α1

THE ONE

Sony продолжува да ги надминува можностите на стандардните алатки за обработка на слика со иновативна технологија која нуди резолуција, брзина и интуитивно ракување. α1 нуди нови димензии на перформанси за обработка на слика и ефикасен работен процес, овозможувајќи му на корисникот нова креативна слобода.

Достапен е нов софтвер.
4 различни типови на објекти за слика
Галерија со фотографии од α1
Мисијата на α

Мисијата на α е да им даде моќ на креаторите на содржини да ги остварат нивните сништа. α1 е нејзината најмоќна алатка за изразување досега.

50 MP со 30 fps

Најновата технологија на Sony нуди досега незабележани брзини и резолуција за нови креативни можности и работни процеси. 

Велосипедист на свиок
Одлична комбинација од резолуција и брзина
Бранови удираат во карпи
Исклучителен квалитет на сликата
Лисица што гледа напред
Неспоредлив автоматски фокус
Снимање видеоснимки со α1
Неверојатни перформанси кај видеоснимките
Работа со компјутер во студио
Контрола и сигурност на секоја сцена
Снимање на отворено со α1
Ново работно решение за професионалните потреби
Резолуција и брзина
30 континуирани слики од велосипедист во трка
50,1 милиони точки до 30 слики во секунда

Моделот α1 нуди одлична комбинација на висока резолуција и неверојатна брзина. Брзото читање од сензорот со 50,1 MP овозможува континуирани слики до 30 fps со следење на AF и AE користејќи ја електронската бленда. Совршено за спортови или за ситуации каде што клучното дејство завршува за миг.

Серии на слики со и без затемнување
Фотографирање без затемнување за непрекинат приказ

Непрекинатиот приказ на субјектот без затемнување ви овозможува да реагирате моментално и непречено. EVF се ажурира заради минимално доцнење при континуирано фотографирање.
(A) Фотографирање без затемнување (B) Фотографирање со затемнување

Следење со AF/AE со 120 пресметки во секунда

Брзото вчитување преку сензорот овозможува AF/AE со 120 пресметки во секунда, дури и при секвенцијално фотографирање со 30 fps, за прецизно следење со AF. Доцнењето на AE е помало од 0,033 сек.
(1) Пресметки за AF/AE (2) 60 пати/сек. (3) 20 слики/сек.

Два елени во борба
Тивка бленда без вибрации

Тивката електронска бленда нуди одлични можности за фотографирање спортови и други субјекти каде што шумот не е пожелен. Ракувањето без вибрации придонесува за висок квалитет на сликата.

Примери на изобличување кај бленда со вртење
Бленда која спречува изобличувања

Сензорот со брзо читање го минимизира изобличувањето кај сликите кога се користи електронска бленда. Процесорот BIONZ XRTM и големата меѓумеморија постигнуваат 1,5x помало изобличување од α9 II.
[1] Стандардна електронска бленда  [2] Бленда без изобличувања

Одбојкар кој блокира, детектиран од автоматскиот фокус
Електронски и механички бленди без треперење

Повторно за првпат во светот: електронски и механички бленди без треперење. Добивате фотографирање без треперење под флуоресцентно/вештачко осветлување со сите придобивки од електронската бленда.
Заштита од треперење [1] ИСКЛУЧЕНО [2] ВКЛУЧЕНО

Exmor RS CMOS-сензор за слика
Exmor RS™ CMOS-сензор за целосна слика со 50,1 MP и вградена меморија

Изработката со подредена структура кај овој сензор за целосна слика со 50,1 MP и задно осветлување придонесува за висока резолуција и брзина. Посебните слоеви на точките и на струјните кола и напредната A/D-конверзија значат побрза обработка.

Процесор за обработка на слика BIONZ XR
Нова изработка и процесор за обработка на слика BIONZ XR

Новиот процесор BIONZ XR содржи напредна изработка која овозможува 8x поголема моќ на обработка. Резултатот е извонреден квалитет на сликата, како и подобар одзив на интерфејсот на фотоапаратот.

Напредни функции за блиц за повеќе опции за изразување
Портрет од модел
Синхронизација на блицот со електронската бленда

За прв пат кај фотоапарат α е можна синхронизација на блицот со електронската бленда благодарение на големата брзина на читање од сензорот CMOS со подредена структура. Сите предности на електронската бленда остануваат достапни при користење блиц.

Велосипедист на зајдисонце
Бленда со двоен погон за синхр. на блицот до 1/400 сек.

