина, што е ексклузивна за објективите со E-приклучок од Sony. Со минимизирање на можните промени во аголот на гледање кога снимате видео, ако извршите поместување на фокусот со одредени објективи, може да добиете импресивни резултати - за нови креативни можности со различни објективи со E-приклучок од Sony.

Мапа на фокусот за визуализација на длабочината на полето

По барање на професионалните креатори на содржини, новата функција за мапа на фокусот ви овозможува прегледен приказ на длабочината на полето кога фотографирате . При користењето, информациите за фокусот (мапа на длабочина) се прикажуваат во реално време врз приказот во живо, за да имате преглед кои површини се во фокус.

Фотографија од снимател кој ја користи функцијата за помош при AF
Помош при AF за поместување на фокусот при користење AF

Пренесена од Cinema Line FX6, функцијата за помош при AF нуди избор помеѓу автоматски и рачен фокус. Поместување на фокусот се врши со ротирање на прстенот за фокусирање за да преминете во MF и да го поместите фокусот - AF продолжува штом престане ротацијата. 

Фотографија на која автоматскиот фокус се користи за прецизно фокусирање на главниот субјект
Прилагодување на фокусот за креативна слобода 

Функциите за прилагодено фокусирање, присутни и кај моделите од повисока класа како α1 и α7S III, нудат креативни опции за снимање видео како поместување на фокусот, брза промена на целта на AF и приспособлива чувствителност за следење субјекти.

Стабилизација со „активен режим“ и високи перформанси 

Сигурна поддршка за рачно снимање видео

Стабилизацијата со активен режим за снимање видео е основана врз прецизниот модул за стабилизација, жироскопите и софистицираните алгоритми на фотоапаратот. Таа прецизно ја открива потребната количина на компензација и врши стабилизација за да овозможи стабилно снимање 4K-видеоснимки, без притоа да влијае негативно врз компактната големина и преносливоста на α7 IV. 

Слика што прикажува како датотеките за видео снимени со фотоапаратот се префрлуваат во Catalyst Browser или Catalyst Prepare
Прекрасни слики со подобра стабилизација на слика

α7 IV ги снима податоците од објективот и жироскопот како метаподатоци, поради што Catalyst Browse/Prepare овозможува дополнително елиминирање на тресењето на фотоапаратот и прилагодување на стабилизацијата на сликата дури и по фотографирањето. 

Фотографија од фотоапарат со прикачен микрофон со насочување што се продава посебно
Интерфејс за дигитален звук за поквалитетен звук

Приклучокот за повеќе интерфејси (MI) овозможува поврзување без кабли и директен трансфер на дигиталниот сигнал за звук за да добиете висококвалитетен звук без загуби, а може и да ги напојува микрофоните со што ги елиминира грижите за батерии. 

Слика одблиску од вградениот микрофон на фотоапаратот
Вградениот микрофон има заштита од ветер

Користејќи новосоздадена технологија за обработка на сигнали, кога намалувањето на шумот предизвикан од ветер е поставено на „Автоматски“ и уредот открие таков шум, шумот значително ќе се намали без да се променат другите звуци. 

Нова ера на комуникација на слики
Претворете го вашиот α7 IV во веб-камера

Сè што ви треба е USB-врска за да го претворите α7 IV за целосна слика во веб-камера со високи перформанси. Не е потребно сложено поставување, само поврзете го фотоапаратот со компјутер или паметен телефон преку USB, изберете „Live Stream (USB Streaming)“ и тоа е сè.

Фотографија од креатор кој проследува во живо во 4K
4K / Full HD во живо

α7 IV ги поддржува стандардите UVC (USB Video Class)/ UAC (USB Audio Class) што вообичаено се присутни кај USB-камерите, па затоа нема потреба да користите наменски софтвер. Само поврзете го преку USB и подгответе се за пренос во живо со 4K-резолуција

Фотографија од човек кој приклучува USB-кабел во фотоапаратот
Брзо и лесно поставување за проследување во живо

α7 IV го олеснува проследувањето во живо. Кога ќе го приклучите фотоапаратот во компјутер преку USB, менито за избор на USB-функција ќе се појави на екранот на фотоапаратот. Изберете „Проследување во живо (USB-проследување)“ и веднаш ќе преминете во тој режим.

