LCD

LCD екран
Стандардно црн TFT екран
Големина на сликата
5 вида
Агол на гледање
Прибл. 80° / Прибл. 80°
Ефикасна големина на сликата (прибл.) (ш × в)
110 мм × 61,9 мм (4 3/8 инчи × 2 1/2 инчи)
Резолуција
1.920 × 1.080 точки
Сооднос на сликата
16:9

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 139 мм × 100 мм × 23,1 мм (без испакнатите делови)
Тежина
270 гр. (само главниот уред)

Општи спецификации

Моќност
DC 6,8 V (батерии NP-FV50, NP-FV70, NP-FV100 од серија V на Sony), DC 7,2 V (батерии од серија M на Sony , батерии од серија W на Sony), DC 7,4 V (батерија NP-FV100A од серија V на Sony), DC 7,6 V (AC-PW10AM)
Потрошувачка на енергија
Прибл. 5,5 W
Температура на чување
Прибл. -20 °C до +60 °C

Интерфејс

Влез / излез
Влезен HDMI приклучок: HDMI (тип A) (1), влез за еднонасочна струја: DC 7,6 V, Излезна моќност на вградените звучници: Прибл. 0,5 W моно, Излезен приклучок за слушалки: Ø 3,5 мини стерео приклучок (1)

Други

Работна температура
Прибл. 0 °C до 40 °C

Што има во пакетот

  • Адаптер за приклучок (1)
  • Сенило за заштита од сонце (1)
  • Адаптер за батерија (1)
  • HDMI кабел (мини HDMI) (прибл. 45 см, тип A - тип C) (1),
  • HDMI кабел (микро HDMI) (прибл. 45 см, тип A - тип D) (1)
  • Футрола за носење (1)
  • Комплет отпечатена документација
Placeholder

Функции

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Компактни и компатибилни со Full HD

Дизајниран како совршена галантерија за компактни фотоапарати, CLM-FHD5 прикажува прекрасни Full HD слики со висока резолуција на поголем екран и служи како замена за визирите кај фотоапаратите со многу точки, така што може да го користите за прецизно фокусирање и прикажување прецизни детали.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Зголемете ја сликата за подобар приказ

Притиснете го копчето за ЗУМИРАЊЕ/ИЗБИРАЊЕ за да изберете еден од соодносите на зголемување од 1x, до 3x или до 6x. При зголемување од 3x или 6x, со помош на копчето за ЗУМИРАЊЕ/ИЗБИРАЊЕ (горе/долу/лево/десно) можете да ја поместите зголемената област во саканата положба заради прецизна проверка на фокусот.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Функцијата за изострување нуди моментална проверка на фокусот

Функцијата за изострување на мониторот прикажува црно-бела слика, а деловите кои се во релативно остар фокус се означени со црвена боја, за да можете веднаш да проверите дали фокусот е на соодветното место. Оваа функција е достапна и за зголемени слики, а за различни зголемувања се користат различни нивоа на изострување.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Функцијата за погрешни бои ја прикажува дистрибуцијата на нивоата на видео сигналот

Функцијата за погрешни бои ги прикажува нивоата на видео сигналите од целата влезна слика во форма на дистрибуција на бои за да им помогне на корисниците во прецизно поставување и прилагодување на нивоата на експозиција. Се користат шест бои - црвната означува 108% (ниво на видео сигнал) или повеќе, а виолетовата означува 3% (ниво на видео сигнал) или помалку.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Олеснете ја проверката за преголема/премала експозиција

Функцијата за означување ниво на видеоснимки обојува одредени нивоа на светлина во сликите за да добиете оптимална експозиција и тонови на кожата во зависност од нивото на видео сигналот што го избрал корисникот. Во однос на нивото кое го избира корисникот, темно сивата боја означува помало ниво на видео сигналот (делови со помала експозиција), а светло сивата боја означува повисоко ниво на видео сигналот (делови со поголема експозиција).

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Гледајте S-Log слики со природна светлина

S-Log Disp. Функциите за помош ги прикажуваат S-Log сликите со слична светлина и контраст како сликата која се појавува во стандарден режим на фотографирање, за полесно фокусирање и следење. Исто така, на корисниците им овозможува да ја прилагодуваат светлината додека сликите се прикажуваат во S-Log Disp. Assist (S-Log Disp. Assist Gain Adjustment).

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Се прикажуваат обележувачи за повеќе видови на телевизори

Изберете соодветни пропорции за кадарот кога снимате видеоснимки. Изберете кадар од 80% или 90% за да гледате во кој било од двата соодноси и погледнете како целосната слика ќе се отсече за да се прикаже на телевизор. Изберете еден од четирите поставки за приказ на обележувачи според конкретните услови за репродукција на снимениот материјал на телевизор: 80% (16:9), 90% (16:9), 80% (4:3) и 90% (4:3).

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Едноставна и прилагодлива контрола

Прилагодливите копчиња C1 и C2 нудат директен и лесен пристап до избор од осум често користени функции (изострување, погрешни бои, означување ниво на видеоснимки, јачина на звук, светлина, контраст, тонови на бои (фаза/нијанса), задно осветлување) за побрзо и поинтуитивно фотографирање со побрз одзив. Исто така, функциите за изострување и погрешни бои стандардно се доделени на C1 и C2 соодветно.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Доловете ја секоја нијанса со врвна прецизност

За да ја подобрите видливоста, прилагодете ја светлината, контрастот, тонот на боите, задното осветлување и температурата на боите (балансот на белата боја на екранот) на мониторот по ваша желба или според условите во кои снимате. Згора на тоа, функцијата за прегледување ќе ви овозможи да ги проверите ефектите добиени со вашите поставки пред да ги зачувате поставките.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Поголема компатибилност со повеќе брендови на фотоапарати

Само во некој идеален свет може да бидеме неразделни со фотоапаратите од Sony. Но, за да го направиме CLM-FHD5 попрактичен за користење од сечија гледна точка во реалниот свет, мониторот лесно може да се приклучи на различни фотоапарати (покрај тие од Sony) со HDMI приклучок за репродукција со висока резолуција и функција за прегледување во живо.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Потполна флексибилност во повеќе агли

Добијте прекрасен приказ од речиси секој агол. Адаптерот за приклучок во кој се приклучува мониторот се врти за 180 степени во лева и десна насока, а може и да се преклопи за 90 степени нанапред и наназад, така што мониторот може да се врти и поместува слободно и прецизно, независно дали е поставен на статив, носач или друга стабилна потпора.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Прицврстете ја положбата

Отворите на горната и долната страна ви овозможуваат да го прикачите мониторот како што ќе посакате (на пример, со завртки) на статив, носач или друга стабилна потпора, за да ја добиете сета слобода која ви е потребна за сигурно и безбедно поставување на мониторот и да можете да го гледате од речиси секоја положба и во секоја ситуација.

Слика од LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5

Слушнете добро

Одличниот приказ не е сè што нуди CLM-FHD5. Слушнете го јасно звукот што се снима или бил снимен заедно со видеоснимките со приклучување слушалки во приклучокот за слушалки на мониторот или слушајте преку вградениот моно звучник на мониторот.