Првиот систем во светот за двоен погон на блендата овозможува синхронизација на блицот до 1/400 сек., за полесно доловување на брзите движења и пристап до нови креативни можности.

Неверојатни детали
Неверојатна резолуција и квалитет на сликата

Новиот Exmor RS CMOS-сензор со 50,1 MP нуди висока резолуција и чувствителност со мал шум, како и динамички опсег до 15 чекори. Новиот процесор за обработка на сликата постигнува уште подобра прецизност на боите од претходните модели.

Ноќен поглед на градот при слаба осветленост
Голем опсег на чувствителност од ISO100 ~ 32000

И покрај големиот број на точки на сензорот, структурата со задно осветлување со чипот без простор меѓу објективите и анти-рефлективниот слој на стаклото нудат стандарден опсег на ISO од ISO100~32000, со можност за проширување до ISO50~102400.

Слика од повеќекратното фотографирање со поместување на сензорот со RGB-бои
Повеќекратно фотографирање со поместување на сензорот

Со софтверот може да се комбинираат до 16 слики фотографирани со прецизната контрола на стабилизацијата на сликата за да создадете слики со најмногу 199 милиони точки за извонредна резолуција, боја и атмосфера.
[1] Обично фотографирање [2] 16 слики со поместување

Две слики од модел со различен профил на бои
Функцијата Creative Look ја поддржува креативноста

Функцијата Creative Look нуди 10 однапред поставени параметри што можат да се користат без менување или да се уредуваат за да создадете разни „изгледи“ што можат да им помогнат на авторите да го прилагодат тонот во нивните фотографии или видеоснимки.

Илустрација на стабилизација на слика со 5 оски
Оптичка стабилизација на слика со 5 оски и брзина со 5,5 чекори

Прецизноста, жироскопите и најновите алгоритми за стабилизација на сликата нудат поголема брзина на блендата со 5,5 чекори, овозможувајќи максимален квалитет на сликите со висока резолуција.
[1] Вртење [2] Закосување [3] Ротирање

Ненадминат автоматски фокус
Птица во лет со рамка за AF на лицето
AF на очи во реално време за птици

Технологијата за препознавање објекти ѝ овозможува на функцијата за AF на очи во реално време од Sony прецизно да ги фокусира очите на птицата, дури и ако птицата ненадејно полета или пак кадарот се промени. Оваа функција со леснотија одговара на предизвиците на фотографирањето птици.

Мечка со рамка за AF на окото
AF на очи во реално време за животни

Примарно изработена за мачки и кучиња, оваа функција содржи напредна технологија за препознавање на објектот за сигурно следење и фокусирање на животинските очи. Функционира дури и ако лицето на животното е наопаку.

Одбојкар со рамка за AF на окото
AF на очи во реално време

Во комбинација со модерната AI-технологија и напредните алгоритми за брзиот хибриден AF, автоматскиот фокус на очи во реално време во моделот α1 ги следи и се фокусира на човечките очи со приближно 30% поголема прецизност отколку α9 II.

Скијачки тркач со рамка за AF на главата
Следење во реално време

Изберете објект, притиснете ја блендата до половина и фотоапаратот автоматски ќе го следи објектот и ќе го одржува фокусот. Вклучете го приоритетот на AF на лицето/очите за беспрекорно AI-следење на човечките, животинските или птичјите очи.

Региони на сензорот за AF што ја покриваат речиси целата слика
Широко, брзо и прецизно следење на AF

α1 нуди откривање фаза во фокусната површина што е чувствителна, брза и прецизна. Сензорот со 50,1 MP и процесорот BIONZ XR нудат 759 изборни точки за откривање фаза што покриваат околу 92% од сликата.

Потенцијал за нови видеоснимки
Нова генерација на снимање во 8K со 30p

Новиот сензор за слика и процесорот BIONZ XR во α1 овозможуваат снимање видео во 8K(7680×4320) со 30p. Четири пати поголема резолуција од 4K и функции за континуирано следење во реално време и AF на очи во реално време. Снимките во 8K се идеално погодни за флексибилна обработка во 4K.

4K-видеоснимки со висока стапка на слики од 120 fps

Моделот α1 поддржува висока стапка на слики за внатрешно снимање на 4K-видеоснимки до 120 fps, за рамномерна и експресивна забавена репродукција до 5x. 10-битното хроматско семплирање 4:2:2 може да се користи со компресија Long-GOP или Intra (All-I) за неверојатен квалитет на сликата, а новиот сензор за слика и процесорот BIONZ XR го минимизираат изобличувањето на сликата.