Фотографија од целата палета на објективи од Sony
Заменливите објективи нудат креативни опции за проследување во живо 

Со повеќе од 60 оригинални објективи со E-приклучок од Sony, од широкоаголна фокусна должина до телефото, како и врвни и специјални објективи за креативност, добивате неограничени креативни можности за проследување или споделување.

Фотографии за споредба помеѓу исклучен ефект на мека кожа (лево) и вклучен (десно, „среден“ интензитет)
Ефект на мека кожа 

Ефектот за мека кожа кај α7 IV ја прави кожата да изгледа светла и прекрасна, ги избледува наборите, дамките и оштетените површини, а притоа ги истакнува очите и устата. Оваа функција е достапна за фотографии, видеоснимки и проследување во живо.

Споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки веднаш

α7 IV е дизајниран за полесно споделување, за да можете веднаш да ги споделите вашите нови слики и вашата замисла со светот.

Фотографија од човек кој ја користи апликацијата Imaging Edge Mobile на паметен телефон
Дополнителни функции достапни со Imaging Edge Mobile™

Споделувањето и поврзување преку апликацијата Imaging Edge Mobile од Sony е уште полесно и подобро. Конфигурирајте ги брзо поставките за Wi-Fi на фотоапаратот преку Bluetooth®-врска со мала потрошувачка на енергија и добијте поголема контрола врз автоматското префрлување слики. 

Приказ на менито за избор на поставки за 5 GHz и 2,4 GHz
Wi-Fi од 5 GHz

Можно е поврзување преку безжичен LAN со фреквенција од 5 GHz, покрај стандардната фреквенција од 2,4 GHz (поддржани се стандардите IEEE 802.11a/b/g/n/ac). Во придобивките што ги нуди комуникацијата со 5 GHz спаѓа побрз пренос на податоци.

Приказ на менито со поставки за трансфер преку FTP
Пренос на датотеки во заднина преку FTP

Оваа функција ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки на далечински FTP-сервер преку безжичен LAN, жичен LAN со голема брзина (со приклучување компатибилен кабел со адаптер за USB-етернет во приклучокот USB Type C® port на фотоапаратот) или паметен телефон поврзан преку USB. 

Подобри процеси за избирање и уредување 

α7 IV нуди бројни подобрувања за избирање и уредување на сликите, што придонесува за подобар работен процес и поефикасно управување со големи количини на податоци.

LCD-екран во режим на репродукција, прикажува сцени поделени со слики за разделување
Создавајте слики за разделување заради побрз пристап и избирање

Сликите за разделување се вметнуваат помеѓу фотографиите заради побрзо пронаоѓање на саканите сцени. Црна заднина со сива стрелка што покажува нова сцена или избор.

Екран репродуцира видеозапис со ознаки
Додавање маркери за видео (ознаки)

Во снимените видеозаписи може да додавате два вида на ознаки за снимки, што се користат како „ознаки“ или знаменца, за да ги обележите омилените кадри или сцени, а главното вртливо копче може да се користи за брза навигација од една до друга ознака при репродукцијата.

Мени на кое се прикажани избрани слики што треба да се префрлат
Повеќе избрани датотеки за префрлување

Датотеките можат да се префрлуваат според критериуми како оценка, ознаки за снимки, статус на заштита или формат на датотека. Можно е рачно префрлување на една датотека користејќи приспособливо копче. 

Лесно и сигурно ракување 
Слика што го прикажува опсегот на движење на LCD-екранот со променлив агол
Наменско вртливо копче за фотографии/видео/S&Q

Свртете го копчето за фотографии/видео/S&Q и фотоапаратот ќе го промени менито, функциите на копчињата и поставките како решетка и брзина на бленда според избраниот режим, за лесно искористување на придобивките од хибридната природа на фотоапаратот. 

Приказ на менито
Подобра структура на менијата 

На барање на професионалните фотографи и видеографи, воведовме структура на менијата слична на онаа кај α7S III и α1 за да овозможиме подобра и попрактична видливост.

