LCD екран со можност за прикачување CLM-FHD5
За оптимална поддршка при фотографирањето
LCD мониторот CLM-FHD5, со функции како зголемување и изострување за прецизно фокусирање, погрешни бои и означување на ниво на видеоснимки за помош при прилагодувањето на експозицијата, и S-Log Disp. Assist за извонредно сигурно фотографирање, користи ист вид на батерии како и фотоапаратите за попрактично користење на терен.
Со поддршката за Full HD (1920 x 1080), CLM-FHD5 прикажува остри слики и овозможува прецизно проверување на фокусот.
CLM-FHD5 ги прикажува сликите со неверојатни детали и располага со многубројни функции кои ќе ви помогнат да добиете одлични фотографии и видеоснимки и ќе ви овозможат да фокусирате прецизно, да правите експозиција на сликите каква што посакувате, да погледнете што точно се снима со слики со мал контраст и многу повеќе.
За да го проверите фокусот, зголемете го стандардниот приказ за 3x или 6x или, пак, искористете ја функцијата за изострување за автоматски да одредите кои делови од сликата се релативно остро фокусирани.
Ви овозможува зголемување на сликите до 3x или 6x.
Прикажува црно-бела слика, освен фокусираните делови кои се во црвена боја.
Функцијата за погрешни бои ги прикажува нивоата на видео сигналите од целата влезна слика во форма на дистрибуција на бои за да ви помогне во прецизно поставување на експозицијата.
Означувањето ниво на видеоснимки користи бои за да предупреди кога некои површини од влезната слика имаат преголема/премала експозиција во однос на нивото на целниот видео сигнал кој ќе го изберете (достапни се пет нивоа на видео сигнали).
Оваа функција ја прикажува S-Log сликата со слична светлина и контраст како сликата која се појавува во стандарден режим на фотографирање, за полесно фокусирање и следење.
Флексибилниот приклучок за галантерија овозможува слободно поместување и закосување на мониторот. Или, пак, искористете ги отворите на горната и долната страна на мониторот за да го прикачите мониторот на статив, носач или друга потпора.
Приближно 180 степени и во двете насоки.
Приближно 90 степени и во двете насоки.
Прицврстете го мониторот со завртки на стабилна потпора низ отворите на горната и долната страна.
Контролите на мониторот, вклучувајќи ги и двете прилагодливи копчиња, се позиционирани за полесно ракување со мониторот. Копчето за ЗУМ/ИЗБОР, на пример, е лесно достапно во аголот.
На копчињата C1 и C2 може да им се доделат често користени функции.
1. Моно звучник / 2. Копче ЗУМ/ИЗБОР / 3. МЕНИ / 4. и 5. Приклучоци за статив
6. Приклучок за слушалки / 7. HDMI (тип A) / 8. Влез за еднонасочна струја
Мониторот ги користи истите батерии од серија W, M и V како и фотоапаратите, за да можете да снимате подолго без потреба да носите специјални батерии. Достапен е и изборен AC адаптер кој е практичен за долготрајно користење без батерии.
1. AC адаптер AC-PW10AM / 2. NP-FW50 (до 60 мин.) / 3. NP-FM500H (до 120 мин.) / 4. NP-FV50 (до 50 мин.) / 5. NP-FV70 (до 130 мин.) / 6. NP-FV100A (до 300 мин.)
Спецификации и функции
Што има во пакетот
Адаптер за приклучок (1), Сенило за заштита од сонце (1), Адаптер за батерија (1), HDMI кабел (мини HDMI) (прибл. 45 см, тип A - тип C) (1),, HDMI кабел (микро HDMI) (прибл. 45 см, тип A - тип D) (1), Футрола за носење (1), Комплет отпечатена документација