Илустрација од прекусемплирана слика
4K, без соединување на точките, како и прекумерно семплирање во 5,8K

Во режимот Super 35 приближно 2,3x од податоците потребни за QFHD 4K се добиваат преку читањето на целосната слика без соединување на точките за прекрасна слика богата со детали.
(A) 2,3 пати повеќе информации

Традиционален јапонски танц
10-битно 4:2:2 хроматско семплирање

10-битното 4:2:2 хроматско семплирање, кодекот MPEG-H HEVC/H.265 со висока ефикасност и внатрешното кодирање подржуваат флексибилно уредување и разни завршни формати.

Рамка за AF на левото око на танчерот
AF на очи и следење во реално време за видеоснимки

Процесорот BIONZ XR содржи значително подобрено откривање, прецизно следејќи ги човечките очи при поширок опсег на агли на главата. Достапно за снимање во 8K и 4K 120p.

Пејзаж поделен на низок и на висок контраст
S-Log за компатибилност со професионални камери

Вклучени се S-Log2 и S-Log3. S-Log3 нуди рамномерни 10-битни градации и динамичен опсег од 15+ чекори. S-Gamut, S-Gamut3 и S-Gamut3.Cine просторот на бои е поддржан.

Две слики  со подолга и пократка стрелка кои укажуваат на различни времиња на производство
Поддршка за 10-битна 4:2:2 Hybrid Log-Gamma

HLG-видеоснимките со HDR ја поддржуваат широката палета на бои BT.2020 и може да се репродуцираат на HDR (HLG). 10-битни HLG-видеоснимки за градација и детали.
[1] Флексибилност за прилагодување слики (потребна е градација на боите) [2] Моментално снимање висококвалитетни слики (не е потребна градација на боите)

Надворешен USB-кабел приклучен во α1
Снимање во 16-битен RAW-формат

α1 овозможува пренос на излезен 16-битен RAW-сигнал кон надворешен снимач преку HDMI заради поголема флексибилност во обработката по снимањето. Пренос на RAW-формат преку HDMI е достапен при снимање во 4K на внатрешни картички.

Надворешен микрофон прикачен на α1
Дигитален аудио интерфејс за врвен звук

Дигиталниот аудио интерфејс нуди исклучителен квалитет на звукот кај компатибилните аудиоуреди поврзани преку приклучокот за повеќе интерфејси. Одличниот дигитален звук се испорачува директно до фотоапаратот.

Слика од внатрешната структура
Дисипација на топлина за подолго снимање

Новата структура за дисипација на топлината го спречува прегревањето за време на континуираното снимање без да ги зголеми димензиите на куќиштето. Снимајте 8K/30p и 4K/60p-видеоснимки континуирано до 30 минути

Филмски изглед со S-Cinetone

α1 ја има истата матрица на бои S-Cinetone што создава прекрасни бои и тонови на кожа како FX9, FX6 и други камери од палетата Cinema Line. S-Cinetone создава природни средни тонови што се неопходни за бои на кожа со природен изглед, како и меки бои и прекрасни светли тонови, што ги задоволува сè поголемите потреби за повеќе опции за изразување.

Стабилизација на слика во активен режим

Новиот активен режим наменет за снимање на видео ја прави оптичката стабилизација на слика со 5 оски високоефикасна при рачно снимање. Тој ја користи можноста за обработка во реално време на процесорот BIONZ XR за да примени оптимална компензација во сите формати, вклучувајќи го и 4K. Сето ова се постигнува без компромитирање на компактната големина и мобилноста на системот α.

Контрола, сигурност
Слика од електронскиот визир
Електронски визир со високи перформанси

OLED-визирот со 9,44 милиони точки (прибл.) во α1 ја нуди највисоката резолуција во индустријата во моментов. Тој има зголемување од 0,90x со видно поле од 41° за јасен и широк приказ, како и структура за висока точка на окото од 25 мм. Стапка на освежување од 240 fps со UXGA FOV, за јасен приказ на брзите движења.

Ски скокач
Фотографирање со електронска бленда

Користењето на електронската бленда при мали брзини на блендата може да го намали одзивот на екранот, отежнувајќи го следењето на брзи објекти. Вклучете [ограничување на ниска стапка на слики] за подобар одзив и фотографирање со поместување.