Слика одблиску од визирот на фотоапаратот
Quad-VGA OLED-визор со висока резолуција од 3,68 милиони точки

The camera's Quad-VGA OLED-визорот на фотоапаратот има приближно 1,6x поголема резолуција од визирот на α7 III, со видно поле од 37,3° и растојание до окото од 23 мм. 

Слика што го прикажува опсегот на движење на LCD-екранот со променлив агол
Монитор со променлив агол што се отвора странично за флексибилно фотографирање 

Големата слобода за позиционирање и обликување на кадарот на сликите и видеоснимките се должи на LCD-екранот на допир од тип 3,0 со 1,03 милиони точки, странично отворање и сооднос на слика од 3:2. 

Фотографија од прсти што допираат и штипнуваат по LCD-екранот со променлив агол
Интуитивно ракување на допир

Сега може да ги ракувате со допир и функциите за AF, како следење со допир, за време на фотографирањето. Освен штипнување за зумирање при репродукцијата, целосното ракување е поинтуитивно. 

Слика одблиску од задното вртливо копче R
Приспособливо „задно вртливо копче R“ за практичен пристап до функциите

α7 IV има приспособливо задно вртливо копче наместо вртливо копче за компензација на експозицијата, што нуди брз пристап до функции како контрола на ISO, креативен изглед и други поставки.

Грижа за животната средина
Лого за „Патот кон достигнување на нулата“
Целта е да се постигне искористување на животната средина еднакво на нула 

Инспирирани од убавината на светот, Sony придонесува за зачувување на Земјата, а сепак им овозможува на креаторите да создаваат уште поубави и покреативни содржини. Со цел да постигнеме искористување на животната средина еднакво на нула низ целата групација на Sony до 2050 година, ќе ги забрзаме бројните иницијативи за животната средина. 

Реализација на нашиот план за α7 IV 

α7 IV не е исклучок во нашите цели за зачувување на животната средина

Целиот еколошки работен век на α7 IV е добро осмислен преку подобар развој, производство, пакување и логистика. Повеќе компоненти на куќиштето се направени од рециклирана пластика со високи перформанси и можност за повторно рециклирање, а пакувањето е попрактично за рециклирање. Исто така, нашите фабрики користат обновлива соларна енергија за да ја намалат потрошувачката на енергија за производство.

Фотографија од човек кој држи кутија со Alpha 7 IV
Фотографија од фотографско студио со логото Imaging Edge
Imaging Edge Desktop™ за функциите „Remote“, „Viewer“ и „Edit“

Подобрете ги вашите фотографии со апликациите Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во фотографии.

Спецификации и функции

Најновиот сензор, процесор за обработка и автоматски фокус основан врз AI, споени со најсовремената технологија за фотографирање и снимање, создаваат нови и динамички содржини. α7 IV е идеален хибриден уред што нуди прекрасни фотографии и видеоснимки, како и флексибилни опции за поврзување за моментално споделување на вашите слики.
  • Новосоздаден Exmor R CMOS-сензор за целосна слика со 33,0 MP и задно осветлување

  • Напреден процесор за обработка на слика BIONZ XR со 8x подобри перформанси за обработка

  • Сигурни функции за AF како AF на очи во реално време за луѓе, животни и птици

  • Снимање во 4K со 60p, можност за снимање со 10 бита и 4:2:2

  • Напредни функции за видео како активен режим, компензација за промени во фокусната должина и помош при AF

Тип на сензор
Exmor R CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика (35,9 x 23,9 мм)
Број на точки (ефективни)
Прибл. 33,0 милиони точки
ISO чувствителност (препорачан индекс на експозиција)
Фотографии: ISO 100-51200 (ISO-броевите од 50 до 204800 можат да се постават како проширен опсег на ISO), АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница), Видеоснимки: Еквивалент на ISO 100-51200 (ISO-броевите до 102400 можат да се постават како проширен опсег на ISO), АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница)
Вид на визир
Електронски визир (Quad-VGA OLED) од 1,3 см (тип 0 ,5)
Тип на монитор
TFT екран од 7,5 см (тип 3,0)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Корисниците велат