Слика од голфер со бела централна рамка
Префрлувајте од целосна слика во APS-C формати

Сликите со големини M и S го имаат истиот број на точки и AF во целосната слика и во APS-C, така што можете да се префрлувате помеѓу целосната слика [M:21MP] и APS-C [M:21MP] додека ја снимате истата сцена.
[1] Целосна слика [2] APS-C

Поставете го менито "Прилагодување за користење" со покажувачот на "Различни поставки за фотографии/видеоснимки"
Посебни поставки за фотографии и видеоснимки

Одредена подгрупа на поставки сега ќе се менува во согласност со избраниот режим. Ова е идеално кога сакате да користите различна решетка, брзина на бленда и други поставки за фотографии и видеоснимки.

Мени за "Снимање" со покажувачот поставен на "Квалитет на слика"
Нова структура на менито

Уште една поставка на барање на професионалните фотографи и видеографи: ревидирана структура на менито за полесна навигација, како и ракување на менито со допир за поинтуитивна контрола.

Мени за "Поставување за прилагодени копчиња"
Прилагодливи функции

164 функции може да се назначат на 17 прилагодени копчиња, како и на предното и на задното вртливо копче. Може да доделите независни групи на функции за фотографии, видеоснимки и репродукција.

Прст што го допира екранот на менито
Контрола на мени со допир

Главните менија на допир и менијата со функциите со картичките на левата страна на екранот и поврзаните параметри на десната страна ја олеснуваат навигацијата и контролата на следењето.

Преден приказ на фотоапаратот
Механичка бленда со голема сигурност

Вибрирањето на блендата е минимизирано овозможувајќи континуирани слики до 10 fps. Новата бленда со напреден мотор, сопирачка и придушувачи функционира добро и за повеќе од 500.000 циклуси.

Приказ на задната страна на фотоапаратот со две SD-картички
Два отвори за медиуми CFexpress Type A

Двата отвори за медиуми поддржуваат UHS-I и UHS-II SDXC/SDHC-картички, како и новите CFexpress-картички од тип A за поголем општ капацитет и поголеми брзини на читање/запишување.

Приказ на фотоапаратот од задна страна со две батерии Z
Батерија со голем капацитет од серија Z

Снимајте до 530 фотографии со едно полнење. Компонентите и електронските кола, исто така, се дизајнирани за оптимизација на потрошувачката на енергија. Добијте повеќе капацитет со две батерии Z во држачот VG-C4EM.

Слика од жиците на внатрешната структура
Дизајн со поголема отпорност на прав и влага

Заштитени се сите споеви на куќиштето и капакот за батерија. Отворите за медиуми имаат двоен лизгачки капак што спречува навлегување вода. Од голема помош се и копчето за заклучување на објективот и заптивката на приклучокот за монтирање објективи.

Технички цртеж од фотоапаратот
Издржливо куќиште од легура од магнезиум

Лесната и цврста легура од магнезиум ја зголемува издржливоста на горниот, предниот и задните капаци, како и внатрешната рамка. Шесте завртки на приклучокот за монтирање објективи уште повеќе ја зголемуваат цврстината и издржливоста.

Професионален работен процес
Користење на паметен телефон со α1
Најбрзата Wi-Fi во индустријата поддржува 2x2 MIMO

Вградениот безжичен LAN овозможува комуникација на појаси од 2,4 GHz и 5 GHz, вториот со поддршка за 2x2 MIMO (IEEE 802.11a/b/g/n/ac). Двете антени овозможуваат сигурна комуникација.

Приказ на левата страна на фотоапаратот каде што се гледа SuperSpeed USB-приклучокот
SuperSpeed USB 10Gbps (USB 3.2) Type-C®-приклучок

Приклучокот USB Type-C® што поддржува пренос преку USB 3.2 SuperSpeed USB 10Gbps овозможува брз далечински пренос на податоци преку компјутер, погоден за практично ракување со големите датотеки.

Приказ на левата страна на фотоапаратот каде што се гледа приклучокот за етернет 1000BASE-T
Етернет 1000BASE-T за брза комуникација

Вградениот приклучок за жично поврзување 1000BASE-T овозможува брз и стабилен пренос на податоци при брзини во гигабити. Достапна е поддршка за FTPS што овозможува шифрирање на податоците со SSL или TLS за поголема безбедност.

Поврзување на паметен телефон на α1
Разновидни опции за поврзување преку FTP

Прикачувањето фотографии и видеоснимки преку FTP и далечинската контрола на фотоапаратот може да се постигнат преку безжична LAN-врска, брза жична LAN-врска или преку USB-поврзување со паметен телефон. Видовите датотеки за пренос може да се одредат.

Фотографирање со α1
Пренос преку FTP на фотографии и видеоснимки

Фотографиите и видеоснимките може да се пренесуваат кон далечински FTP-сервер преку безжична LAN-врска, брза жична LAN-врска или преку жично поврзување со паметен телефон. Безжичниот пренос на податоците е приближно 3,5x побрз отколку кај α9 II.

Работа со компјутер во студио
Разновидни функции за далечинско фотографирање

Апликацијата Imaging Edge Desktop за десктоп компјутери може да се користи за далечинско фотографирање на компјутер преку безжична LAN-врска или преку жична USB-врска. Исто така, достапна е и далечинска контрола од мобилен уред.

Менито "Тип на датотека RAW" со покажувачот поставен на "Компресија без загуба"
Компресиран RAW-формат без загуба

Покрај компресираниот или некомпресираниот RAW-формат, моделот α1 нуди ефикасна компресија без загуба.

Менито "JPEG-квалитет" со покажувачот поставен на "Light"
Нова „Light“ големина на JPEG-датотеки

Поставувањето за нова „Light“ големина на JPEG-датотеките резултира со помали датотеки од стандардното поставување, овозможувајќи побрза испорака на вестите, што е особено погодно за спортските фотографи на кои брзината им е исклучително важна.

Планина и дрва
10-битен HEIF за порамномерни градации

HEIF-форматот нуди рамномерни 10-битни градации за пореалистична репродукција на небото и на портретите. Напредната компресија ја намалува големината на датотеките за подобрена ефикасност на работните процеси.

Опсег на корисни придружни апликации
Човек држи α1 и паметен телефон и лого на Imaging Edge Mobile
Imaging Edge Mobile

Апликацијата Imaging Edge Mobile сега овозможува пренос на RAW-датотеки и датотеки што користат компресија без загуба. Таа исто така може далечински да го контролира следењето со допир и фокусот на допир за практично ракување со AF.

Снимање на отворено со α1 и логото на дополнителната компонента Transfer & Tagging
Transfer & Tagging add-on

Дополнителната компонента Transfer & Tagging (вер. 1.3 или понова) може автоматски да ги конвертира гласовните белешки прикачени на сликите во текст или пак да ги пренесе датотеките кон FTP-сервер од мобилен уред.

Работа на компјутер во студио и лого на алатката Remote Camera tool
Remote Camera Tool

Менувајте ги поставките за фотоапаратот далечински и фотографирајте од компјутер поврзан преку LAN-кабел. Неколку подобрувања кај α1: побрз пренос, одзив на допир, два отвора и поддршка за HEIF и многу повеќе.

Студио за снимање со логото на Imaging Edge
Апликации Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги фотографиите со десктоп апликациите Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерот; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во фотографии.

Слика од фотоапарат и компјутер
Imaging Edge™ Webcam

Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.

Слика од брошурата за α1
Преземете брошура

Спецификации и функции

Одликувајќи се со нови функции и технологии, α1 нуди висока резолуција и врвна брзина во комбинација со чувствителност и динамички опсег што можат да ги реализираат замислите на креаторите. Сето ова е надополнето со професионални функции и работен процес што обезбедуваат фотографии и видеоснимки за нова ера на визуелна комуникација.
  • CMOS-сензор за целосна слика од 35 мм и 50,1 MP со подредена структура и вградена меморија

  • Напредниот процесор BIONZ XR ја зголемува брзината до 8x

  • Континуирано фотографирање до 30 fps со AF/AE со следење

  • Снимање во 8K 30p и 4K 120p

  • Широка покриеност на AF со 759 AF-точки за откривање фаза и 425 AF-точки за откривање контраст

Тип на сензор
Exmor RS CMOS сензор од 35 мм за целосна слика (35,9 x 24,0 мм)
Број на точки (ефективни)
Прибл. 50,1 милиони точки
ISO чувствителност (препорачан индекс на експозиција)
Фотографии: ISO 100-32000 (ISO-броевите од ISO 50 до ISO 102400 можат да се постават како проширен опсег на ISO.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница), Видеоснимки: ISO 100-32000 еквивалент, АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800, можност за избор на долна и горна граница)
Траење на батеријата (фотографии)
Прибл. 430 снимки (визир) / прибл. 530 снимки (LCD-монитор) (CIPA-стандард)
Вид на визир
1,6 см (тип 0,64) електронски визир (во боја)
Тип на монитор
7,5см (тип 3.0) вид TFT
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Оценки и награди

Корисниците велат